Во Кина, од почетокот на декември, смртните случаи поврзани со Ковид надминаа 80.000 - Канал 5

Во Кина, од почетокот на декември, смртните случаи поврзани со Ковид надминаа 80.000

Смртните случаи поврзани со Ковид-19 надминаа 80.000 во Кина од почетокот на декември, објави денеска „Џијангкан шибао“, пренесува ТАСС.

Во Кина, од почетокот на декември, смртните случаи поврзани со Ковид надминаа 80.000

Според кинеското издание, бројот на починати од 8 декември до 9 февруари изнесува 83.150. Од почетокот на годината стапката на смртност почна да се намалува.

Најмногу заразени починале на 4 јануари - 4.273, додека на 6 февруари бројот на починати бил 102.

Од сите починати, над 92 отсто имале коморбидети. Причина за останатите смртни случаи е функционално откажување на респираторните органи.

На 8 јануари, кинеските здравствени власти го отстранија Ковид-19 од нивната листа на најопасни болести. Наспроти ова, тие значително ги олеснија мерките против ширењето на коронавирусот во земјата и најавија етапно укинување на ограничувањата за патување во странство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДС во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори.

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните

Но, неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани.

Потврда за ова е и последниот случај од Гостивар каде поради нестручно, непрофесионално и неодговорно поставени пумпи на општината и гостиварски „Водовод“ во отпадни води, изминатите дена над 1000 граѓани се затруле и побарале медицинска помош.

Општинската власт во Гостивар целосно потфрли во своето работење и на граѓаните не успеа да им го обезбеди елементарното право на чиста вода за пиење и тоа во 21 век, кога светот зборува за брз технолошки развој и вештачка интелигенција.

ВМРО-ДПМНЕ бара итно расчистување на случајот и одговорност за сите инволвирани кои несовесно, непрофесионално и неодговорно ги извршувале своите работни активности.

На Македонија и на македонските граѓани потребни им се одговорни лица кои достојно, професионално, одговорно и во нивен интерес ќе ги извршуваат функциите за кои се избрани.

Македонските граѓани заслужуваат да ги водат луѓе со интегритет кои ќе се грижат за нивниот живот и здравје, а не луѓе кои поради нивната неодговорност животот им го ставаат во опасност, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?

Вонредна здравствена состојба во Гостивар.

Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?

Поради загадена вода за само неколку дена дури 1.200 граѓани побарале медицинска помош. Пациентите, меѓу кои има и многу деца, се јавуваат со симптоми на труење.

Првичните информации од полицијата упатуваат на сомнеж дека локалниот водовод ја загадил водата со отпадни води во обид да го зголеми притисокот во мрежата.

Во меѓувреме издадена е забрана за пиење на водата во тој регион.

Во Гостивар е нашиот Дејан Србиновски, до имаме во живо.. Дејан каква е моменталната состојба на лицата кои се затруени?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Леброн Џејмс за својот иден НБА тим: Ќе биде забавно

Леброн Џејмс пред да избере нов НБА клуб изјави дека „без разлика каде ќе заврши оваа есен, ќе биде забавно“. 

Леброн Џејмс за својот иден НБА тим: Ќе биде забавно

Џејмс, кој влегува во својата 24-та сезона, неодамна објави на 41-годишна возраст дека ги напушта Лос Анџелес Лејкерс, со кои ја освои шампионската титула во 2020 година. И покрај ова, тој не се повлекува од кошарката и сака да им докаже на критичарите дека сè уште може да биде одлучувачки играч во лигата.

„Се надевам дека навивачите и критичарите ќе ме следат. Каде и да одам, ќе биде забавно, ќе го правам она што го правам најдобро. Ме мотивира кога ми велат дека повеќе не сум доминантен играч“, рече Џејмс и се осврна на своето време во Лос Анџелес: „Поминав осум одлични години со Лос Анџелес Лејкерс, една од најпознатите франшизи во светот. Ќе ми недостига. Со нетрпение очекувам што носи иднината додека полека влегувам во крајот на мојата кариера“.

Леброн Џејмс го држи рекордот во НБА по број на одиграни сезони (23), одиграни натпревари (1.622) и освоени поени (43.440). Досега има освоено четири титули во НБА, две со Мајами Хит, една со Кливленд и една со ЛА Лејкерс.

Мајами и Кливленд се опции за враќање, додека потенцијалните заминувања во Голден Стејт или Минесота би значеле дека би играл за четврти НБА клуб во текот на неговата тешко повторувачка кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер