МакедонијаВо Кисела Вода е отворен нов парк со сообраќаен полигон Вечерва, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, свечено го отвори новиот парк со прв инклузивен сообраќаен полигон во општината, простор наменет за игра, учење и развој на сите деца, вклучително и на децата со попреченост.На местото на поранешниот запоставен простор, општината доби нов, современо уреден простор од околу 1.250 м², лоциран во рамки на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“. Паркот е дел од пошироката стратегија на Општина Кисела Вода за подобрување на животната средина и создавање нови зелени површини. Во изминатите четири години, беа оформени и уредени над 80.000 м² ново зеленило, со што значително се унапреди квалитетот на живеење. Полигонoт, пак, е прилагоден за потребите на сите деца и опремен со пристапни патеки, визуелни елементи и тактилни површини. -Грижата за лицата со попреченост е еден од врвните приоритети во нашата работа. Отворањето на овој парк и инклузивен сообраќаен полигон е конкретен доказ за тоа. Се наоѓаме во училиште кое има специјална задача, да обезбеди образование и поддршка за децата со оштетен вид, и не случајно, токму тука вложуваме во инфраструктура која е достапна и корисна за сите. Уште на почетокот на мојот мандат, започнавме да ја поддржуваме оваа установа со донација на книги напишани на Брајова азбука за училишната библиотека. Денес, таа поддршка добива и просторна димензија. Но, со овој парк испраќаме и друга силна порака- дека Кисела Вода останува посветена на создавање зелени, чисти и функционални површини што ќе им служат на сите генерации. Од депонии правиме паркови. Од запуштени простори, безбедни и уредени катчиња за децата. И тоа е визијата со која продолжуваме да ја менуваме општината на подобро- изјави градоначалникот Ѓорѓиевски. Инаку, во Кисела Вода по извршената реконструкција, се наоѓа првото целосно инклузивно основно училиште во државата, „Кузман Јосифовски Питу“, како и првата инклузивна јавна детска градинка во Скопје. Со ваквите проекти, локалната самоуправа покажува дека грижата за најранливите категории не е само декларативна, туку реална и видлива на терен, соопштуваат од Општината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЈеменските Хути ослободија 600 воени заробенициЈемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира. Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“. „Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК. Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен. Извор: Б92Тагови: Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаПревентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работиВо рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter