Во Кавадарци проект „Состојбата на физичкиот фитнес, нутритивниот статус и статусот на стапалата кај децата и младите" - Канал 5

Во Кавадарци проект „Состојбата на физичкиот фитнес, нутритивниот статус и статусот на стапалата кај децата и младите"

Во изминатиот период во сите основни училишта успешно се реализираше проектот, во кој беа вклучени 1.460 ученици од второ до петто одделение од основните училишта во општината. 

Во Кавадарци проект „Состојбата на физичкиот фитнес, нутритивниот статус и статусот на стапалата кај децата и младите"

Проект насловен „Состојбата на физичкиот фитнес, нутритивниот статус и статусот на стапалата кај децата и младите од Општина Кавадарци", во соработка со универзитетот Свети „Кирил и Методиј“-Скопје, Факултет за физичко образование, спорт и здравје, се реализира во Кавадарци. Во просториите на Локалната самоуправа, градоначалникот Митко Јанчев и деканот на Факултерот за физичко образование и спорт Влатко Неделковски, ги презентираа резултатите од спроведеното мерење на учениците од сите основни општински училишта.

- Во изминатиот период во сите основни училишта успешно се реализираше проектот, во кој беа вклучени 1.460 ученици од второ до петто одделение од основните училишта во општината. Целта на проектот е следење на нивниот физички развој и доколку има проблем во физичкиот развој родителите да бидат информирани, а истовремено и целта на оваа активност е да се откриваат и детектираат и спортските предиспозиции кај учениците, појасни градоначалникот.

Тој информираше дека податоците од мерењата ќе бидат достапни во електонска форма и се достапни за родителите. Договорот за проектот бил тригодишен и продолжува.

На прашање од МИА, Неделковски соопшти дека повеќе од полвина од популацијата е во одлична кондиција, имало потхранети но и деца со зголемена килажа, како и дебели деца. Во однос на стандардите и ситуацијата во Европа и регионот, статистички, сме биле тука некаде. Функционалноста, здравствената состојба, срцевосадовиот систем биле во одлична состојба и добра кондиција. Децата можеле да изведуваат физички активности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е ликвиден, сервисирани се сите обврски

Буџетот е ликвиден, сервисирани се сите обврски, повратот на ДДВ кон компаниите е поголем за 4,7% во споредба со лани.

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е ликвиден, сервисирани се сите обврски

До крајот на оваа година не се планира издавање нова Еврообврзница. Се она што беше планирано со Буџетот за 2026 година при неговото носење за обезбедување средства најпрвин за отплата на старите долгови е веќе реалзирано и останува до крајот на годината обезбедување средства за финансирање на буџетскиот дефицит. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во телевизиско интервју.

„Согласно проекците на буџетот и како беше испроектирано со носењето на Буџетот така се одива финансирањето. Сето она што значеше да обезбедиме средства најпрвин за отплата на старите долгови, сето тоа ние го направивме и дополнително на тоа она што треба да го обезбедиме до крајот на годината за сервисирање на буџетскиот дефицит. Тука имаме уште обврски или побарувања по основ на државни хартии од вредност или надворешно некаде меѓу 250 и 300 милиони евра со цел сето она што ни било планирано да се реализира, но секако дека дел од тоа салдо ќе се пренесе и во 2027 година“, рече министерката за финансии.

Таа додаде дека за годинава нема планирано издавање нова еврообврзница и потсети дека Еврообврзница веќе се издаде во јануари со која се сервисираше Еврообврзницата издадена во 2020 година од 700 милиони евра и дека минатата недела е исплатена во целост. При тоа додаде дека во текот на денот е пристигнат приливот од кредитот од странски банки во износ од 260 милиони евра и се пристигнати средствата согласно Реформската агенда со што потенцира дека се што е планиранот е изреализирано.

„Ние оваа година имаме огромни обврски и секоја следна и постојано тоа го комуницираме. Тоа значи дека првин треба да обезбедиме пари да ги вратиме старите долгови. Не се случило во светот, освен Либан, да имала доцнење во сервисирање на своите обврски. Тоа е нешто најстрашно што може да се случи на една држава. Кога обврските ви се секоја година огромни вие првин имате фокус и задача да ги сервисирате тие обврски, а понатаму се трудите да обезбедите колку можете за покривање на буџетскиот дефицит од тековната година“, истакна министерката.

Таа посочи дека најгоелмата тежина на Министерството за финансии е што сите долгови се сконцентрирани во 4 години и дека секоја година сигурно ќе има потреба од издавање на еврообврзница, меѓутоа потенцира дека сигурно рочноста и структурата ќе се приспособи се со цел да не се повторат грешките на претходната Влада.

Осврнувајќи се дека јавниот долг во континуитет е на ниво околу 60% потенцира дека зголемвуањето на долгот или задолжувањето не е страшно ако е правилно насочено.

„Секој нов долг насочен кон одреден проект што ќе има додадена вредност за економијата во суштина ќе го намалува тој процент на јавен долг и во овој момент сметам дека Владата успешно тоа го менаџира затоа што состојбата што ја наследивме беше алармантна“, рече министерката, дополнувајќи дека покрај другото како обврска е реализирана и отплата на првиот дел од солидарниот данок кон компаниите во износ од 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра, што исто така е обврска наследена од претходната Влада.

Таа потенцира дека Буџетот е тековен, ликвиден и нема никаков проблем со сервисирање на обврските.

Посочи дека покрај јавните инвестиции се случуваат и инвестиции во приватниот сектор што се гледа преку двоцифрениот раст на кредитите како и поддршката обезбедена од Владата со унгарскиот заем. При тоа истакна и дека се врши навремено и редовно повратот на ДДВ кон компаниите и дека заклучно со мај 2026 година има поголем поврат на ДДВ во однос на истиот период лани за 4,7%.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче секојдневно бара Уставни измени, повеќе дури и од Бугарите

Филипче испадна поголем Бугарин дури и од самите Бугари.

Манасиевски: Филипче секојдневно бара Уставни измени, повеќе дури и од Бугарите

На Филипче не му се слушаат пофалните зборови на Антонио Кошта во делот на Реформската агенда, како и добиените финансиски средства од Планот за раст, тој оди со главата во ѕид, работејќи во полза на бугарските власти и знае само за една реформа, а тоа е уставни измени.

СДС важи за партија којашто низ историјата на независна Македонија, водела исклучиво погубни политики во делот на евроинтегративниот процес на државата.

Од промена на знаме, име, Устав, до денес барањата на Филипче за редефинирање на историјата, јазикот, културата и идентитетот.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи повеќе национални понижувања. Времето на отстапки и исполнување на туѓи агенди заврши.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секси мајка: Дилет изгледа неверојатно по породувањето

Една од најибавите телевизиски водителки на светот, атрактивната Италијанка, Дилета Леота го официјализираше враќањето кон својот препознатлив провокативен изглед на својот Инстаграм профил.

Секси мајка: Дилет изгледа неверојатно по породувањето

Нејзините следбеници беа изненадени и не можеа да поверуваат дека таа се врати во топ форма толку брзо по породувањето.

Една од најибавите телевизиски водителки на светот, атрактивната Италијанка, Дилета Леота го официјализираше враќањето кон својот препознатлив провокативен изглед на својот Инстаграм профил.

Италијанската спортска водителка се породи пред три недели и донесе син на свет. Таа веќе има ќерка со сопругот, германскиот голман Лорис Кариус.

Дилета, која многумина ја сметаат за една од најатрактивните жени во светот, објави фотографија на која лежи на кауч во црна облека.

Носеше облека што личи на костим за капење. Нејзините следбеници беа изненадени и не можеа да поверуваат дека толку брзо се вратила во врвна форма по породувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер