Во Кавадарци одбележана 24-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување - Канал 5

Во Кавадарци одбележана 24-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување

Дваесет и четири годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување, беше одбележана вечерва на градскиот плоштад во Кавадарци. 

Во Кавадарци одбележана 24-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување

На плоштадот и во општинската зграда беше изведена и тактичко - показна вежба.

Како што истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министри, дипломати, многубројни гости и граѓани, овој ден е посветен на сите припадници на ЕБР, на оние што и денес се во служба, на оние што низ годините со чест ја носеле униформата, на семејствата кои секогаш стојат зад нив, но и на нашите херои што го положија својот живот во извршување на службената должност.

-Одбележуваме 24 години од формирање на ЕБР, години исполнети со професионализам, пожртвуваност и верност кон државата и граѓаните. Во тие години, дел од нашите припадници ја платија највисоката цена, го дадоа својот живот за Македонија. Нивната жртва е втемелена во историјата на ЕБР и останува трајна обврска за сите нас да продолжиме по патот што тие го трасираа, нагласи министерот.

Тој додаде дека единицата за брзо распоредување низ годините се изгради како современа, добро обучена и доверлива формација.

-Нејзините припадници постојано ги усовршуваат своите способности и знаења, следејќи ги највисоките полициски стандарди и прилагодувајќи се на новите безбедносни предизвици. Тоа што ја прави ЕБР посебна е фактот дека секој нејзин припадник е подготвен да преземе одговорност и да дејствува во најтешките и најризичните ситуации, каде одлуките мора да се донесат за секунди. Во изминатите две и пол децении, ЕБР се втемели како симбол на сигурност и брза реакција, вистински штит на државата и граѓаните, подвлече Тошковски.

И тоа е очигледен факт, рече, што не прави горди сите нас.

-А особено најблиските на нашите поранешни и сегашни колеги што гордо ги носеле и ги носат униформите на Единицата за брзо распоредување. Во изминатава година со многу работа и посветеност успеавме да го стабилизираме системот, да го вратиме редот и да го раздвижиме механизмот кој со години беше закочен. Ова беше година на консолидација, но и покрај тоа постигнавме резултати какви што не беа постигнати години наназад. Тоа е доказ дека кога има волја и посветеност, резултатите доаѓаат, посочи министерот.

Тој рече дека разбиени се опасни криминални групи, расветлени се стотици кривични дела, запленета е дрога која ќе завршеше кај нашите млади, спречени се илјадници обиди за нелегален влез во државата, поднесени се десетици пријави за корупција.

Притоа истакна дека дојде време да покажеме дека државата е посилна од било кој криминалец, било која мрежа, било која коруптивна структура, дојде време да си ја вратиме довербата во институциите.

-А токму во остварувањето на овие цели со гордост можам да кажам дека припадниците на Единицата за брзо распоредување имаа и имаат незаменлива улога. Вие сте тие што сте на првата линија, вие сте тие што секојдневно ја носите тежината на униформата, а со неа и одговорноста да се застане во одбрана на животот, на мирот и на безбедноста на граѓаните. Вашата работа е тивка, но вашите дела зборуваат гласно. И токму затоа, еден од нашите приоритети ќе биде да ја негуваме, унапредуваме и опремуваме Единицата за брзо распоредување, бидејќи Македонија има потреба од силна полиција што секогаш е подготвена да се исправи пред предизвиците. Ние сме должни да ви обезбедиме најдобри услови, современа опрема и обуки, затоа што вие тоа го заслужувате, подвлече Тошковски.

Нашата определба, рече, е да изградиме систем каде нема да има страв, каде законите ќе важат еднакво за сите и каде државата ќе биде сојузник на граѓаните, а не на криминалците. Ова е борба, додаде, за иднината на нашата земја, борба за подобра и посигурна држава за сите нас.

-Сега имаме министерство што делува одговорно и полиција што е блиску и работи во интерес на народот. Впрочем и денешново наше присуство, односно чествување на денот на Единицата за брзо распоредување овде во Кавадарци е реален показател за нашата одлучност да бидеме што поблиску до сите наши сограѓани, во сите места низ државата. А кавадарчани покажале дека знаат да ги ценат напорите на македонската полиција, профилирајќи се како нејзини вистински партнери, кои континуирано тежнеат кон зголемување на безбедноста во заедницата и јакнење на меѓусебната доверба, нагласи министерот.

Во тој контекст, додаде тој, развојот и иднината на Единицата за брзо распоредување треба да ги гледаме како дел од севкупниот напредок на полицискиот систем. Особено денес, во време на сериозни регионални и глобални предизвици, улогата на ЕБР е клучна. Со својата специјалност и надлежности, таа отсекогаш била и ќе биде во првите редови на борбата против секаков вид на закани по безбедноста на државата.

- Затоа, без ни грам сомнеж, за Министерството за внатрешни работи унапредувањето и опремувањето на ЕБР е меѓу врвните приоритети, посочи министерот.

Досегашниот командант на Единицата, Зоран Јанаќијев, во оваа прилика изрази најдлабока почит кон сите колеги и другари, припадници на ЕБР, кои што ги дадоа своите животи во исполнувањето на задачите во одбрана на безбедноста и сигурноста на нашатата земја и на нашите граѓани. Тој упати благодарност и до сите поранешни припадници на Единицата, чиј придонес е длабоко вткаен во нејзиниот развој и напредок.

Тој рече дека единицата за брзо распоредување навлегувајќи во својата трета деценија од постоење денес - технички, професионално и организационо - веќе е прерасната во една од темелните полициска формација, пред се во делот на она што значат посебни и специјални полициски задачи и области на делување, чија што позиција, улога и функционалност се незаобиколни во полициското секојдневие, односно во остварувањето на сите зададени безбедносни задачи и цели.

- Тежнеејќи, во сите овие години зад нас, кон градење и воспоставување на квалитетни професионални стандарди соодветно на вредностите и нормите на сличните такви европски специјализирани полициски единици, можеме да констатираме дека Единица за брзо распоредување, согласно своите одлики и широки оперативни перформанси, денес претставува една од суштинските структури во реализирањето на безбедносните концепти на нашата држава, а пред се во интерес на сигурноста и заштитата на граѓаните, на материјалните добра, на правниот поредок и јавниот ред и мир, истакна тој.

Всушност, додаде, активностите на Единицата, односно на нејзините припадници можеме да ги опишеме како еден широк спектар од полициски делувања.

Вклучително и учество во актуелното справување со пожарите преку планското асистирање во активности на Центарот за управување со кризи, на секторите за внатрешни работи, на противпожарните единици и локалните власти, на подрачјата зафатени со пожари, па се до учество во мисии за спасување или потрага по исчезнати или повредени лица, особено во рурални и тешко пристапни средини.

Стручно-техничката поставеност и обученост на Единицата, рече, овозможува нејзините капацитети постојано да бидат на располагање за исполнување на сите зададени задачи.

Така што, подвлече, ЕБР се позиционираше како една од клучните алки во новите концепти на полициско работење на Бирото за јавна безбедност, пред се во поглед на концептот на полицијата како сервис на граѓаните.

-Секако, свесни сме дека постојаната динамичност на процесите бара и постојано унапредување на капацитетите на единица особено од аспект на стручно-професионалната наобразба и едукација и во тој смисол припадниците на Единицата партиципираат во низа обуки од доменот на надлежност на организационата единица, како што е на пример воспоставувањето на нарушен ЈРМ во поголем обем, потоа изведување на полициски операции во урбана средина и изведување на полициски операции во рурална средина, како и низа други специјалистички обуки. Целосно сме насочени особено кон техничко-технолошко надградување и примена на сите нови и модерни средства и опрема во извршување на секојдневните задачи како што на пример е употребата на беспилотните летала, истакна Јанаќијев.

Независно што неговиот работен статус по сила на закон наскоро престанувал заради пензионирање, тој рече дека го нагласува неспорниот факт дека општ и неподелен е стремежот на сите припадници на ЕБР да се продолжи во правец на натамошно функционално и организационо модернизирање на единицата.

- Длабоко сим убеден дека Единицата, со поддршката што ја има од надлежните и надредени структури во министерството, таквите цели ќе ги исполни во целост, посочи Јанаќијев.

Беа доделени плакети, благодарници и пофалници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извадиле тигар од кафез за да снимат ТикТок видео- момче загина пред очите на татко му (Вознемирувачко видео)

Деветнаесетгодишно момче почина од сериозни повреди откако беше нападнато од тигар во приватна фарма за диви животни во пакистанскиот град Лахор.

Извадиле тигар од кафез за да снимат ТикТок видео- момче загина пред очите на татко му (Вознемирувачко видео)

По трагичниот инцидент, полицијата уапси три лица, вклучувајќи го сопственикот на фармата и добро познат корисник на TikTok.

Животното ја загуби контролата

Нападот се случил во среда вечерта на фарма во населбата Кана, кога, според полициското соопштение, корисник на ТикТок дошол на имотот за да снима содржина со тигарот.

За време на снимањето, животното ја изгубило контролата и го нападнало 19-годишниот земјоделски работник Талха, кој претрпел повреди опасни по живот. Младиот човек бил однесен во приватна болница, каде подоцна починал, објавува Bild.

Според локалните медиуми, тигарот претходно бил изнесен од кафезот за да снима видео содржина за социјалните медиуми. Во времето на нападот, животното било надвор од кафезот, врзано со долг синџир.

Таткото и братот на починатиот млад човек, кој исто така работел на фармата, наводно биле присутни на нападот.

Покрената е кривична постапка

Во жалбата поднесена од таткото на жртвата се наведува дека тигарот бил изваден од кафезот за да учествува во снимањето, што е забрането со прописите во пакистанската покраина Пенџаб.

Чувањето големи мачки во таа покраина е предмет на строги правила. Животните мора да бидат регистрирани и микрочипирани, додека јавното прикажување на животни надвор од затворените простори е изрично забрането.

По нападот, полицијата ги уапси сопственикот на фармата, Фејза, и TikToker-от, а трето лице подоцна беше приведено.

Истражителите проверуваат дали сопственикот имал важечка дозвола за чување на тигарот, какви безбедносни мерки биле спроведени на имотот и дали имало небрежност што довела до смртта. Покрената е и кривична постапка.

Властите запленија и 33 лавови

Тигарот беше предаден на надлежните служби за заштита на дивите животни, додека, според пакистанските медиуми, од фармата беа запленети и 33 лавови. Медиумските извештаи наведуваат дека лиценцата за работа на фармата истечела во 2025 година.

Полицијата истражува и вели дека по нападот, бил направен првичен обид сериозните повреди на младиот човек да се прикажат како резултат на напад од куче, а не од тигар.

Сè уште не е познато кој се обидел да ги прикрие вистинските околности на инцидентот или од која причина. Истрагата за околностите на трагедијата е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)

Полицијата во американската сојузна држава Џорџија соопшти дека двајца 13-годишници предизвикале застрашувачки инцидент на саемски рингишпил, во кој се повредени неколку лица, меѓу кои и две деца. 

Тинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)

Тинејџерите ги игнорирале предупредувањата да не се грабнуваат и влечат еден на друг за лулашките за време на возењето. Поради ова, како што се наведува, настанал „целосен хаос“ - патниците неконтролирано се свртеле и налетале еден на друг.

Канцеларијата на шерифот на округот Колумбија изјави за локалните станици CBS WRDW и WKRC дека 13-годишните деца биле предупредени пред да започне возењето да не се фаќаат еден за друг и да не ги свртуваат седиштата еден кон друг. Сепак, тие го направија тоа, пренесуваат медиумите. Против двајцата тинејџери се поднесени кривични пријави, јавува Law&Crime.

На видеото кое стана вирално и објавено на Јутјуб и на социјалните мрежи, рингишпилот на есенскиот саем на округот Колумбија во Гроутаун може да се види како се врти надвор од контрола додека патниците се во паника.

Кристен Марфи, мајка чии две деца биле на вртелешката, изјавила за WRDW дека сè изгледа како „тотален хаос“ и дека се плаши дека средството ќе „се распадне“ пред нејзините очи.

„Не знам дали некогаш повторно ќе одам на саем“, рече Марфи.

„Овие уреди постојано се поставуваат и се симнуваат. Ги оставате децата да ве зборуваат да одите на возење, мислите дека тоа е добра идеја. А потоа, следниот момент, се случува вакво нешто“, додаде таа.

Новинарката на WRDW Мередит Андерсон во саботата објави на Фејсбук дека една жена била повредена кога се судриле лулашките и била однесена од саемот со брза помош. Подоцна, таа извести дека жената сè уште е во болница.

Според извештаите, најмалку две деца се повредени.

На видеото се гледа како рингишпилот ги врти патниците наоколу и успорува додека две лица на одделни висечки лулашки се обидуваат да се држат еден за друг, според WRDW. Според медиумот, се чини дека рингишпилот станал нестабилен додека лулашките се вртеле околу централната структура.

Портпаролот на канцеларијата на шерифот изјави за WRDW дека истражителите веруваат дека тинејџерите намерно предизвикале рингишпилот да изгуби контрола. На нивните родители им била доставена документација со детали за обвиненијата, а двајцата тинејџери потоа им биле предадени на нивните родители.

Властите не дадоа дополнителни детали за обвиненијата. Според WKRC, тинејџерите биле обвинети за непристојно однесување.

Погледнете ја снимката од овој хаос:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макрон се обиде да ја прегрне исландската премиерка- настана непријатен момент

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир.

Макрон се обиде да ја прегрне исландската премиерка- настана непријатен момент

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир, но таа, судејќи според фотографијата што брзо стана вирална, избега од неговата прегратка.

На фотографијата се гледа како Макрон е наведнат кон Фростадотир, очигледно обидувајќи се да ја прегрне, додека таа малку се повлекува назад, но ја држи раката на неговото рамо. Исландскиот премиер го бара фотографот што го забележал овој момент, додека францускиот претседател се насмевнува и ја гледа во очи.

Фотографијата е направена за време на состанокот на европските лидери на тркалезната маса на Европската политичка заедница во Даблин, пишува Дејли меил.

Брегзит во центарот на разговорот

Сепак, самитот беше обележан и со дискусии за идните односи меѓу Велика Британија и Европската унија. Енди Бернам го искористи собирањето на европските лидери за да го засили своето залагање за промена на односите меѓу Лондон и Брисел, додека се обидува да ги дотера условите на својот план за „ресетирање“ на тие односи.

Се очекува тој да разговара за претстојниот пакет со лидери, меѓу кои Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Сепак, расте загриженоста дека Бернам би можел да направи значителни отстапки за да обезбеди подобри трговски услови на самитот ЕУ-Велика Британија закажан за следниот петок.

Можните отстапки вклучуваат финансиски придонеси во буџетот на ЕУ, шема за слободно движење за млади луѓе и прифаќање на правилата на ЕУ. Од друга страна, земјите-членки се подготвуваат за тешки преговори околу барањето на Лондон за пониски школарини за британските студенти.

Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд, наводно понудил да ја води кампањата за презентирање на можен договор пред јавноста.

Во меѓувреме, Бернам, исто така, започна поширока иницијатива за повторно приклучување кон Европската Унија по следните избори, што предизвика несогласувања во владата, и покрај наредбата на премиерот министрите да останат неутрални во јавноста.

Камерон предупредува за враќање во ЕУ

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон предупреди синоќа дека Велика Британија не треба повторно да се приклучи кон Европската Унија, повикувајќи го Бернама да престане да го обвинува Брегзит за економските проблеми на земјата.

Камерон рече дека повторното отворање на „болната дебата“ за Брегзит нема да донесе никаква корист. Неговата влада падна по референдумот за ЕУ ​​во 2016 година, на кој тој ја водеше кампањата за останување во блокот.

„Кога ќе ги погледнете економските проблеми што ги имаме денес, навистина не мислам дека тие имаат врска со Брегзит“, изјави Камерон за Блумберг.

Се очекува британскиот премиер да одобри серија договори на самитот следната недела што ќе ги опфаќа трговијата со храна и пијалоци, шемата за тргување со емисии и програмата за „искуство на младите“.

Во друга можна отстапка кон Брисел, министрите наводно се подготвени да ги усогласат целите за продажба на електрични возила со целите на ЕУ. Во исто време, расте притисокот Велика Британија да се приклучи на блокот во воведувањето царини за кинески автомобили.

Шефицата за надворешна политика на Европската комисија, Каја Калас, по пристигнувањето во Даблин, изјави дека „многу би сакала да ја види Велика Британија назад во Европа“, и покрај „траумата“ предизвикана од преговорите за Брегзит.

„Преговорите нема да бидат лесни, но мислам дека можеме да постигнеме напредок со мали чекори. Убеден сум дека, ако сме заедно, сме многу посилни кога станува збор за економијата, но и кога станува збор за безбедноста“, рече Калас.

Барнам најави дека ќе го искористи самитот следната недела и за „воспоставување сериозен дијалог“ за долгорочните односи меѓу Велика Британија и ЕУ, оценувајќи дека „останувањето во статус кво не е доволно добро за Велика Британија“.

Британскиот премиер претходно изјави дека би сакал да ја види земјата како се враќа во ЕУ за време на неговиот живот, а исто така најави дека наскоро ќе им претстави на гласачите „различни опции“ за идните односи со Унијата.

Спор околу слободата на движење

Неговиот повик за „отворена дебата“ за евентуалното враќање на слободата на движење предизвика бура во редовите на Лабуристичката партија.

Дополнителна конфузија предизвикаа неговите објаснувања за тоа како ќе им бидат претставени на гласачите какви било промени во изборните ветувања на Лабуристичката партија. Манифестот на партијата ја исклучи можноста за враќање во царинската унија и единствениот пазар на ЕУ.

Барнам првично рече дека нема да има промени во текот на тековниот парламентарен мандат, но навести дека можеби ќе се кандидира на следните општи избори со ветување дека ќе ја врати Велика Британија во ЕУ.

Сепак, во друго интервју, тој одговори негативно кога беше прашан дали би дозволил повторно воведување на слободно движење за граѓаните на ЕУ без референдум.

Како резултат на тоа, Даунинг стрит мораше да разјасни дека Барнам „не е посветен на ниту една страна“ кога станува збор за идната насока и евентуалната потреба од национален референдум.

Во писмо до членовите на кабинетот, Барнам изјави дека по самитот ќе бидат разгледани опциите за долгорочен однос со ЕУ, за кои ќе се одлучи во следниот парламентарен мандат.

„На крајот од овој процес, ќе ѝ ги презентираме на јавноста предностите и недостатоците на различните опции. Важно е во текот на овој период, како влада, да останеме кохерентни и дисциплинирани во начинот на кој комуницираме со јавноста. Нема да биде соодветно поединечните министри да се залагаат за конкретни опции или да изразуваат мислења за веројатниот исход од процесот“, напиша Барнам.

Поранешната конзервативна министерка Прити Пател го критикуваше неговиот пристап, велејќи дека неговата „опсесија со Европската Унија“ може да ѝ наштети на британската економија и да претставува дополнителен товар за даночните обврзници.

„Британскиот народ гласаше за напуштање на Европската Унија. Таа демократска одлука мора да се почитува, а не постојано да се поткопува од либерален левичарски естаблишмент кој одбива да ја прифати“, рече Пател.

Таа додаде дека, наместо повторно да ја отвори дебатата за Брегзит, Барнам треба да се фокусира на економски раст, намалување на даноците и регулативите и поддршка на британските компании. „Ни треба влада фокусирана на иднината на Британија, а не влада опседната со враќање во минатото“, заклучи поранешниот министер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер