Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк
1Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк
3Божиновска со младите добитници на „Инженерскиот прстен“: Вашите идеи се енергија за развојот на Македонија
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ЗабаваВо Кавадарци работилница за изработка на оригамиКСП ПОДИУМ – Јадро денеска организира работилница за изработка на оригами. Деца од сите возрасти ќе имаат можност да се запознаат со оваа традиционалната јапонска вештина, да дознаат повеќе за историјата на нејзината техника и да се забавуваат. Работилницата ќе се одржи во познатото музичко парче (парк Полана) во Кавадарци, а целта е е да се развие креативноста и моторните движења кај младите, тренирање на меморијата и логичното размислување, учење да го концентрираат вниманието. Децата низ работилницата ќе ги води Афродита Николоска, дипломиран моден дизајнер. Тие ќе научат да изработат оригинални фигури и форми од хартија – животни, цветови, декоративни предмети, ќе добијат шема со детална инструкција од оригамите кои ќе ги изработат и мали подароци од организаторите. Николоска е родена во Скопје. Оваа година ги заврши своите додипломски студии во Санкт Петербуржската државна академија за уметност и индустрија именувана по А. Л. Штиглиц, факултет „Дизајн", смер „Моден дизајн", каде ќе ги продолжи постдипломските студии. Љубовта кон техниката оригами ја негува уште од детството. Многугодишното искуство на правење оригами и помогнало да ја совлада оваа техника, и многукратно и послужило како инспирација за проекти и модни колекции. Оригами („превиткана хартија") е јапонска техника на виткање и обликување хартија, вид ракотворба погодна и за деца и за возрасни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во ЊујоркМинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД).Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД), каде што ќе учествува на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026), организирани од Светскиот економски форум. Министерката ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“. На сесијата ќе се дискутира за предизвиците и можностите за економски раст во новите глобални услови, со посебен фокус на енергетската сигурност, инвестициите, одржливоста и конкурентноста.Тагови: Димитреиска -Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио КоштаМакедонската делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски, учествуваше на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше претседателот на Европскиот совет.„Учество на седницата во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации, со која претседаваше претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Момент на важни разговори и размена на ставови за прашања од глобално значење, во рамки на највисоката меѓународна платформа за дијалог и соработка“- објави Мицксоки на Фејсбук. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29
МакедонијаБожиновска со младите добитници на „Инженерскиот прстен“: Вашите идеи се енергија за развојот на Македонија Божиновска и годинава се сретна со најдобрите млади инженери.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и годинава се сретна со најдобрите млади инженери – добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, разговарајќи со нив за нивните идеи, интереси, проекти и визијата за професионалната иднина. Младите инженери пред министерката ги претставија областите во кои се развиваат, проектите во кои се вклучени, темите што ги мотивираат, но и своите очекувања за професионалниот развој и можностите преку кои своето знаење и експертиза можат да ги стават во функција на развојот на земјата. Божиновска ги охрабри младите инженери да не застануваат тука – да продолжат да учат, да создаваат, да иновираат и храбро да ги претвораат своите идеи во решенија што ќе придонесат за развојот на државата. „Секоја држава има потреба од знаење, но уште повеќе има потреба од млади луѓе кои знаењето знаат да го претворат во идеи, а идеите во конкретни решенија. Вашиот успех не е само личен успех – тој е и потенцијал за напредок на Македонија. Затоа, никогаш не престанувајте да прашувате, да истражувате и да создавате. Вратите на Министерството се отворени за младите, за нивните идеи, иницијативи и проекти, порача министерката Божиновска. На средбата се разговараше и за можностите за поголемо поврзување на младите инженери со институциите, за нивното учество во идни проекти и за создавање услови нивното знаење и иновативност да бидат дел од развојните процеси во земјата. Министерката посочи дека токму ваквите средби се можност институциите директно да слушнат што размислуваат младите, со какви предизвици се соочуваат и какви можности очекуваат. „Ни требаат млади инженери кои ќе останат храбри во своите идеи и упорни во нивната реализација. Државата мора да создава простор за нивниот развој, а институциите да бидат нивен партнер. Сакам младите да знаат дека имаат место, можност и соговорник во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.“ Како симболичен поттик за нивните досегашни достигнувања и идните професионални успеси, Божиновска на младите инженери им додели посебни признанија за инженерски потенцијал и развој, со порака да продолжат по патот на знаењето, иновациите и професионалниот успех. Признанијата „Инженерски прстен“ годинава се доделуваат по 23. пат, а досега со ова престижно признание се закитиле вкупно 257 инженери. Годинашни добитници се Марта Митева, Арбана Касами, Антонио Томески, Јане Коцески, Мила Саздова, Огнен Пендаровски, Марија Симоновска, Никола Петровски, Михаил Трајков, Мила Чолакоска, Стефана Димитриеска, Симеон Наловски, Стефан Спасов и Тамара Атанасова, од Архитектонскиот, Факултетот за применети науки при Универзитетот во Тетово, Градежниот, Машинскиот, Технолошко-металуршкиот, ФЕИТ, Факултетот за земјоделски науки и храна, ФИНКИ, ПМФ, Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Техничкиот факултет при УКЛО, Факултетот за информатички и компјутерски технологии при УКЛО и Факултетот за природни и технички науки и Факултетот за информатика при УГД. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува отворено за младите – за нивните знаења, идеи и енергија, како важен дел од создавањето на модерна, иновативна и развојна Македонија. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29