Мицкоски за случајот со „Алта банка“: Државата го следи процесот, граѓаните да бидат спокојни, ќе бидат обештетени до последниот цент
1Мицкоски за случајот со „Алта банка“: Државата го следи процесот, граѓаните да бидат спокојни, ќе бидат обештетени до последниот цент
2Се огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукот
ЖивотВо Кина измерени рекордни над 40 степениРекордни температури од над 40 степени се регистрирани оваа недела во Кина, јавија државните медиуми.Кина во последните неколку години поминува низ екстремни временски услови од жештини до суши преку силни дождови и поплави. Кина е прва земја во светот по емисија на стакленички гасови, но исто така е и огромен производител на обновлива енергија и се надева дека ќе достигне јаглеродна неутралност до 2060 година. Меѓу градовите најпогодени од високите температури е Џенџоу, метропола со 13 милиони луѓе и главен град на централната провинција Хенан, каде денеска се регистрирани 41 степен Целзиусови, јави денеска државната телевизија ЦТВ. Во местото Линџу, малку посеверно, температурата се искачи до 43,2 степени Целзиусови, додека во градот Шахеу, во северната провинција Хебеј се регистрирани 42,9 степени Целзиусови, соопшти националната метеоролошка служба. Екстремните температури треба да паднат до петок, со нагли падови кои на места ќе бидат и за 15 степени Целзиусови. Кина значително ги зголеми своите капацитети во енергија од ветер и сонце во последните години за да ја намали зависноста на својата економија од јаглен кој е многу загадувачки извор на енергија. Сепак, според експертите, Кина доцни во однос на една од своите најважни цели за 2030 година, а тоа е намалување на интензитетот на јаглерод (емисии на јаглерод диоксид во однос на БДП) за 65 отсто во однос на 2005 година. Растот на производството на енергија од обновливи извори во Кина доведе до намалување на емисиите на јаглерод диоксид во првиот квартал на 2025 година, иако силно расте побарувачката за струја. Со своите нови капацитети за енергија од ветер, сонце и нуклеарна енергија, емисијата на јаглерод диоксид во Кина падна за 1,6 отсто на годишно ниво, според Лаури Миливирта, аналитичар во Центарот за истражување на енергија и чист воздух (CREA), истражувачки институт со седиште во Финска. Кина минатиот месец објави дека нејзиниот капацитет за производство на енергија од ветер и сонце во првиот квартал првпат го надмина производството на термоелектрани, што главно доаѓа од централи на јаглен. Јагленот останува неопходен елемент во различните енергетски извори на Кина. И покрај зајакнувањето на производството на енергија од обновливи извори, Кина во 2024 година почна со изградба на централи на јаглен со капацитет од 94,5 гигавати, што е 93 отсто од вкупното светско производство минатата година, според извештајот што во февруари го објавија CREA и телото Global Energy Monitor (GEM) со седиште во САД. Кинеското производство на јаглен постојано расте во последните години и се зголеми од 3,9 милијарди тони во 2020 година на 4,8 милијарди тони во 2024 година.Тагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаМицкоски за случајот со „Алта банка“: Државата го следи процесот, граѓаните да бидат спокојни, ќе бидат обештетени до последниот центПретседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со „Алта банка“, изјави:Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со „Алта банка“, изјави: „Случајот со „Алта банка“ е случај во соседна Србија, кај нас тој случај е увезен и нема ништо слично како што беше случајот со „Еуростандард банка“. „Еуростандард банка“ претходната Влада на СДСМ ја банкротираше откако нивната поранешна министерка за финансии, ден-два пред да ја банкротира, извлече од банката депозити од 250.000 евра. И тоа е факт. Ние сега имаме увезен проблем којшто се случил во нашето соседство. Јас сум повеќе исплашен за еден друг феномен којшто никој не го поставува како прашање, а тоа е следното: во 2025 година трговијата помеѓу двете земји, помеѓу нас и нашиот северен сосед, изнесуваше некаде околу една милијарда и двесте милиони евра. Неколку компании ми се јавија, македонски, коишто велат: мојот партнер е пред банкрот или е банкротиран во Србија бидејќи му се блокирани средствата во „Алта банка“, што да правиме, ве молиме, како Влада помагајте. Тоа ќе биде многу поголем проблем. Зошто многу поголем проблем? Бидејќи бизниси се затвораат, компании банкротираат, луѓе ќе остануваат без своите работни места — не само во Србија, туку и кај нас. Бидејќи тие милијарда и двесте милиони биле дневен обрт на средства коишто се движеле во текот на целата година. Истото се случува и сега. Тоа повеќе ме загрижува, бидејќи неколку македонски компании ми се јавија и ми го предочија овој проблем. И ако таму за брзо време не се консолидира состојбата, ќе имаме многу поголем ланчен систем. Ме загрижува и состојбата во Албанија, бидејќи и тоа може еден ден да се пренесе кај нас. Што се однесува до „Алта банка“ и нејзината аквизиција во Македонија, „Стопанска банка Битола“, од тоа што сум јас информиран, врз основа на информациите со коишто располагам, сакам да го кажам следново: банката е купена откако претходно се запазени сите законски процеси коишто се моментално дел од македонското апликативно право. Добиени се позитивни мислења од сите институции, меѓу кои Комисијата за хартии од вредност, Комисијата за заштита на конкуренцијата итн. На јавна аукција, акционерите од банката, коишто се приватни лица — тука Владата нема никаква врска, ниту пак сака да има врска — ги продаваат акциите на сопственикот, во случајот „Алта банка Србија“, и така тие стануваат сопственици на „Стопанска банка Битола“ и потоа ја ребрендираат во „Алта банка Македонија“. Одиме сега понатаму. Претпоставувам ја следите сега хистеријата којашто ја создаваат од опозицијата со цел не да помогнат — тие најмалку се грижат за штедачите и доверителите на „Стопанска банка Битола“ или „Алта банка Битола“. Тие мислат дека на тој начин ќе остварат политички бенефит и ќе се факторизираат на политичката сцена во Македонија, бидејќи се оптоварени со внатрешни поделби, обвинувања кој колку бил корумпиран во времето на Владата на СДСМ и ДУИ, но тоа е нивен проблем. Ние сме државотворна партија и ние се грижиме за интересите на граѓаните. Затоа сакам да бидам многу јасен, можни се две сценарија. Првото сценарио е да се обезбеди купувач, што ќе биде многу тешко. Зошто? Гледате што прават: држат прес-конференции пред Народната банка и ги одвраќаат потенцијалните можни купувачи коишто ќе ја консолидираат банката. Тоа е едното сценарио. И второто сценарио е банката да влезе, ако нема купувач, да влезе во стечај. Што значи тоа? Дека ќе ја изгуби лиценцата за работа. Но она коешто сакам да го испратам како порака до граѓаните, до штедачите и до доверителите, е да бидат безбедни и спокојни, да не подлегнуваат на хистеријата и лагите, невистините и шпекулациите коишто доаѓаат од опозициската партија, во случајот СДСМ. Зошто? Затоа што според нашите проверки, 95-96 % од штедачите се со штедни влогови до 30 илјади евра — тие се загарантирани во целосната сума. Да бидат спокојни, до цент ќе им бидат, до денар ќе им бидат вратени. Останатите коишто ќе влезат во стечајната маса, тоа се неколку стотини, исто така да бидат спокојни. Зошто? Затоа што активата на банката е многу поголема отколку што се побарувањата од истата, можеби 2-3 пати е поголема. Така што апелирам до граѓаните: бидете спокојни, ве молам. Немојте да потпаѓате под хистеријата и лагите коишто ги испраќаат од опозицијата. Државата има инструменти, го следи процесот. Нема да остане ниту еден — ако дојде до најлошото сценарио, банката да отиде под стечај — којшто нема да биде обештетен до последниот цент. Секој доверител, дали е тоа штедач или компанија, ќе биде обештетен до последниот цент. Но она што ние сега го правиме, бидејќи сме државотворна Влада, а не сме опозиција којашто е оптоварена со внатрешни поделби и внатрешни неусогласувања и обвинувања кој колку бил криминален, па сега ова го гледаат како можност да се факторизираат и да создадат улична демократија наместо ова што сме денес — пример за регионот. Гледате секаде што се случува, кај нас сме пример за регионот и затоа доаѓаат овие економски резултати и затоа кога разговарам и молам за инвестиции сега во Германија, тие доаѓаат затоа што велат: овие се фактор на стабилност. И затоа три фабрики коишто ќе се градат ќе ги објавиме во декември. И тоа е лоша вест за нашата опозиција. Но добрата вест за граѓаните, дури и во најлошото сценарио — еве ги гледам в очи преку камерите и ви кажувам — е дека секој граѓанин, секој доверител, до последниот цент ќе биде обештетен. Ве молам немојте да подлегнете на оваа хистерија којашто ја прави опозицијата. И конечно на крај, сакам да кажам дека редно е и Јавното обвинителство да се позанимава согласно Кривичниот законик со ова кривично дело, саботажа, коешто го прави опозицијата којашто свесно го урива Уставот и државниот поредок ширејќи невистини, немир креирајќи, лаги, и на тој начин ги доведува граѓаните во чувство на несигурност, исплашеност. А ова кривично дело, ќе ги потсетам, се казнува со казна затвор од најмалку три години по оној Кривичен законик којшто тие го сменија во 2023 година.“, рече Мицкоски, соопштуваат од Владата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРасел Бренд е прогласен за виновен за сексуален напад- го ослободија од обвинение за силување Британскиот комичар и актер Расел Бренд денес беше прогласен за виновен за сексуален напад врз жена.Британскиот комичар и актер Расел Бренд денеска беше прогласен за виновен за сексуален напад врз жена, додека поротата го ослободи од обвинението за две обвиненија за силување, како и од обвинението за обид за непристоен сексуален напад. Поротата го прогласи Бренд за виновен за сексуален напад врз трета жртва, која наводно ја зграпчил за градите за време на забава во бар во лондонскиот Сохо во летото 2004 година, објави Скај њуз. Во исто време, тој беше прогласен за невин по обвинението за влечење на истата жена во тоалет и орално силување. Бренд беше ослободен и од обвинението за силување на првата жртва, кое наводно се случило на есен 1999 година во хотел за време на конференцијата на Лабуристичката партија во Борнмут. Поротата, исто така, го прогласи за невин по обвинението за обид за извршување непристоен сексуален напад врз втора жртва во 2001 година на телевизиската станица MTV во Лондон, со тоа што ја зграпчил за рака и ја влечел кон машкиот тоалет. Бренд се соочува со вкупно седум обвиненија во кои се вклучени шест жени и наводни кривични дела извршени помеѓу 1999 и 2009 година. Тој ги негира сите обвиненија. Поротата денеска ги заврши своите тридневни заседанија и се врати во судницата за да ги објави своите пресуди за обвиненијата.Тагови: Расел Бренд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛевица против учениците - не ја поддржа изградбата на две нови средни училишта во СкопјеСоветниците од политичката партија Левица на денешната седница на Советот на Град Скопје не ја поддржаа точката за изградба на две нови средни училишта, „Браќа Миладиновци“ во Драчево, општина Кисела Вода, и „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров.Станува збор за проекти што треба да обезбедат современи и достоинствени услови за учениците и наставниците, кои со години работат во крајно несоодветни простории. Изградбата на двете нови училишта е предвидена со сопствени средства на Град Скопје. Неподдржувањето на овие проекти отвора сериозно прашање за приоритетите на советниците на Левица. Учениците заслужуваат јасен одговор зошто изградбата на нови училишта, во кои ќе се образоваат сегашните и идните генерации, не ја доби нивната поддршка. Образованието е прашање од јавен интерес и заслужува одговорност од секој избран претставник. Политичките разлики не смеат да бидат пречка за обезбедување подобри услови за учење, развој и напредок на младите. Град Скопје останува посветен на реализацијата на двете нови средни училишта и на понатамошните инвестиции во образованието. Обврската кон учениците, родителите и наставниците е создавање услови во кои секое дете ќе може да го оствари својот потенцијал, соопштуваат од Град Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00