Во Комисијата за надворешни работи во ЕП се очекува да се гласа по амандманите на Извештајот за Македонија - Канал 5

Во Комисијата за надворешни работи во ЕП се очекува да се гласа по амандманите на Извештајот за Македонија

По Бугарско-грчката амандманска офанзива, во комисијата за надворешни работи на европскиот парламент попладнево се одржува првото вистинско политичко одмерување на силите околу извештајот за Македонија. 

Во Комисијата за надворешни работи во ЕП се очекува да се гласа по амандманите на Извештајот за Македонија

Иако пред европратениците се над 400 амандмани на извештајот подготвен од еврорпатеникот Томас Вајц, сепак дел од нив се очекува да бидат преточени во компромисни амандмани договорени меѓу политичките групи.

Најголемиот дел или околу стотина се од бугарските европратеници, кои во документот бараат да се додадат дополнителни обврски за земјава на евроинтегративниот пат. Во нив меѓудругото се бара Европската Комисија во годишниот извештај за Македонија да вклучи посебен дел за оценка на спроведувањето на договорите со Грција и Бугарија, како и спроведување на уставните измени. Дополнително, се повикува Комисијата да го следи и оценува напредокот во спроведувањето на заклучоците и препораките од историската комисија.

Амандман 143 поднесен од Андреј Ковачев

Ја повикува Комисијата да вклучи во својот годишен извештај за Македонија, посебен и периодичен дел за проценка на спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција, вклучувајќи јасни одредници, временски рокови и евалуација на мерливиот напредок во нивното спроведување.

Меѓу клучните амандмани е и тој на известувачот за Македонија Томас Вајц во кој се повикува правната служба на Европскиот Совет итно да ги расчисти сите нејаснотии за вториот билатерален протокол со Бугарија и да ги спречи билатералните прашања да го попречуваат напредокот на земјата.

Амандман 108 поднесен од Томас Вајц

Ја повикува правната служба на Советот итно да ги разјасни сите двосмислености околу правниот статус на вториот билатерален протокол кон Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји во врска со процесот на пристапување.

Од кабинетот на Вајц за Канал 5 велат дека за разлика од компромисните, амандманот на австрискиот европратеник ќе биде гласан поединечно. Токму Вајц во интервју за Канал 5 посочи дека очекува неговиот предлог да помине, но како што додаде, тоа ќе зависи од договорите со политичките групи.

-Најпрво, ова е правно прашање. Не станува збор ниту за тоа дали јас фаќам нечива страна, без разлика дали едната или другата интерпретација е вистинската. Но, фактот што има различни интерпретации и нема целосна јасност од страна на Советот на ЕУ ме мотивираше да го предложам овој амандман. Тој се уште е во текстот, да видиме дали ќе ги преживее и конечните преговори. Можеби, ќе го модификуваме дополнително, но потребна ни е јасност за тоа што ЕУ очекува од С. Македонија да исполни?- - Томас Вајц – Европратеник (28.04.2026).

Покрај бугарските инаку, поднесени се и серија на амандмани од грчките европратеници во кои се се осудува употребата на името „Македонија“ во земјава, а дополнително се оспоруваат и формулациите „македонски граѓани“ и „македонски народ“ со предлози тие да бидат заменети со „граѓани на Северна Македонија“ или „Скопје“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?

Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската Унија? 

Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?

Кој е клучниот предуслов за продолжување на евроинтегративниот процес? Ваквото прашање се наметнаува откако преиеирот Мицкоски од Берлинскиот процес порача дека за деблокада на европскиот процес потребно е прво да се договори Акцискиот план за малцинства со Бугарија, па потоа да се разговара за уставните измени. За отворање на првиот кластер од преговорите неопходни се и двата чекори, смета Димитар Николовски од Центарот за европски стратегии. Според него дури и да се донесат уставните измени, Бугарија како единствената од сите 27 земји членки која не го поддржува ваквиот план повторно ќе може да ја блокира Макдонија на патот кон ЕУ.

„Двата процеси мора да одат паралелно или барем едниот процес т.е. Акцискиот план кој сметам дека би било полесно да се донесе затоа што не подлежи на политички консензус внатре во државата и тој би било полесно да се донесе прв, па потоа уставните измени. Меѓутоа доколку уствните измени се донесат без акцискиот план ние повторно ќе се соочиме вето за отворање на првиот кластер“

Најголемите забабелешки од бугарска страна за Акцискиот план за правата на малцинствата беа во однос на јазикот на кој им бил доставен на заедниците во Македонија, но и дека не предвидувал доволно заштита на бугарското малцинство во земјава, вели Николовски. Според него донесувањето на Акцискиот план, кој е подготвен во соработка со европски експерти, а за чие усвојување се чека зелено светло од Брисел, осносно согласност од соседна Бугарија, може да донесе и поголема предвидливост на пристапниот процес.

„Акцискиот план опфаќа неколку области како правото на здружување, недискриминација, заштита од говор на омрза, обраование каде што би се зајакнале правата на заедниците во нашата држава и би биле поконкретизирани, многу од нив веќе се спроведуваат како мерки, меѓутоа ова би било еден европски документ за заедниците. Од страна на бугарските здруженија во нашата држава беа приложени неколку критики кои беа генерално во насока дека недоволно имаат заштита, дека недоволно имало консултации додека се носел нацрт-планот и исто така имаат очекувања да има посебни мерки за посебни заедници, односно бугарската заедница да се третира на некаков посебен, специјален начин, а не сите заедници на општ начин како што се во овој момент во нацрт акцискиот план за малцинства“

Додека Мицкоски повикува на усогласување на Акцискиот план со Бугарија пред да се разговара за следните чекори во пристапниот процес, Брисел ја повторува пораката дека за придвижување на процесот останува само еден чекор – а тоа е промената на Уставот. Еврокемсарката Кос по средбата со мистерот Беким Сали во Брисел уверува дека откако ќе бидат усвоени уставните измени ќе следува продолжување на пристапниот процес без дополнителни политички одлуки. Ваквите пораки доаѓаат во пресрет на разгледувањето на Извештајот за напредокот на Македонија кој во среда ќе биде презентиран во Европската комисија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Кичево: ЗНАМ не бара алиби, туку полага отчет-резултатите се вистинската политичка легитимација!

Политиката не е натпревар во ветувања, туку одговорност за секоја одлука и за секој резултат. 

Димитриевски од Кичево: ЗНАМ не бара алиби, туку полага отчет-резултатите се вистинската политичка легитимација!

Со оваа порака, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска во Кичево ја продолжи серијата панел-дискусии посветени на отчетот за изминатите две години, под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“.

„На средината од мандатот, ЗНАМ излегува пред граѓаните со сеопфатен отчет за работата на своите избрани и именувани функционери, преточен во посебна отчетна публикација. Граѓаните имаат право да знаат што е сработено, кои обврски се исполнети и какви резултати се постигнати. Отчетноста не е обврска само пред избори, туку секојдневна одговорност кон оние што ни ја дале довербата“ истакна претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Тој нагласи дека зад отчетот стојат конкретни активности и политики што треба да донесат промени во секојдневието на граѓаните, од повеќе од 1.200 капитални проекти во општините, преку изградбата и унапредувањето на патната инфраструктура и Коридорите 8 и 10, до линеарното зголемување на пензиите и растот на платите во повеќе сектори. Зад бројките, како што посочи, мора да стојат реални резултати, подобри услови за живот и поголема сигурност за граѓаните.

„Не бараме доверба врз основа на убаво изговорени зборови. Довербата се оправдува со работа, со одлуки и со резултати што луѓето можат да ги препознаат. Затоа сме меѓу граѓаните и денес, затоа ќе продолжиме да разговараме отворено и да одговараме за нашата работа. Македонија се сака со дела, а политичката одговорност се докажува токму така“ порача Димитриевски.

На панел-дискусијата се обратија и Весна Бендевска, потпретседател на Собранието и потпретседател на Движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини и претседател на Градската организација на ЗНАМ,како и др.

Злате Мехмедовиќ, директор на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација и член на Извршниот одбор на ЗНАМ. Дискусијата ги опфати резултатите и предизвиците во здравството, енергетиката, законодавниот процес и функционирањето на институциите, со посебен акцент на одговорноста за преземените обврски.

Движењето ЗНАМ ќе продолжи со отчетните средби низ државата, отворено разговарајќи со граѓаните за сработеното, за предизвиците и за она што допрва треба да се реализира.

Затоа што отчетот не е крај на една работа, туку обврска да се продолжи уште посилно, со јасни цели, конкретни решенија и одговорност за секоја преземена обврска. Најважно е резултатите да се чувствуваат таму каде што се најпотребни, во секојдневниот живот на граѓаните.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува хаосот во Тирана: Запалени контејнери, водени топови и камена маса за дијалог на Рама (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија (ДП) денеска фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана.

Продолжува хаосот во Тирана: Запалени контејнери, водени топови и камена маса за дијалог на Рама (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија (ДП) денеска фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана, а за време на собирот пред министерството, каде што беше најавен и студентски протест, демонстрантите запалија контејнери, објави Коха.

Полицијата одговори со употреба на водени топови за да ја растера толпата.

Контејнер за ѓубре се запали додека демонстрантите фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Албанија, во време кога протестите што ги повикаа студентите почнаа да стануваат тензични.

Според Коха, полицијата употребила и гумени куршуми.

Поддржувачите на ДП претходно запалија столчиња пред зградата на албанската влада што ја постави албанскиот премиер Еди Рама како повик за дијалог со студентите.

Според албанскиот „Еуроњуз“, протестот на ДП се одржува како знак на солидарност и поддршка на протестите предводени од студентите, кои траат веќе 12 дена. Фото: Танјуг/АП

Порано денес, албанскиот премиер Еди Рама повторно повика на дијалог пред најавените студентски и граѓански протести во Тирана и други албански градови.

Рама објави видео на Фејсбук на кое се гледа камена маса пред неговата канцеларија со хартии на кои пишува „дијалог“.

Рама во последните денови поставува столчиња и клупи пред својата канцеларија, поканувајќи ги студентите на дијалог, но тие ги отфрлија повиците.

Во Албанија веќе 12 дена се одржуваат протести предводени од студенти, кои започнаа поради незадоволство од состојбата на образованието, високите трошоци за студирање и лошите можности за вработување на младите, но прераснаа во пошироки демонстрации против владата на албанскиот премиер Еди Рама, со барања за негова оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер