Во Канада пуштен првиот водороден воз во сообраќај - Канал 5

Во Канада пуштен првиот водороден воз во сообраќај

Во Канада првиот патнички воз во Северна Америка со погон на водород беше пуштен во сообраќај. 

Во Канада пуштен првиот водороден воз во сообраќај

Сепак, францускиот патнички воз е „краткорочна демонстрација“, што значи дека ќе сообраќа до крајот на септември со цел поттик“ на усвојувањето на овој вид патувања во Канада и САД.

- Мислам дека најважно е да се подигне свеста на луѓето, кои ќе се навикнат на оваа технологија, рече Роберт Стаско, директор на Деловниот совет за водород во Онтарио.

Возот сообраќа од градот Квебек до Бај-Сен Пол, а патувањето трае 2,5 часа. Линијата е закажана од среда до сабота, до 30 септември. Максималната брзина на возот е 140 км/ч и може да превезува до 120 патници во два вагони.

Француската компанија „Алстом“, којашто го произведува возот, соопшти дека перформансите за забрзување и сопирање се споредливи со стандардните дизел возови, но во овој случај нема испуштање штетни гасови. Повеќето европски земји користат возови со електрични шини или надземни жици, но водородните возови се идеални за места како канадските села каде што растојанијата се долги, а бројот на патници е релативно мал.

Истиот модел на воз, „Корадија илинг“ веќе се користи во осум европски земји, а од лани во Германија сообраќаат 14 вакви возила, пренесува „Кликс“. Компанијата-производител почна со пробни возења во 2018 година и има дополнителни договори во Германија, Италија и Франција. Европските клиенти нарачале вкупно 41 воз засега.

Воз на „Корадија илинг“ користи околу 50 килограми водород дневно, а како што се наведува, за истото патување, воз со стандарден мотор би потрошил околу 500 килограми дизел-гориво. Водородниот воз испушта само водена пареа како нуспроизвод од комбинацијата на водород и кислород во горивната ќелија во процесот на генерирање енергија.

Сепак, факт е дека е потребен камион на дизел за да го транспортира водородот до возот секогаш кога му треба полнење гориво, т.е идеално би било водородот да се произведува на лице место. Долгорочната цел, се вели, засега е да се промовира замислата за водороден воз, да биде што поприфатен во Северна Америка. Доколку проектот биде успешен, тоа ќе замена за дел од дизел-возилата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Измамникoт од Tinder“ лансира апликација – се бара од „Apple“ и „Google“ да ја блокираат

Шимон Хајут, попознат како „Измамникот од Tinder“ – по документарниот филм за измамите што ги вршел – сака да лансира сопствена апликација за запознавање.

„Измамникoт од Tinder“ лансира апликација – се бара од „Apple“ и „Google“ да ја блокираат

Идејата на Хајут е да го искористи своето искуство со измами за да развие платформа наречена „Safe Love“, дизајнирана да ги штити корисниците од луѓе како него.

Хајут тврди дека неговото познавање на методите на лажење, манипулација и измама му овозможува да создаде систем што може подобро да ги спречи таквите активности. Сепак, неговата идеја веќе предизвика реакција во индустријата за онлајн запознавање.

Организацијата „Online Dating and Discovery Association (ODDA)“ испрати писмо до „Apple“ и „Google“, повикувајќи ги да не дозволат апликацијата поврзана со Хајут да се појави во нивните продавници за апликации. Организацијата наведува дека неговата вклученост во апликацијата би претставувала сериозен ризик за корисниците, особено за жените.

Деталите за тоа како „Safe Love“ всушност треба да ги штити корисниците остануваат непознати. Хајут спомна верификација на корисници, модерација и системи за заштита од измами, но не објасни како би функционирале овие системи или точно кога апликацијата би станала достапна.

Во исто време, ваквата апликација покренува дополнителни прашања во врска со довербата. Современите платформи за запознавање сè повеќе користат верификација на идентитетот и други безбедносни механизми, барајќи од корисниците да споделуваат лични податоци. Со апликација основана од некој што е озлогласен по романтични измами, довербата во начинот на кој се чуваат тие податоци ќе биде од особено значење.

Засега не е познато дали „Apple“ и „Google“ ќе го прифатат барањето на „ODDA“. „Safe Love“ сè уште не е објавена како широко достапна апликација, а нејзиното евентуално појавување во продавниците за апликации ќе зависи од усогласеноста со нивните политики и регулаторни барања.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер