Во Канада се појавило мистериозно и смртоносно заболување на мозокот - Канал 5

Во Канада се појавило мистериозно и смртоносно заболување на мозокот

Докторите во Канада се соочуваат со се поголем број на пациенти кои имаат симптоми слични на Кројцфелд-Јакобсовата болест, ретка болест која го напаѓа мозокот и обично се умира за неколку години.

Во Канада се појавило мистериозно и смртоносно заболување на мозокот

Но, кога подетално ги испитале пациентите, останале збунети затоа што пациентите биле негативни на тестовите за познатите заболувања на мозокот.

Пред скоро две години, Роџер Елис од Канада имал напади на 40-годишнината од бракот и се онесвестил. Елис, во шеесеттите години, во тоа време бил прилично здрав и уживал во пензијата по децении работење како индустриски механичар. После таа епизода, неговото здравје одеднаш почнало да опаѓа.

"Почна да има халуцинации, ослабе, стана агресивен. Во еден момент не можеше повеќе да оди. За три месеци заврши во болница и лекарите ни рекоа дека умира, но дека засега не знаат зошто. “, рече неговиот син Стив Елис.

Лекарите првично претпоставувале дека станува збор за болеста на Кројцфелд-Јакоб (ЦЈД). Оваа болест припаѓа на хуманата прионска болест. Кравската спонгиформна енцефалопатија (болест на луди крави) е варијанта на болеста. Симптомите на Кројцфелд-Јакоб вклучуваат деменција, мускулни контракции, промени во однесувањето, тешкотии во координацијата и оштетување на нервниот систем, а смртта се јавува во рок од една до две години.

ЦЈД исто така спаѓа во пошироката категорија на мозочни заболувања како Алцхајмерова, Паркинсонова болест и АЛС.

ЦБЦ, јавниот радиодифузен сервис во Канада, добил увид во писмото на Агенцијата за јавно здравје испратено до сите канадски медицински професионалци на почетокот на оваа година, во кое се предупредува на појава на голем број пациенти со непозната дегенеративна болест на мозокот, пренесува Би-Би-Си.

„Првото нешто што помислив - тоа е исто како и кај татко ми“, рече Стив Елис.

Неврологот Алиер Мареро од Универзитетскиот болнички центар Др. Жорж-Л-Думонт од Монктон вели дека лекарите првпат се соочиле со овие симптоми во 2015 година, но потоа сметале дека станува збор за „изолиран и нетипичен случај“.

Но, оттогаш се појавиле голем број пациенти со овие симптоми, доволно е да се каже сега дека ова не е изолиран инцидент, туку досега „непознат синдром“.

Експертите од канадската провинција Њу Бранзвик, од каде потекнува и Роџер Елис, изјавуваат дека во моментов следат 48 пациенти со мистериозни симптоми. Меѓу пациентите има еднаков број жени и мажи, на возраст од 18 до 85 години. Досега шест лица починале од оваа болест.

Повеќето пациенти неодамна, од 2018 година, започнале да имаат симптоми на оваа непозната болест, иако лекарите веруваат дека еден таков случај бил забележан и во 2013 година.

Симптомите се различни и варираат од пациент до пациент. Отпрвин се случуваат промени во однесувањето, како што се вознемиреност, депресија и раздразливост, заедно со необјаснета болка, болки во мускулите и грчеви.

Пациентите често имаат потешкотии со спиењето и проблеми со меморијата. Исто така, може да има проблеми со комуникациските вештини како што се пелтечење, повторување или неправилен изговор на зборови.

Симптомите вклучуваат брзо губење на тежината и мускулна атрофија, како и нарушувања на видот и проблеми со координацијата и присилно грчење на мускулите. Многу пациенти можат само по некое време да одат со штаки или во инвалидска количка.

Некои пациенти имале вознемирувачки халуцинаторни соништа или будни аудитивни халуцинации. Неколку заболени имале епизоди на Капграсов синдром, психијатриско нарушување во кое едно лице верува дека измамник заменува некој близок до него.

„Прилично вознемирувачки е затоа што, на пример, еден пациент би и рекол на својата сопруга:„ Извинете госпоѓо, не можете да легнете во кревет, јас сум оженет човек “. Ако неговата сопруга го кажеше своето име, тој ќе рече дека таа не е неговата вистинска сопруга “, рече Мареро.

Експертите ги тестираат пациентите за сите претходни и генетски болести, тестирајќи ги за вируси, бактерии, габи, тешки метали и абнормални антитела. Тие ги анализираат факторите на животната средина, начинот на живот, патувањата и историјата на медицината. Досега не биле во можност да ја откријат причината за симптомите.

Во моментов нема лек за оваа болест, освен што на пациентите може да им се помогне со ублажување на симптомите.

Лекарите засега сметаат дека е стекната, а не генетска болест.

„Нашата прва заедничка хипотеза е дека има токсичен елемент во околината што предизвикува дегенеративни промени“, рече Мареро.

Некои веруваат дека станува збор за хронична изложеност на таканаречен „ексцитотоксин“ како домоична киселина, поврзана со инцидент со труење со школки од 1987 година.

Експертите разгледуваат и друг токсин, аминокиселината БМАА, за која се смета дека е поврзана со развојот на Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

Здравјето на Роџер Елис се стабилизирало по првата епизода. Сега е во специјализиран дом за стари лица и има потреба од помош при секојдневните активности и има проблеми со спиењето и комуникацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таткото на Меган Маркл се појави пред суд- осомничен е за педофилија

Томас Маркл, таткото на Меган, војвотката од Сасекс, синоќа се појави пред федералниот суд во Флорида.

Таткото на Меган Маркл се појави пред суд- осомничен е за педофилија

Томас Маркл, таткото на Меган, војвотката од Сасекс, синоќа се појави пред федералниот суд во Флорида, откако беше уапсен под обвинение за поседување материјал за сексуална злоупотреба на деца и пуштен на електронско следење и домашен притвор.

Осумдесет и двегодишниот Маркл е уапсен врз основа на федералното обвинение кое го товари за поседување непристојни слики на деца, објави американското Министерство за правда, јавува денеска Би-би-си.

Маркл, таткото на сопругата на принцот Хари, претходно бил уапсен вчера во близина на Тампа, Флорида, поради дела поврзани со материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца, како што пренесуваат светските медиуми.

За време на 30-минутното рочиште што следеше во Тампа, Маркл не се изјасни, а датумот на следното рочиште во Калифорнија ќе биде одреден подоцна.

Маркл беше донесена на суд во инвалидска количка, придружувана од двајца американски маршали.

Според Скај њуз, тој е ослободен без кауција, со услов да носи електронска ознака и да остане во својот дом на Флорида.

ФБИ претходно, постапувајќи по налог, пребара две складишта во областа Лос Анџелес што Маркл ги изнајмуваше од 2008 година.

Агентите запленија околу 78 предмети, вклучително и фото негативи, слајдови и книги за кои тврдат дека содржат материјал за сексуална злоупотреба на деца.

Според ФБИ, сведоците позитивно ја идентификувале Маркл на две фотографии за кои се верува дека прикажуваат сексуална злоупотреба на деца.

Човекот во нив се чини дека е на возраст меѓу 30 и 40 години, што укажува дека наводната злоупотреба би можела да датира неколку децении наназад.

Директорот на ФБИ Кеш Пател рече дека властите реагирале брзо и рече дека агенцијата ќе ги искористи сите расположливи ресурси за заштита на децата.

Маркл претходно ги негираше обвинувањата за поседување таков материјал, нарекувајќи ги „болни лаги“.

Истрагата ги опфатила и Филипините, каде Маркл живеела до мај оваа година.

Неговиот син Томас Маркл Џуниор и предал на полицијата четири кутии со материјал, вклучувајќи компјутери, телефони, хард дискови и стари видео ленти, за кои тврди дека ги нашол во поранешниот дом на неговиот татко.

Маркл минатата година се пресели на Филипините по серија мозочни удари, а во мај се врати на Флорида, каде што остана во центар за рехабилитација откако му беше ампутирана ногата.

Случајот уште еднаш го привлече вниманието на неговите нарушени семејни односи.

Маркл е отуѓена од две од неговите три деца, вклучувајќи ја и Меган, со која не е во контакт од 2018 година.

Меган во октомври, откако се појавија обвинувањата против нејзиниот татко, изјави дека е длабоко потресена од веста и дека нејзините мисли се со сите деца кои можеби биле повредени.

Војводата и војвотката од Сасекс не го коментираа неговото апсење.

Лондонската Метрополитен полиција соопшти дека добила писмо во 2019 година со низа наводи поврзани со Маркл, но не ги пренела информациите за наводите поврзани со настани надвор од ОК на други полициски агенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите

Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи. 

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите

Посветеноста на реформскиот процес подразбира координиран институционален пристап, јасно утврдени цели и конкретни чекори за унапредување на функционирањето на институциите.

Продолжуваме со посветена работа на реформите кои се од суштинско значење за економскиот развој, владеењето на правото, ефикасноста на институциите и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски!

Во ист ден имаме две признанија пред целата јавност од Христијан Мицкоски и од Трајко Славески. 

Кузеска: Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски!

Прво, има признание од Трајко Славески дека одлуката за влез на Алта банка во Македонија ја донел Христијан Мицкоски.

Како стратешка гранка вели Славески требало да бидат задоволени условите на „политичка сензитивност“.

Ова е директна потврда на она што СДСМ го говори веќе 11 месеци, Мицкоски и Славески ја донесо пералната на пари на Вучиќ со сомнителен капитал во Македонија.

Тие се виновни за хаосот и што сега граѓаните, пензионерите, не можат да дојдат до своите пари. A правните лица не можат да исплатата плата.

Славески и Мицкоски му дадоа дозвола за банка на човек што држеше менувачница. Никаде во светот ниту една банка не би дала дозвола за работа на човек што е сопственик на менувачница.

Давор Мацура прво доби дозвола од Вучиќ, па потоа од Мицкоски.

Откривме и документи, Записник од седница на кој се гледа дека Владата на Мицкоски носела заклучоци со кои акции од државни претпријатија се нудени во интерес на Мацура и Алта банка!

Во Европа има санкции и суспензии за Алта банка.

Во Црна Гора има одбивање и притисоци што не поминале.

Зад формалниот сопственик Давор Мацура - човек што до вчера држеше менувачница во Земун, стои мрежа на криминал, корупција и пари од дрога.

Во Србија има стечај, апсење и истрага.

И покрај сето тоа, Мицкоски ја внесува банката во Македонија.

Сега имаме и уште едно признание, изјава на Мицкоски дека тој ќе преговара со идни купувачи на Алта банка во Македонија.

Како кога Народна банка е независна институција?

Па исто како и првиот пат кога ја донесоа Алта банка во Македонија односно ја увезоа од нивниот ментор Вучуќ. Исто така. Мицкоски одлучил. „Сензибилитет“.

Тој донел одлука за влез на банката на кланот на Вучиќ преку Мацура. Сега тој носи одлука да се продава. Само за да сокрие криминалот што го направија.

Затоа се притискаат две банки, една домашна, една странка.

Капо ди тути капи, Мицко мора да биде дел од секој дил.

Шеф на банда, тој одлучува за се, за фирми, за банки, за пари. Тој е и Гувернер. А знаеме дека одамна е и обвинител и судија.

Мицкоски треба да одговори на пршањето колу пати разговарал со Вучиќ за Алта банка?

Колку пати се има сретнато со Мацура?

За кои провизии се зборувало?

Дали во трезорот и документите на Алта Битола постојат 80 милиони евра кеш или соодветни кеш еквиваленти? Толку стои во билансот на банката. Имаше доволно време тоа да го провери и бараме веднаш да се огласи.

Затоа што во банка на Мацура во Белград тоа не постоеше, и основно е сомнението дека и во Битола тоа го нема.

Ги повикуваме и чесните професионалци од НБРМ. Не потпаѓајте на криминалната власт која е во паника и која сака со застрашување.

Имате иднина и мислите на своите најблиски. Одговорност ќе има се секој што се огрешил пред законот кога власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Тоа време доаѓа.

Погледнете во соседна Србија што се случува, како организирана криминална група паѓа.

Обвинителот Савески после вакви признанија има законска обврска да реагира.

Веднаш да отвори истрага и за Мицкоски, Славевски и за Кочоска. Да се вклучи и Европското обвинителство за да се провери текот на сите пари за Алта банка. Сите вмешани во скандалот со Алта банка да одговараат!, рече Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер