Во Кавадарци се одржа средба со бизнис секторот, преку проект на амбасадата на Швајцарија - Канал 5

Во Кавадарци се одржа средба со бизнис секторот, преку проект на амбасадата на Швајцарија

Денеска во Кавадарци се одржа неформална средба преку проект поддржан од Швајцарска амбасада со бизнис секторот.

Во Кавадарци се одржа средба со бизнис секторот, преку проект на амбасадата на Швајцарија

„Ова е редовна пракса во европските компании и треба така да биде кај нас, бидејќи се стремиме кон влез во ЕУ“ , рече градоначалникот Митко Јанчев на средбата и додаде дека придобивките од влезот во Европската Унија е меч со две острици.

„Доколку нашите компании не се доволно подготвени во однос на европските компании во делот на конкурентост, кавалитет, ликвидност, тогаш нашите компании нема да може да опстанат. Ова е прва ваква средба на швајцарската амбасада, со оглед на развојот на Кавадарци. Компаниите пројавија доволен интерес и од утре веќе ќе стапат во контакт.“, рече меѓу другото градоначалникот Митко Јанчев.

Герасимовски: Повикот за музичката манифестација „Нешто што ќе остане” трае до утре, пријави се!

„Лани, ‘Нешто што ќе остане’ беше нашиот настан на годината. Заедно со скопјани уживавме во добра квалитетна музика, ги пеевме најпознатите македонски хитови. 

Герасимовски: Повикот за музичката манифестација „Нешто што ќе остане” трае до утре, пријави се!

Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите регистрирани здруженија, организации и правни субјекти што работат во полето на културата и кои имаат седиште во Општина Центар, да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка за реализација на музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“. Тој потенцира дека оваа музичка манифестација и годинава повторно ќе го размрда Паркот на франкофонијата со звуците на македонските изведувачи.

„Лани, ‘Нешто што ќе остане’ беше нашиот настан на годината. Заедно со скопјани уживавме во добра квалитетна музика, ги пеевме најпознатите македонски хитови. Културата е таа којашто не спојува, културата е душата на Центар, на Скопје. Затоа, ги повикувам сите заинтересирани да се пријават на настанот и повторно да создадеме нешто што ќе остане, што ќе го паметиме и ќе бидеме горди“, вели Герасимовски.

Општина Центар бележи континуирано зголемување на буџетот за култура, кој од 4 милиони денари на почетокот на мандатот на градоначалникот Герасимовски, денес изнесува 13 милиони денари, што претставува трикратно зголемување.

Овој повик нуди можност за финансиска поддршка до 1.840.000 денари за организација на културниот настан, со цел поддршка на македонската музика, уметници и продукција. Пријавените треба да предложат целосна четиричасовна програма со реномирани македонски изведувачи и водител, како и целокупна логистика за реализација на настанот.

Рокот за пријавување трае до утре (четврток), односно 7 дена од денот на објавувањето на повикот на веб-страницата на Општина Центар: www.centar.gov.mk

Пријавите се доставуваат во архива (барака 6) или по пошта на адреса: Општина Центар – Скопје

Сектор за јавни дејности / Одделение за култура

ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, 1000 Скопје

со назнака: „Јавен повик за финансиска поддршка за реализација на проектот ‘Нешто што ќе остане’“

Формуларот за пријава е достапен на веб-страницата на Општината: https://www.centar.gov.mk/?p=25930

Општина Центар

Иран заплени странски танкер за шверц на два милиони литри гориво

Иран заплени странски танкер во Оманскиот Залив за шверц на два милиони литри гориво, соопштија судските власти во иранската покраина Хормозган, цитирани од британските медиуми.

Иран заплени странски танкер за шверц на два милиони литри гориво

„За време на континуираниот процес на следење и контрола на сомнителни движења за шверц на гориво во Оманскиот Залив, службениците прегледаа странски танкер поради недостаток на соодветни документи за неговиот товар и го запленија под обвинение за транспорт на два милиони литри шверцувано гориво“, се наведува во соопштението на судските власти, цитирано од полуофицијалната иранска агенција Мехр.

Во соопштението се додава дека 17 членови на екипажот на танкерот се уапсени и дека е отворен случај.

Нема непосредни информации за името на танкерот или кое знаме го пловеше, забележувата британските медиуми.

Иран, каде што цените на горивата се меѓу најниските во светот поради дарежливите субвенции и остриот пад на вредноста на националната валута, се обидува да се справи со широко распространетиот шверц на гориво по копно до соседните земји и по море до арапските земји.

„Дејствата на шверцерите на гориво, кои во координација со странци се обидуваат да го ограбат националното богатство, нема да останат скриени од судството, а казните за сторителите, доколку се докажат нивните злосторства, ќе бидат немилосрдни“, се наведува во соопштението на судот.

НБ: Се намалуваат надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА

Во рамките на активностите за модернизација на платниот систем и за поттикнување на електронските плаќања, Советот на Народната банка на седница донесе одлука за целосно нов модел за тарифирање на банките.

НБ: Се намалуваат надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА

Во рамките на активностите за модернизација на платниот систем и за поттикнување на електронските плаќања, Советот на Народната банка на седница донесе одлука за целосно нов модел за тарифирање на банките за извршување и порамнување на плаќањата во Македонскиот интербанкарски платен систем.

Моделот, како што информираат од Народната банка, се заснова на принципите и практиките на централните банки во евросистемот за фиксни и предвидливи надоместоци според обемот на трансакциите, со што, велат, се создава простор за поедноставување и намалување на надоместоците што банките ги наплаќаат од клиентите за извршување на електронските плаќања преку платните системи во земјата.

-Воедно, Советот на Народната банка воведе тарифа за плаќањата на државните органи во евра со земјите од СЕПА во фиксен износ од 3 евра по трансакција за електронски иницираните налози и 5 евра за налозите иницирани на хартија. Ниските и фиксни надоместоци по трансакција, во споредба со варијабилните надоместоци во зависност од износот на трансакцијата коишто ги налагаат сложените кореспондентски аранжмани со странските банки, ќе доведат до значителна заштеда за државата при извршувањето на плаќањата на државните органи со европските земји, се вели во денешното соопштение од Народната банка.

Одлуката, донесена на вчерашата седница, велат од Банката, се носи во контекст на приклучувањето на нашата земја кон СЕПА и фазата на усогласување со европските стандарди којашто е во тек, а со која се создава основа за пошироко намалување на трошоците за прекуграничните плаќања во евра, како од страна на Народната банка за државните органи, така и од страна на банките за своите клиенти.

-Народната банка и натаму активно ќе работи на поедноставувањето и намалувањето на трошоците за плаќањата во земјава и кон земјите од СЕПА со крајна цел ‒ подобра услуга за граѓаните и поволна деловна средина за компаниите, нагласуваат од Народната банка.

На истата седница Советот на Народната банка го усвоил и Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2025 година.

-Во услови на стабилен раст на економската активност, благо забрзана инфлација и зголемена неизвесност од надворешното окружување, банкарскиот сектор ja задржа стабилноста. Кредитната и депозитната активност бележат солиден годишен раст, а показателите за солвентноста, ликвидноста и квалитетот на кредитното портфолио и натаму се поволни. Растот на добивката на банкарскиот систем забавува во однос на истиот период лани, главно поради намалените каматни приходи. Народната банка и натаму ќе биде претпазлива во политиките, имајќи ги предвид светските ризици и ќе биде посветена на одржувањето на стабилноста на банкарскиот систем, велат од Народната банка.

Советот на Народната банка ја усвоил и Одлуката за воведување нов систем за прибирање и доставување податоци од банките и штедилниците. Новиот систем ИСИДОРА ќе овозможи пообемни и поквалитетни податоци за монетарната статистика, супервизијата и финансиската стабилност, усогласени со европските и меѓународните стандарди. Со фазна примена, системот ќе ја замени досегашната практика и ќе придонесе за поефикасно, пофлексибилно и поедноставно известување.

притисни ентер