Д-р Даниловски: Тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаи
2Д-р Даниловски: Тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаи
БалканВо Косово уапсен македонски државјанин со над шест килограми хероин, вреден 150 илјади евраКосовската полиција соопшти дека вчера уапсила државјанин на Македонија кај кого се пронајдени над шест килограми дрога хероин кој бил наменет за продажба.Косовската полиција соопшти дека вчера уапсила државјанин на Македонија кај кого се пронајдени над шест килограми дрога хероин кој бил наменет за продажба, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на полицијата се наведува дека Дирекцијата за истраги на трговија со наркотици при полицијата во Приштина, во соработка со локалните безбедносни институции, „на 21.08.2024 година, по интензивна истражна работа на терен, презеде оперативни мерки, при што е идентификувано лице државјанин на Македонија, за кое се сомничи дека поседувал, подготвен за продажба, наркотична супстанца од типот хероин“. Од полицијата велат дека хероинот на осомничениот му го донеле други две лица, кои потоа со автомобил го напуштиле местото на настанот. Вредноста на запленетиот хероин е околу 150.000 евра. - По интервенција на косовската полиција, кај пријавениот се пронајдени шест пакувања со сомнителна наркотична супстанца од типот хероин со вкупна тежина од 6.137,6 грама (шест килограми и 137 грама), при што вредноста на сомнителната наркотична супстанца која е одземена се проценува на околу 150.000 евра, соопшти полицијата. Како материјален доказ се одземени два телефони, автомобил и 4.305 денари. Осомничениот бил приведен на разговор во присуство на бранител и со решение на државен обвинител одреден му е 48 часовен притвор, додека по другите две лица полицијата трага.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)Најмалку 34 рудари загинаа во четврток откако експлозија закопа дел од комплекс од рудник за јаглен во покраината Белуџистан во Пакистан, соопштија официјални лица.Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот министер за рудници и минерални ресурси, Шоаиб Ношервани, претходно изјави за Ројтерс дека 36 лица биле во урнатиот дел од рударскиот комплекс кога се случила експлозијата. Спасувачките екипи работеле на длабочина од околу 1.200 метри, изјави Мухамед Атиф, главен инспектор за рударство во покраината. Висок регионален службеник за рударство, Абдул Гани Балох, изјави дека „два меѓусебно поврзани рудници се оштетени во силна експлозија на метан“. Експлозијата се случила во Соранге, оддалечена област во близина на Квета, главниот град на покраината Белуџистан.Тагови: Пакистан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ЗабаваЏорџина објави снимка со Роналдо- сите гледаат во нивните прстени (ФОТО)Џорџина Родригез и Кристијано Роналдо во последните денови беа видени како носат впечатливи дијамантски прстени, што повторно ги разгоре гласините дека ќе се венчаат овој викенд. Португалските медиуми објавија дека церемонијата наводно е закажана за сабота во имотот Кинта да Регалеира во Синтра. Сепак, оваа информација сè уште не е потврдена, а многумина се сомневаат во нејзината веродостојност бидејќи, според достапните информации, локацијата е отворена за посетители во текот на викендот, пишува Дејли Меил. Прстенот привлече внимание Двојката беше фотографирана како се качува на јахтата на Роналдо на Мајорка во вторник, двајцата носејќи впечатливи прстени. Џорџина, исто така, објави фотографии на Инстаграм на кои таа и Роналдо носат ист накит додека влегуваат во приватен авион. Роналдо го носи својот прстен од минатата година. Првпат привлече внимание со него за време на посетата на тогашниот американски претседател Доналд Трамп, а го носеше и за време на Светското првенство претходно овој месец. Тој и порано зборуваше за свадба Новите шпекулации следат по претходната објава на Роналдо дека планира да се ожени со Џорџина по Светското првенство оваа година, на кое Португалија беше елиминирана во осминафиналето од Шпанија. Во разговор со Пирс Морган, тој рече: „Се надевам дека ќе дојдам на свадбата со победничкиот трофеј“. Додаде дека е целосно сигурен во својата одлука. „Ќе се оженам со неа затоа што верувам дека е вистинско време. Не само затоа што таа е мајка на моите деца, туку и затоа што е личноста што ја сакам најмногу“. View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) Спонтано запросување Двојката се сврши во август минатата година по осум години врска, а Џорџина објави на Инстаграм: „Да, да“. Роналдо подоцна откри дека запросувањето воопшто не било планирано за тој момент. „Беше околу еден часот наутро. Моите ќерки спиеја. Мојот пријател ми даде прстен да му го дадам на Џио, и токму кога ѝ го подавав, две од моите деца влегоа и рекоа: „Тато, ќе ѝ дадеш прстен на мама и ќе ја замолиш да се омажи за тебе“, му рече тој на Пирс Морган. „Помислив: „Ова е совршениот момент“. Знаев дека еден ден ќе ја запросам, но не планирав да биде токму тогаш“. Фудбалерот додаде дека долго време избирал прстен. „Таа постојано ме прашуваше за прстен бидејќи нејзиниот сон беше да има прекрасен дијамант. Работев напорно и конечно најдов еден што ѝ се допаѓа.“ View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) Семејство и почеток на врската Роналдо и Џорџина ги имаат ќерките Алана и Бела. Братот близнак на Бела, Анхел, почина кратко по раѓањето. Фудбалерот ги има и близнаците Ева Марија и Матео, кои ги доби со помош на сурогат мајка, и најстариот син Кристијан Џуниор од претходна врска. Двојката се запознала во 2016 година во Мадрид, каде што Џорџина работела како продавачка асистентка во продавницата на Гучи. Роналдо ја забележал таму за прв пат.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Добредојде во Охрид за српскиот премиер Ѓуро Мацут!Попладнево во Охрид го пречекав премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во посета на нашата земја.Домаќин на посетата е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на политичкиот дијалог и продлабочувањето на економската соработка меѓу двете земји. Охрид, како град со исклучително историско, духовно и културно значење, претставува мост меѓу двете земји и соодветно место за средба посветена на пријателството, добрососедството, регионалната стабилност и соработката, објави на ФБ министерот Тимчо Муцунски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter