Во Казахстан е откриено огромно истекување на метан, од компанијата негираат - Канал 5

Во Казахстан е откриено огромно истекување на метан, од компанијата негираат

Дупчотина во Казахстан минатата година го претрпе најлошото истекување на метан во историјата, покажа новата анализа на Би-Би-Си.

Во Казахстан е откриено огромно истекување на метан, од компанијата негираат

Се проценува дека 127.000 тони гас истекле по експлозијата што предизвика пожар, што траел повеќе од шест месеци. Метанот е многу помоќен стакленички гас од јаглерод диоксидот. Компанијата Бузачи Нефт, која е сопственик на дупчотината, негира дека истекло значително количество метан.

Според пресметката на американската Агенција за заштита на животната средина за еквивалентноста на стакленички гасови, негативното влијание на таквото истекување на гас може да се спореди со она на возење на 717.000 автомобили на бензин за една година.

Протекувањето започнало на 9 јуни 2023 година, кога експлозија предизвикала пожар за време на дупчење во регионот Мангистау во југозападен Казахстан. Пожарот продолжил до крајот на годината и бил ставен под контрола дури на 25 декември 2023 година. Локалните власти за Би-Би-Си изјавиле дека моментално се работи на запечатување на дупчотината со цемент.

Природниот гас се состои првенствено од метан, кој е безбоен. Но, кога сончевата светлина поминува низ него, создава уникатен отпечаток што може да се следи од сателити. Протекувањето во Казахстан прво го истражувала француската геоаналитичка компанија Kayrros, а нејзината анализа подоцна е потврдена од холандскиот институт за вселенски истражувања (SRON) и Политехничкиот универзитет во Валенсија во Шпанија.

По анализата на податоците, експертите заклучиле дека за време на инцидентот истекле 127.000 тони метан, што може да биде најлошото вакво истекување во историјата, кое не било предизвикано од природни процеси.

„Пет различни сателитски инструменти кои можат да детектираат метан ги забележаа облаците од овој гас. Секој од нив го мери метанот на специфичен начин, но мерењата беа конзистентни“, рече Луис Гуантер од Политехничкиот универзитет во Валенсија.

Но, од Бузачи Нефт сè уште негира дека истекле огромни количини метан. Велат дека бунарот содржел помали количества од тој гас и дека сепак ќе изгорел при истекување. Тврдат дека за време на инцидентот во атмосферата истекла само водена пареа, која формирала големи бели облаци кои биле видливи од вселената.

Компанијата на тој начин сугерира дека сателитите ја замениле водената пареа со метан и дека научниците не го земале предвид нивото на метан што било во атмосферата пред експлозијата кога ги анализирале податоците.

Научниците не се согласуваат со овие инсинуации. „Го тестиравме потенцијалниот ефект на водена пареа или чад и не најдовме никаков сигнал“, рече Гуантер, додавајќи дека за време на анализата барале само изолирани облаци од метан и дека нивните методи нема да бидат засегнати од метанот кој веќе бил во атмосфера пред несреќата.

Официјалната истрага за причините за инцидентот, предводена од Одборот за индустриска безбедност на Атирау, покажала дека Бузачи Нефт не успеале соодветно да ја надгледува работата на дупчотината. Тие го обвинија и подизведувачот, компанијата Заман енерго, за бројни пропусти во процесот на дупчење.

Казахстанското министерство за енергетика изјавило за Би-Би-Си дека справувањето со истекувањето на метан е сложена техничка операција и дека не постои универзално решение кое би можело да спречи слични инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица

Седумгодишно момче е тешко повредено, а неговата мајка е полесно повредена кога лизгачка машина за чистење снег ги удрил во виенскиот округ Лисинг во четврток наутро, соопшти вчера австриската полиција.

Нова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица

Несреќата се случила за време на обилни снежни врнежи додека мајката и синот стоеле на автобуска станица на Ендрештрасе во Виена, објави австрискиот весник „Кронен Цајтунг“.

Несреќата се случила кога возачот на машината за чистење снег се обидел да се оддалечи од автобуската станица, но возилото се лизнало напред и ги удрило мајката и детето, кои биле заробени помеѓу машината за чистење снег и настрешницата на автобуската станица.

Мајката се здобила со полесни повреди, вклучувајќи и исеченици, додека нејзиниот седумгодишен син е тешко повреден.

На момчето му била укажана прва помош на местото на несреќата, а потоа било однесено во болница со службата за брза помош на Виена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шокови

Венко Филипче и талогот на СДС никако да престанат да живеат во филм чија основна содржина се лагите и ширењето паника.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шокови

Ќе се обидеме, кратко да им ја објасниме ситуацијата во Македонија секако со желба да излезат во филмот во кој живеат.

Прво, Македонија не е изолирана од регионот, Европа и светот, затоа глобалните движења се дел и од македонската реалност. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема мерки за намалување на цена на дериватите. Тука секако се грижи и ако е потребно согласно светските движења цените да може да бидат што пониски.

И второ, ова се економските показатели во Македонија. Растот на БДП, поточно реалниот раст на бруто-домашниот производ изнесуваше 3,8% во 2024 и во 2025 година, а во вториот квартал од 2026 година достигна 4,3%. Инфлација во септември 2026 година беше 2,7%, а просечната во третиот квартал околу 2,5%.

Еве податоци и за платите и пензиите. Во ноември 2026 година, просечната нето-плата се зголеми од 41.252 денари во мај 2024 на 49.141 денар во септември 2026 година, а просечната пензија од 21.209 денари на 28.935 денари. Реалната нето-плата во септември 2026 година пораснала за 5,2%.

Дополнително, во следните две години треба да се вратат околу 5 милијарди евра стари долгови и камати.

Оттука, се што зборува Филипче и талогот од СДС е единствено ширење лаги и хистерија меѓу граѓаните, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД полека се опоравуваат од силното невреме на Денот на благодарноста- метеоролозите со лоши прогнози (ВИДЕО)

Обилните дождови што го погодија источниот брег на Соединетите Американски Држави (САД) почнаа да се намалуваат, додека снабдувањето со електрична енергија постепено се обновува денес за стотици илјади клиенти по силната бура.

САД полека се опоравуваат од силното невреме на Денот на благодарноста- метеоролозите со лоши прогнози (ВИДЕО)

Обилните дождови што го погодија источниот брег на Соединетите Американски Држави (САД) почнаа да се намалуваат, додека снабдувањето со електрична енергија постепено се обновува денес за стотици илјади клиенти по силната бура што го погоди регионот во петок, Денот на благодарноста, објави АП.

Националната метеоролошка служба предупреди дека ќе биде потребно повеќе време за бурата да ослабне, поради што се во сила предупредувања за крајбрежни поплави од Њу Џерси до Вирџинија.

YouTube video

Бурата го парализираше сообраќајот, собори дрвја и далноводи од Њујорк до Вирџинија, објавува CBS News.

Според услугата за следење на летови „FlightAware“, речиси 3.700 летови во САД беа одложени, додека повеќе од 160 беа откажани.

Бројот на клиенти без електрична енергија, кој надмина 900.000 во четврток, се намали на околу 300.000, според податоците од порталот „PowerOutage.us“.

Во Норфолк, Вирџинија, спасувачките екипи евакуираа 39 лица и две кучиња, додека покриви се урнаа во Оушн Сити и Роквил.

Поради дожд и силен ветер, традиционалната парада на Мејси во Њујорк беше одложена за прв пат во историјата.

Во Балтимор паднаа рекордни 7,7 сантиметри дожд, а плимата во Анаполис беше меѓу 10-те највисоки во историјата.

Додека условите се смируваат во источен Мисури откако наврнаа околу 38 сантиметри снег, а покривот на лизгалиштето се сруши под тежината, за западните и централните делови на земјата е најавен нов бран зима.

Метеоролозите предвидуваат до 45 сантиметри снег од Монтана до Колорадо за викендот, додека уште еден бран дожд и силен ветер се очекува на Источниот брег во недела навечер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер