Во Конгресот на САД е постигнат договор за зголемување на лимитот за задолжување

Денескае постигнат договор во Конгресот на САД за зголемување на лимитот на задолжување, објави шефот на демократите Чак Шумер.

Со тоа се избегнала потенцијално катастрофалната ситуација во која државата не може да ги плати доспеаните обврски.

„Имам добри вести, постигнавме договор за зголемување на лимитот на задолжување“ до декември, рече Шумер.

Договорот, постигнат по долги преговори со републиканците, ќе и овозможи на првата светска економија да избегне да се најде на 18 октомври во ситуација кога не може да ги плати обврските.

Според Министерството за финансии, на 18 октомври земјата би се нашла во ситуација да не може да ги плати долговите.

Лимитот на американскиот долг е фиксиран на нешто повеќе од 28 милијарди долари.

Соединетите држави веќе го подигнаа тој познат лимит во многу наврати, така што земјата нема да остане без пари.

Меѓутоа, под претседателот Барак Обама, републиканците почнаа да го користат ова прашање како инструмент за политички притисок, наведува Франс прес.

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

Францускиот парламент ќе ја испита сексуалната злоупотреба во киното

Францускиот парламент денеска се согласи да формира истражна комисија за да ги испита актите на сексуална злоупотреба и напади во киното и другите културни сектори по неколку неодамнешни обвинувања.

Националното собрание, или Долниот дом, едногласно се согласи со предлогот изнесен од актерката Џудит Годреше, која ги обвини режисерите Беноа Жак и Жак Дојон дека сексуално ја нападнале кога била тинејџерка. И двајцата ги отфрлија обвинувањата. /МИА

притисни ентер