Во Кина постојат најмалку 50 “фантомски“ градови (видео) - Канал 5

Во Кина постојат најмалку 50 “фантомски“ градови (видео)

Истражувањето на Универзитетот во Пекинг во соработка со компанијата „Баиду“ покажало дека во Кина има голем број на градови во кои речиси и да нема жители.

Во Кина постојат најмалку 50 “фантомски“ градови (видео)
"Градови-духови“ се населени места во кои има многу повеќе станбени објекти отколку жители.

Благодарејќи на глобалната финансиска криза, економскиот раст на Кина и рапидната експанзија на градењето нови станбени објекти, само за две години, односно во 2011 и 2012 година Кина употребила повеќе цемент отколку САД во текот на целиот 20 век! Овој “бум“ бил предизвикан од изградбата на станбени единици кои денеска никој не ги користи.

И покрај тоа што приказните за овие градови до сега се сведуваа само на анегдоти, резултатите од истражувањата потврдија дека во Кина има најмалку 50 големи “фантомски“ градови.

YouTube video

Со оглед на тоа дека станува збор за многу осетлива тема и дека нивното именување би можело да ја загрози продажбата на недвижностите, истражувачите одбиле да ги соопштат имињата на градовите.

Кинеските власти предвидуваат дека населението во наредните неколку децении се повеќе ќе емигрира од село во град, а со тоа овие празни згради ќе бидат пополнети.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денеска во Брисел остварив средба со Герт Јан Копман

Денеска во Брисел остварив средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, објави на совјот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Денеска во Брисел остварив средба со Герт Јан Копман

Во фокусот на разговорите беа европската перспектива на Македонија, напредокот во реформските процеси и следните чекори во пристапувањето кон Европската Унија.

Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните.

Продолжуваме со посветена работа, исполнување на реформската агенда, одговорна политика и јасна визија за европска, стабилна и просперитетна Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети

Париската полициска управа, почнувајќи од денес па сè до петок, забрани ненајавени собири и протестни поворки во радиус од 100 метри околу десет средни училишта и пет универзитетски објекти во француската престолнина. 

Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети

Одлуката за забрана, донесена во неделата поради протестите, опфаќа одредени средни училишта во четвртиот, шестиот, осмиот, единаесеттиот, тринаесеттиот и седумнаесеттиот париски округ, пренесува денес BFM.

Забраната се однесува и на Техничкиот факултет при Универзитетот Сорбона, кампусот „Пари-Сите“ (Paris Cité), центрите „Рене-Касен“ и „Лурсин“ на Универзитетот Пантеон-Сорбона, како и на дел од Универзитетот Пантеон-Асас.

„Забележани се бројни инциденти и блокади во близина на одредени средни училишта и високообразовни институции во Париз и неговата околина, како дел од едно општествено движење чиј обем и насилство не стивнуваат“, изјави шефот на париската полиција, Патрис Фор, образложувајќи ја одлуката.

Како што појасни тој, овие инциденти резултирале со „уништување на јавен имот, пожари, сериозно насилство врз припадници на образовната заедница, како и судири со органите на редот“.

Тој додаде дека од почетокот на движењето во Париз се приведени 1.548 лица. Шефот на полицијата оцени дека блокадите се предводени „главно од малцинство ученици“, но дека тие ја ограничуваат слободата на движење на сите останати, како и основното право на образование.

„Тие го поттикнуваат гневот кај родителите на некои ученици, кои сакаат да се стави крај на блокадите, што доведе до тензии меѓу тие родители и мобилизираните средношколци“, заклучи тој. Во петокот, градоначалниците на осумте париски окрузи побараа од ректоратот да преземе мерки со кои ќе се овозможи обезбедување на влезовите во блокираните средни училишта, како и излезите од тие установи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ

Џип во сопственост на  мегапопуларната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг, продуцентот и менаџер Филип Живојиновиќ бил запален во текот на ноќта на Бежанијска коса, пред нивниот семеен дом.

Запален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ

Драма во текот на ноќта во елитната населба во белград, Бежанијска коса, каде интервенирала полицијата и екипа на итната помош

Џип во сопственост на мегапопуларната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг, продуцентот и менаџер Филип Живојиновиќ бил запален во текот на ноќта на Бежанијска коса, пред нивниот семеен дом.

Автомобилот бил паркиран во непосредна близина на куќата на Александра и Филип, а пламените јазици го зафатиле возилото што се наоѓало до џипот.

Полициските службеници набргу започнале со истрага и прибирање траги што би можеле да помогнат во расветлувањето на сите околности на овој инцидент.

Сега влезот во семејниот дом на Прија и Филип е обезбеден од припадници на полицијата, а ролетните на прозорците од куќата се спуштени. Засега сè уште нема официјални информации за тоа како се случил инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер