Во „која“ држава се наоѓа Старата скопска чаршија?

Првата слика која ги пречекува странските туристи кои доаѓаат да ја посетат Старата скопска чаршија, која е една од најатрактивните споменици во државата се знамиња на туѓа држава, во случајов албанското знаме. 

Таква е ситуацијата и на влезот и на излезот од чаршијата.

Во која држава се наоѓа Старата скопска чаршија? Ова е прашањето кое деновиве си го поставуаат граѓаните, но и странските туристи кои се збунети. Причината за ова е тоа што најпопуларното туристичко место во Скопје, кое е во центарот на главниот град на Македонија е преплавено со албански знамиња.

Ленти со повеќе десетици знамиња се поставени на главниот влез во чаршијата. Ги има и во внатрешноста, а македонските може да се забележат само во сувенирниците. Кој и зошто ги поставил засега не се знае, иако според Законот за употреба на знамињата на заедниците во Македонија, при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и македонското знаме.

Инаку, ова се случува во скопската чаршија, која со Закон е прогласена за културно наследство од особено значење побаравме одговор од Министерството за култура, но таму не упатија до Конзерваторскиот центар во Скопје, а од таму пак до Управата за заштита на културното наследство. Сите кренаа раменици и се прогласија за ненадлежни.

-Управата не е надлежна за поставување на знамиња, тоа е регулирано со друг закон каде надлежностите ги имаат локалните самоуправи – одговорија од Управата за заштита на културното наследство.

Се обративме и до општина Чаир, од таму ни рекоа дека нашите прашања се испратени до надлежниот сектор во општината, но одговор до почетокот на вестите не добивме.

Ова е втор случај во неколку недели на истакнување на десетици албански знамиња.

Претходно во Кичево беше преплавен освен со знамиња и со пароли со кои се одбележуваше, како што ја нарекоа, „10 години албанска власт во градот“.

Трипуновски:Моја цел ќе биде земјоделството кое ќе генерира стотици милиони евра девизен прилив

Моја цел ќе биде земјоделството кое ќе генерира стотици милиони евра девизен прилив, земјоделство на среќни земјоделци, богати и достоинствени.

Огромна е честа, одговорноста и задоволството да се биде предложен за министер во Владата на Hristijan Mickoski.

Од утре па натака времето ќе се дели пред и по Владата на Мицкоски. Ќе поставиме стандарди и систем за работа кои не се видени до сега во Македонија.

Граѓанинот доаѓа на прво место. Ја враќаме Македонија на народот.

Македонија се става на брза трака за напредок и развој.

Земјоделството од упропастена гранка, ќе прерасне во еден од неколкуте двигатели на економијата. Ќе се свртиме кон модерните и успешни земји, и земји со слична површина колку нашата, а гиганти во земјоделското производство.

Моја цел ќе биде земјоделството кое ќе генерира стотици милиони евра девизен прилив, земјоделство на среќни земјоделци, богати и достоинствени.

Знаеме како треба!

За Македонија се работи!

Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Путин продолжи со кадровските промени во рускиот воен врв

Рускиот претседател Владимир Путин назначи нов прв заменик - министер за одбрана и тројца заменици министри, се вели во декретите објавени денеска на веб-страницата на руската државна администрација.

Според указот, Леонид Горнин е назначен за прв заменик - министер за одбрана на Руската Федерација, а заменици на министерот за одбрана ќе бидат Павел Фрадков, Ана Цивиљева и Олег Савељев, кој ќе биде и шеф на кабинетот на министерството, јавија руските медиуми.

Рускиот претседател ги разреши првиот заменик - министер за одбрана Руслан Чаликов, државниот секретар и заменик - министер за одбрана Николај Панков, заменик - министерката Татјана Шевцова, како и вториот заменик - министер за одбрана, генералот Павел Попов, кој е отпуштен и од воената служба.

Гундоган тренира нормално по натпреварот со Шкотска

Капитенот на германската репрезентација Илкај Гундоган учествуваше на тренингот во Бундеслигата откако се здоби со повреда на скочниот зглоб. 

Фудбалерот од средниот ред на Барселона немаше очигледни проблеми и се очекува да игра против Унгарија во среда во Штутгарт.

Сите преостанати 25 играчи му се на располагање на селекторот Џулијан Нагелсман по успехот од 5:1 против Шкотска во петокот.

Триесет и три-годишниот Гундоган заработи повреда на мечот со островјаните во Минхен, кој мина без проблем за домаќините на ЕП 2024. Играчот од средниот ред беше соборен од Рајан Портеус во 42. минута од петочниот судир.

За овој прекршок шкотскиот дефанзивец доби црвен картон од судијата Клемент Турпин и досуди пенал. Илкај Гундоган играше до крајот на мечот, а потоа го напушти теренот со мраз на десниот зглоб.

Победа против Унгарија ќе обезбеди предвремен пласман за Германија во нокаут фазата на ЕП 2024.

притисни ентер