Во конфликтот со Иран досега ранети околу 200 американски војници, десет од нив со тешки повреди - Канал 5

Во конфликтот со Иран досега ранети околу 200 американски војници, десет од нив со тешки повреди

Американската армија синоќа соопшти дека од почетокот на конфликтот со Иран досега има околу двеста ранети војници од своите редови, од кои десеттина со тешки повреди.

Во конфликтот со Иран досега ранети околу 200 американски војници, десет од нив со тешки повреди

Портпаролот на американската воена команда во регионот, Тим Хокинс, изјави дека десет од повредените се категоризирани како „тешко ранети“. Тој во објавата на платформата „Икс“ посочи уште дека повеќе од 180 од повредените имале лесни повреди и дека веќе се вратени назад на должност.

Хокинс рече дека повредените војници биле распоредени на служба во Израел, Саудиска Арабија, Бахреин, Обединети Арапски Емирати, Кувајт, Ирак и Јордан.

Пентагон пред една недела пријави околу 140 повредени војници.

Според официјалните податоци, од 28 февруари кога започнаа американско-израелските напади врз Иран животот го загубиле 13 припадници на американските вооружени сили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сведоштво на градежен инвеститор: Мајката на судијата Ристов уплатила над 400.000 евра за неизградени станови

Нови речиси 400 илјади евра се појавија во доказната постапка против апелацискиот судија Ѓоко Ристов.

Сведоштво на градежен инвеститор: Мајката на судијата Ристов уплатила над 400.000 евра за неизградени станови

Денес сведочеше градежен инвеститор кој твредеше дека неговата мајка, Донка Ристова, уплатила над 400 илјади евра за четири станови. Дел од тие пари подоцна таа ги барала назад, но не и биле вратени.

-Се договоривме со тетка Донка да купи 4 стана во вкупна површина од 250 квадрати. Во јануари склучивме договор кај нотар и таа уплати износ. Уплати околу 400.000 евра на сметка. Во април пак ми се јави, малку уплашена беше околу документацијата. И кажав бавно оди но ќе се среди. Ми рече ако може барем дел од сумата да ѝ вратам, но јас веќе ги инвестирав понатаму тие пари. Уплатената сума си остана.- Круме Апостолов – сведок

Според обвинителството, во истрага било тврдено дека дел од парите уплатени за становите биле вратени поради доцнење на изградбата и дека токму тие средства биле пронајдените 350 илјади евра. Но финансиската документација и сведокот, како што велат од обвинителството, покажале поинаку.

-Но, тоа се покажа како лага. Обвинетите имаат право и да лажат, меѓутоа ние мора тоа да го потврдиме и да го изнесеме јасно и гласно пред јавноста. Постои документација за уплата на сметка, а и сведокот денес потврди дека такво нешто не се случило. Уплатените пари никогаш не се вратени кон уплатувачот — мајката на обвинетиот.- Искра Хаџи Василева – Обвинител во ОЈО ГОКК

Обвинителството тврди дека овие 400 илјади евра биле стекнати преку продажба на земјоделско земјиште, кое претходно било пренаменето за изградба на фотоволтаици, со што значително му се зголемила вредноста. И тие пари биле искористени за купување на станови.

За одбраната парите кои ги уплатила мајката не го поврзуваат со обвинетиот судија Ѓоко Ристов.

-На наше прашање на одбраната дали Ѓоко Ристов има некаква врска со ова и дали некогаш комуницирал, одговорот беше „не“. Истиот не знаеше по кој кривично-правен настан, односно предмет се наоѓа во судницата, го слушнавте и тоа. Така да, секој мој коментар понатаму е излишен, тоа е само мое мислење, ова во судницата го слушнавме и беше предложено од обвинителството. - Звонко Давидовиќ – Адвокат на Ѓоко Ристов

На денешното рочиште беа презентирани и телефонски разговори на судијата Ристов со лице од друг предмет како дел од ПИ мерките. Обвинителката објасни дека во нив е идентификувана сопругата на судијата која договарала средба меѓу Ѓоко Ристов и лице кое е роднина на првообвинет во друг предмет што се водел пред истиот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Намален бројот на нови случаи на западнонилска треска, 19 пациенти сè уште се хоспитализирани

Епидемилошката состојба со нилската треска се смирува, бројот на ново заразени се намалува, мерките даваат голем резултат, изјави министерот за здравство Клековски. 

Намален бројот на нови случаи на западнонилска треска, 19 пациенти сè уште се хоспитализирани

Министерот посочи дека во периодот по 24 август се регистрирани три потврдени и два непотврдени случаи, со вкупно пет хоспитализации. Тоа е помалку во однос на претходните три недели, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Од клиниката за инфективни болести објаснуваат дека двајца пациенти се во потешка здравствена состојба.

Министерот на пресот објави дека Македонија може да ја очекува и епидемија на морбили ситни сипаници. Во соседно Косово и Бугарија се зголемува бројот на заразени деца со морбили кои не биле вакцинирани. Во Македонија опфатот на вакцина е 62% што е недеволно за колективен имунитет.

Министерот објаснува дека пронајдена е мртва птица гавран и е потврдена нилската треска во близина на драмскиот театар во општина Карпош. Министерот апелира граѓаните да не пријавуваат мртви распадната птици и да пријавуваат мртви гаврани. Од нилската треска потврдени се 55 случаи со нислка треска, шест починаа од комплиакции. Според статистиката починатите се мажи над 60 годишна возраст.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тринаесетгодишно дете избодено со нож во крвава тепачка во Чаир – неговата состојба е критична

13-годишно дете прободено во срцето се бори за живот на КАРИЛ на скопските клиники по групна крвава пресметка во скопски Бутел.

Тринаесетгодишно дете избодено со нож во крвава тепачка во Чаир – неговата состојба е критична

Во тепачката што се случила синоќа на улицата 10 околу 22 часот, учествувале петмина, меѓу нив имало двајца 13 годишници, еден на 16 години и двајца на 19 годишна возраст. Двајца од нив се со сериозни повреди.

-Токму на ова место се сличила крвавата пресметка, а за нејзе остана да сведочи крвта која е насекаде на асфалтот.

По приемот, на момчето веднаш му била извршена интервенција, но состојбата и натаму е исклучително критична – со тешки повреди поминало уште едно лице, 19 – годишник, кој бил во истата група со најтешко поврденото момче.

-Имаме 13-годишно дете, погодено со нож во Чаир, детето е оперирано вчера, меѓутоа како што има директен убод во срцето е на интензивна нега и во критична состојба. Нашите мисли се со него, но сега е надвор од тоа што може медицината во моментот да направи.- Сашо Клековски – Министер за здравство

Полицијата набргу по настанот ги пронашла сторителите, а 13 годишно момче од соперничката група признало дека со нож го повредило својот врсник. Сепак, според информации на Канал 5 од истрагата, постојат сериозни индиции дека зад крвавиот напад всушност стои 19-годишник, кој е задржан во полициска станица, а кој поради полнолеството подлежи на кривична одговорност, па затоа малолетникот, ја презел одговорноста на себе. Министерот Тошковски потврди дека сите петмината учесници во тепачката се обезбедени од страна на МВР.

-Сите оние кои се учесници во рамки на предметниот кривично-правен настан се обезбедени од страна на МВР. Страшна е пораката до младите од овој кривично правен настан, за жал вакви ужасни сцени, од аспект на кривични дела се предизвик не само за една балканска држава како Македонија, туку и за огромни, големи и развиени држави, членки на ЕУ, станува збор за на ужасно насилни кривични дела од страна на малолетници. Како општество мора подлабоко да навлеземе, мора еден поширок институционален одговор и од надлежните министерства и од сите останати.- Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи

По увидот, полицијата одзела три ножа и еден палка, а од обвинителството за Канал 5 велат дека сите мерки за расчистување на случајот се преземени и дека се работи на утврдување на причините кои довеле до физичката пресметка со сериозни последици.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер