Во Кавадарци започна со работа Итна стоматолошка служба

 Приемот на итни пациенти се врши секој работен ден од 08 до 20 часот, а сабота и недела од 08 до 15 часот.

Поради времено затворање на приватните стоматолошки ординации, во просториите на Службата за детска и превентивна стоматологија при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност во Кавадарци, започна со работа итна стоматолошка служба. Приемот на итни пациенти се врши секој работен ден од 08 до 20 часот, а сабота и недела од 08 до 15 часот.

– Пациентот е должен прво телефонски да го контактира својот матичен стоматолог, кој треба да му земе детална анамнеза и да му даде совет за надминување на стоматолошкиот проблем (терапија за намалување на болката или антибиотска терапија), појаснуваат од Болницата.

Матичниот стоматолог, велат оттаму, е должен да ја контактира итната стоматолошка служба и да закаже термин за стоматолошка интервенција на неговиот пациент.

– Закажувањето на термин е само во случај на силна постојана забоболка која не поминува ниту со лекови, акутна инфекција изразена преку отоци, тешко отварање на уста и покачена телесна температура, поголеми крварења кои не сопираат подолг временски период и скршеници на заби и вилици, нагласуваат од Болницата. 

притисни ентер