ЗабаваВо Кочани се одржа втората урбана „Rotary run“ тркаНад 270 натпреварувачи од повеќе градови во државата учествуваа на втората урбана „Rotary run“ трка што денеска се одржа во Кочани, а чиј организатор беше Ротари клубот Кочани – Виница.Се трчаше по улиците во централното градско подрачје на Кочани, на патеки со должина од 10,5 и 2,5 километри, во женска и машка конкуренција, како и во категоријата Family run. Првото место на 10 километри во женска конкуренција го освои Тамара Јолевска Попов од атлетскиот клуб „Атомик“ од Скопје, која е минатогодишна државна првенка во маратон. Златниот медал и првото место во машка конкуренција му припадна на маратонецот Дарио Ивановски, кој е најдобар македонски атлетичар, двократен балкански шампион и кандидат за учество на Олимписките игри 2024 во Париз. Патеката од пет километри најбрзо ја истрчаа Анастасија Христова во женска и Григорио Никовски во машка конкуренција. Во категоријата Family run признанија им беа доделени на Николчо Костадинов и Панче Саздов кои трчаа со своите семејства. -Задоволни сме од интересот за учество и од квалитетот на натпреварувачите на годинашната трка, со што ја исполнуваме нашата основна цел за промовирање на здравиот начин на живеење, зачувување на животната средина и избегнување на користењето моторни возила колку што е можно. Имавме учесници од најразлични возрасти, од кои најголем дел беа млади, со што се остварува замислата да ги поттикнеме помладите да рекреираат и спортуваат, дека може и треба да се живее здраво, истакна Сашко Андонов, претседател на Ротари клубот Кочани- Виница. Најдобрите тројца натпреварувачи во секоја категорија, освен медали и признанија, добија и парични награди. Поддршка во организацијата на трката дадоа Американската агенција за меѓународен развој УСАИД, Фондацијата за локален развој од Штип и дваесетина приватни компании од регионот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook