МакедонијаВо Кочани 20.Марш за ангелитеНашите деца загинаа затоа што системот потфрли, затоа што имало заштитници и соучесници во униформа, порачаа родителите и семејствата на денешниот 20. Марш за ангелите во Кочани пред зградата на Полициската станица. Тие побараа неселиктивна и транспарентна истрага, како и ОЈО ГОКК да објасни и да ја информира јавноста до каде е постапката со обвинителниот акт за вработените од МВР, за коишто какошто велат „се сè уште на слобода, а не со третман каков што заслужуваат нивните постапки“. Маршот за ангелите денеска почна во 17.05 во Паркот на револцијата, а семејствата на загинатите и на повредените во кочанската дискотека „Пулс“, како и граѓани од Кочани и останатите градови се движеа по познатата маршутот, поминувајќи низ Трговскиот центар, зградата на Општина Кочани, Полициската станица и завршија пред зградата на Основниот суд и Основно јавно обвинителство во Кочани. Пред зградата на обвинителството семејствата порачаа дека оваа борба не е само за нивните загубени синови и ќерки. Туку дека денес зборуваат и во име на секое дете во оваа земја. - Затоа денес јасно и гласно велиме: без независен и некорумпиран судски систем, без инстант политичка одговорност, оваа држава повторно ќе ја изложи младоста на ризик. Вакви трагедии ќе се повторуваат, и тоа е најстрашното сознание. Кој ја одолговлекува постапката? Зошто институциите молчат? Кој ги штити виновните? Нашите деца ги нема, но Вие имате обврска да ја истерате правдата! Ние, родителите, стоиме позади вас – не за да ве штитиме, туку заедно со вас да ја истераме вистинската правда и да докажете дека во Македонија постојат институции кои не се корумпирани и кои работат за граѓаните, порачаа родителите пред зградата на Основниот суд и Основното јавно обвинителство во Кочани. Маршот за ангелите во Кочани денеска беше проследен и со силен ветар.Тагови: кочани Марш за ангелите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаЧетворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прославаЧетири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор. Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречкоСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско. Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец. Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население. Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес сончево и многу топлоВремето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Тагови: Сончевo УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook