Во Кичево се падна голема Лото добивка од над половина милион евра - Канал 5

Во Кичево се падна голема Лото добивка од над половина милион евра

Вечерва се падна голема Лото добивка од 32.921.304 денари или над 500.000 евра на извлекувањето на среќните броеви на Канал 5 Телевизија.

Во Кичево се падна голема Лото добивка од над половина милион евра

Добитната комбинација е 2,10,11, 12,24, 36,37 , а лото ливчето било уплатено во објект „Детелинка“ во Кичево.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар

Новиот министер за здравство Сашо Клековски попладнево  ќе ја посети Општата болница - Гостивар откако повеќе граѓани во последните два дена со симптоми на повраќање, дијареа и температура побараа лекарска помош. 

Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар

По извршениот надзор било утврдено дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, без одобрение поставена била пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдувачки систем.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е загадена и небезбедна за употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Астрономски цени за финалето на Светското првенство, се бараат и повеќе од 60.000 евра за билет!

Интересот за финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија ги подигна цените на билетите до неверојатни височини, па само најбогатите навивачи ќе можат да присуствуваат на спектаклот на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси.

Астрономски цени за финалето на Светското првенство, се бараат и повеќе од 60.000 евра за билет!

Побарувачката за билети е огромна уште од завршувањето на полуфиналните натпревари, а цените на пазарот растат секојдневно.

Според податоците од платформата за продажба и препродажба на билети, моментално најевтиниот достапен билет чини околу 7.400 евра, за место во горните редови на стадионот.

За оние што сакаат најдобар поглед на теренот, цената достигнува и до 61.000 евра – сума што се бара за места веднаш до теренот, во најатрактивните сектори. Пред само неколку дена, најевтините билети можеа да се најдат за околу 2.000 евра, но поради огромниот интерес, цената оттогаш е повеќекратно зголемена.

Билетите сè уште можат да се купат преку официјалниот систем на ФИФА, со претходна регистрација на веб-страницата на организаторот, а ФИФА нуди и официјална платформа за безбедна препродажба и размена на билети. Покрај стандардните седишта, во понудата се вклучени и луксузни ВИП-пакети.

Најпрестижните зони „Pitchside Lounge“ и „Trophy Lounge“ се веќе распродадени, додека понудата „Champions Club“, која вклучува седишта веднаш до теренот, е сè уште достапна по цена од околу 20.000 долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Само газење за Видиновски“ – нови закани за новинарот на Канал 5!

На социјалните мрежи повторно се појавија закани за физичко насилство кон новинарот Александар Видиновски, овој пат со повик за „газење“ под видео објавено од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„Само газење за Видиновски“ – нови закани за новинарот на Канал 5!

„Ај бе преку таквото со тој Видиновски… Што направил корисно, што снимал ѓубре?! Да не земал да исчисти? За џаболебари кои немаат што да направат во животот, само газење.“ Ова е содржината на последната закана јавно објавена на социјалните мрежи. „Газењето“ се препорачува под видео објавено на профилот на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Во последниот период зачестија заканите кон новинарот, а за овој и за сличните случаи поднесена е пријава до МВР. Досега неколку пати реагираа и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Македонската асоцијација на новинари (МАН).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер