Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
1Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
ЖивотВо кал пронашол богатство старо 300 години, детал го поврзува со заборавен благородник Необична приказна е забележана во англискиот округ Норфолк, каде што „ловецот на богатство“ Малколм Вил (53) пронашол златен прстен стар 300 години.Тој поминал 18 месеци пребарувајќи поле во близина на градот Тетфорд и конечно пронашол „нешто посебно“. Ова се случило на почетокот на август 2024 година, но деталите се откриени дури сега. Направен според упатствата „Почнав да се тресам. Знаев дека е извонредно откритие“, изјавил тој за локалните медиуми. Прстенот е пронајден на длабочина од 15 сантиметри, а според експертите од Британскиот музеј, бил направен според упатствата на англиски благородник кој починал додека ловел во 1723 година. По детална анализа на богатството, необична трага ги одвела експертите до баронот од Харлинг, Сер Басингборн Годи, објавува Дејли Меил. Кој бил сопственикот? Имено, надворешниот дел од прстенот има вдлабнатина на која е прикажан череп, изработен во црна боја, додека внатрешноста е украсена со следната гравура: „Б.Г. Барт. об: 10. Окт: 1723. ает: 56“. Историчарката Хелен Гик го преведе натписот и објасни дека тоа значи: „Б.Г. Баронет, почина на 10. Окт: 1723, на 56-годишна возраст“. Можно е Сер Басингборн Годи да наредил изработка на неколку вакви прстени, кои биле поделени на пријатели или негови соработници по неговата смрт. Gold #ring found 'gleaming in the sunshine' in #Norfolk field https://t.co/AcibIG4iGA pic.twitter.com/lJaW63GWiG — MrBead - Semi Precious Beads & Pearls (@UKMrBead) June 2, 2025 Сопственикот на прстенот, кој го пронашол Малколм Вил во Норфолк, со помош на детектор за метал, останува непознат. Архивите запишуваат дека Баронот од Харлинг не бил оженет, ниту пак имал потомци.Тагови: богатство детали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНова трагедија во Венецуела: Експлозија на нафтена платформа, oсум повредени (ВИДЕО)Најмалку осум работници се повредени во експлозија на нафтена платформа во државата Апуре, Венецуела. Повредените се префрлени во Колумбија на лекување.Најмалку осум работници се повредени во експлозија што се случи доцна во неделата навечер по локално време на нафтена платформа во државата Апуре во југозападна Венецуела, потврдија денес локалните власти. Надлежната служба на компанијата „PDVSA“ што управува со нафтената платформа потврди дека сите повредени работници се префрлени во соседна Колумбија каде што ќе добијат медицинска помош, пренесува Ројтерс. An explosion was reported at an oil drilling site in Venezuela, adding to the country’s ongoing challenges following recent natural disasters.#NYI pic.twitter.com/x8BpoGoh4r — NewYork-Insight (@NewYork_Insight) June 29, 2026 „PDVSA“ не одговори веднаш на барањата на Ројтерс за дополнителен коментар за експлозијата на нафтената платформа.Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕрдоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТОТурција очекува единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО во Анкара следниот месец, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара ќе биде домаќин на самит на 32 лидери на земјите-членки на НАТО, како и претставници од земјите-партнери во Персискиот Залив, Азија и Пацифичкиот регион, на 7 и 8 јули, во услови на тензии во рамките на алијансата околу поделбата на товарот, трошоците за одбрана и поплаките на САД за недостатокот на учество на сојузниците во повторното отворање на Ормутскиот теснец за време на војната меѓу САД и Израел со Иран. „Нашето главно очекување од самитот е да се постигнат резултати што ќе ја заштитат националната безбедносна чувствителност на сојузниците и ќе го зајакнат духот на солидарност и единство на алијансата“, рече Ердоган на настан во Истанбул за парламентарците од земјите-членки на НАТО. Турскиот лидер рече дека сојузниците ќе разговараат и за војните во Иран, Украина и Појасот Газа за време на состанокот, додавајќи дека официјална Анкара очекува поголема поддршка од сојузниците во напорите за ставање крај на повеќе од 40-годишното востание на милитантната Курдистанска работничка партија (ПКК) и вклучување на Турција во европските одбранбени планови.Тагови: Ердоган НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Милошоски: Филипче уште сега создава алиби за дебаклот кој ќе го доживее на следните избориДенешната прес-конференција е поврзана со ставот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, којшто изјави дека ќе го блокира предложениот Изборен законик. Прво би сакал да напоменам дека ваквата најава од господинот Венко Филипче е само доказ дека неговата главна цел е да се спротивставува на законите коишто се дел од Реформската агенда, а за коишто Европската комисија досега даваше високи оценки за нивното донесување и имплементирање. Втората работа, сметам дека Венко Филипче преку најавата за блокада на Изборниот законик, бара можно оправдување, алиби за следниот изборен пораз или евентуално за бојкотирање на следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се случат. Третата работа е многу симптоматична и тоа е прашањето дали Венко Филипче ја следи Левица во нејзините ставови. Бидејќи денес имавме најава од Левица за можна блокада и филибастеринг на овој закон од Реформската агенда, а потоа следува потврдата од Венко Филипче којшто се обидува да го имитира Димитар Апасиев. Дали ова е случајно или координирано, останува да одговори претседателот на СДСМ. И последната поента што сакам да ја упатам, како една остра критика до претседателот на СДСМ, којшто многу често знае реторички да ја истакне важноста на граѓаните на Македонија, без разлика каде живеат, дали во државата или во дијаспората, е што токму овој Изборен законик предвидува електронско гласање на дијаспората согласно моделите коишто ги видовме во Француската Република и во Република Естонија. Ваквото електронско гласање на дијаспората цениме дека е многу важно и за нивното учество со гласање на изборите за претседател на државата и нивното учество со гласање за избор на пратеници. Но, предавничкиот однос на Венко Филипче, за жал, не се гледа само по неговиот однос кон граѓаните во Република Македонија. Се забележува и преку неговиот пристап кон нашите содржавјани коишто живеат надвор од границите на Македонија. За жал, со ваквиот однос веројатно господинот Филипче ќе ги изгуби и следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се случат, но многу е непромислено што со ваквите потези краткорочно можеби наоѓа за себе алиби, но долгорочно ѝ прави штета на Република Македонија. Прво, по однос на нашата Реформска агенда пред Европската комисија и второ, по однос на таа нераскинлива врска на македонските иселеници со матичната држава преку можноста и уставното право тие да гласаат на секои избори. Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Тагови: Антонијо Милошоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook