Во Корча отворена изложба на фотографии "Пустец, природа, наследство, живот" - Канал 5

Во Корча отворена изложба на фотографии "Пустец, природа, наследство, живот"

Во уметничката галерија „Гури Мади“ во Корча, отворена  е изложба на фотографии на тема „Пустец, природа, наследство, живот“, што претставува визуелно патување низ Преспа и меѓу македонската заедница во Пустец.

Во Корча отворена изложба на фотографии "Пустец, природа, наследство, живот"

Во уметничката галерија „Гури Мади“ во Корча, отворена е изложба на фотографии на тема „Пустец, природа, наследство, живот“, што претставува визуелно патување низ Преспа и меѓу македонската заедница во Пустец, преку објективот на уметникот Роланд Беќирај, објави електронското издание на весникот "Македониум".

Изложбата ѝ нуди на публиката автентични портрети, впечатливи пејзажи и посебни детали од традицијата и културата, кои го отсликуваат духот, секојдневниот живот и идентитетот на македонската заедница во Пустец.

Преку фотографиите, посетителите имаат можност поблиску да се запознаат со природното и културното наследство на овој особен дел од Преспа.

Изложбата е реализирана од Центарот "КАЗУС" во рамките на проектот „Македонското малцинство во Пустец, наследство од генерација на генерација“, со поддршка на Агенцијата за поддршка на граѓанското општество.

На настанот присуствуваа и претседателот на округот Корча, Петрика Толкучи, како и заменик-градоначалникот на Општина Пустец, Атанас Плоча.

И двајцата ја истакнаа важноста на ваквите иницијативи за зачувување и промоција на културното наследство и идентитетот на македонското и другите малцинства во Албанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство

Со средби со конгресмени, премиерот Мицкоски ја почна посетата на Соединетите Американски Држави..

Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство

Мицкоски прво оствари средба со претседателот на Поткомитетот за Европа во комитетот за надворешни работи на претставничкиот дом на САД, Кит Селф, а на средбата како што информира Мицкоски на фејсбук, разговарале за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката.

На средбата со конгресменката Клаудија Тени, инаку копретседавач на македонската група за пријателство во конгресот на САД, се разговарало за традиционално силните и пријателски односи меѓу двете земји, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето денес според Управата за хидрометеролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Сончево со мала до умерена локална облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен.

УХМР најавува дека до сабота ќе се задржи стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Нема активни пожари, по контрола се двата во Јасен и Новаци

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои два се под контрола, а 14 се целосно изгаснати. 

ЦУК: Нема активни пожари, по контрола се двата во Јасен и Новаци

Во моментов нема активни пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола се пожарите кај селата Белица и Јасен, како и кај Рапеш и Маково во Општина Новаци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер