Во Кина научниците откриле нов животински вирус

Научниците открија нов вид грип во Кина што може да предизвика пандемија, пренесува BBC. 

Како што е наведено, носители на овој нов вирус се свињи, но научниците тврдат дека луѓето исто така можат да бидат заразени.

Истражувачите се загрижени дека вирусот може да продолжи да мутира, така што може лесно да се пренесе од човек на човек. Бидејќи вирусот е нов, луѓето ќе имаат малку или немаат имунитет.

Научниците веруваат дека вирусот во моментот не претставува закана, но дека треба да се обрне внимание на тоа.

ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособноста на СДСМ ќе се затворат 15 000 микро и макро компании

Поради неспособноста на СДСМ над 40.000 граѓани во Македонија ги изгубија своите работни места. 

Се фалеа дека спроведуваат четврт сет на мерки, а не успеја да ги спроведат мерките од третиот сет. Без никаков срам се фалат за четвртиот сет на мерки, кога тоа остана само празно и неисполнето ветување пред граѓаните.

Според Анкетното истражување на претпријатијата од страна на македонските организации на работодавачи, 27% пријавиле дека кризата со Ковид-19 сериозно влијае врз нивното работење и пријавиле целосно затварање на фирмите. Значи, околу 14.304 микро и мали претпријатија кажале дека ќе затворат.

Поради нивната неспобност Република Македонија има историски најголем пад на БПД од 12.7%.

Зоран Заев и неговата Влада ја задолжија државата за нови милијарда евра за само три месеци, период во кој над 40.000 луѓе без работа, а економијата отиде во минус 12,7%.

Зоран Заев и Владата на СДСМ во ек на криза ја поскапија струјата за 7,4%. Тоа само покажува дека криминалот и корупцијата на мафијата на власта ги јадат економијата и стандардот.

Затоа изборот е или мафијата на Заев или Македонија. Народот ќе ја одбере Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

МВР: 647 прекршоци за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (24/25.09.2020 година) на територијата на Република  Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 647 прекршоци. 

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид -19.

Во Велес денеска почнуваат 57-те Рацинови средби

Во родниот град на Коста Солев Рацин, Велес денеска и утре ќе се одржи програмата на 57-те Рацинови средби, која првпат почнува со Меѓународна конференција претпладнево во 10 часот.

Првата сесија во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот" е посветена на „Седумдесет и пет години современ македонски јазик, азбука и правопис". Програмата ќе продолжи со промоција на „Собрани драми" од Горан Стефановски во издание на „Полица".

На втората сесија ќе се говори за „Јазикот и стилот во творештвото на Горан Стефановски".

Потоа ќе се одржи промоција на зборниците од меѓународните научни конференции одржани во рамките на Рациновите средби,а ќе ги промовира професорот Људмил Спасов. Организатори на овие настани се Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков", Советот за македонски јазик при Владата и Општина Велес како организатор на Рациновите средби.

Традиционалното положување цвеќе на спомениците на Рацин е поместено за денеска попладне во 17 часот, а ќе се одржи и Поетски перформанс со настап на членови на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин" од Велес..

Во тие рамки ќе се изврши и традиционалното засадување на садници во „Шумата на Рацин" кај Спомен костурницата од НОВ каде меѓу борците од 1979 година почива и Коста Солев Рацин.

Свеченото отворање на 57-те Рацинови средби е закажано за вечер во 18:30 во Амфитеатарот на Младинскиот парк, каде традиционалната Беседа за Рацин годинава ќе ја одржи професорот Васил Тоциновски, а потоа и Меѓународниот поетски митинг.

Програмата за првиот ден ќе биде заокружена со концерт на групата „Синтезис" на сцената на отворено во амфитеатарот на Младинскиот парк, а организаторите најавуваат дека строго ќе ги почитуваат сите протоколи за заштита од Ковид-19.

притисни ентер