25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци
125 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци
ЖивотВо јужна Европа повеќе од 40 степени во наредните деновиТоплотниот бран зафати делови од јужна Европа и северозападна Африка, а се прогнозира дека во овие делови од светот во наредните денови ќе бидат забележани рекордни температури.Се очекува температурите да надминат 40 степени Целзиусови во делови од Шпанија, Франција, Грција, Хрватска и Турција, јави Би-Би-Си. Во Италија температурите би можеле да достигнат и до 48,8 степени, а црвено предупредување е издадено за десет градови, меѓу кои Фиренца и Рим. Маж на околу четириесет години почина од топлотен удар во северна Италија во вторникот. Италијанските медиуми објавија дека тој фарбал пешачки премин во градот Лоди, во близина на Милано, пред да колабира од жештината. Работникот бил префрлен во болница, каде подоцна починал. „Се соочуваме со неподнослив топлотен бран“, напиша италијанскиот политичар Никола Фратојани на Твитер. Неколку туристи во земјата колабираа поради топлотен удар, меѓу кои и еден Британец пред Колосеумот во Рим. Се предвидува дека топлотниот бран Керберо, како што го нарече италијанското Метеоролошко друштво по троглавото чудовиште на грчката митологија, опишано и во Дантеовиот пекол, ќе предизвика екстремни услови во следните неколку дена. Највисоки температури се очекуваат утре. Во Прага во сабота се очекува да биде околу 36 степени, што е значително повисоко од просекот од 24 степени за јули. Највисоката температура во Европа од 48,8 степени е забележана во близина на Сиракуза на италијанскиот остров Сицилија во август 2021 година. Повеќе од 60.000 луѓе починаа во Европа како последица на горештините минатата година. Се стравува дека овој топлотен бран може да предизвика уште многу смртни случаи ова лето. Топлотен бран е период во кој температурите се повисоки од очекуваните за тој период од годината. Експертите наведуваат дека периодите на екстремно топло време зачестуваат и дека поради климатските промени нормално е да се забележат рекордни температури. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
КошаркаВидео: Прва кошаркарка во историјата што постигнала 10 тројки на еден натпревар во WNBA!Кошаркарката Кејла Мекбрајд им приреди спектакуларна вечер на навивачите на „Минесота Линкс“ во женската НБА лига.Искусната кошаркарка која игра на бековската позиција постави нов рекорд во WNBA за најмногу постигнати тројки на еден натпревар, погодувајќи 10 тројки во победата од 103-90 над „Далас Вингс“. Мекбрајд погоди 10 од 14 обиди од линијата за три поени (од оддалеченост од 7,24 метри) и го заврши натпреварот со рекордни 43 поени во кариерата. Историската, десетта тројка беше постигната на 2 минути и 23 секунди пред крајот, со што ѝ донесе на Минесота водство од 98-83. Кога го напушти теренот нешто повеќе од една минута подоцна, таа беше испратена со аплауз од преполниот „Таргет центар“. „Минеаполис стана мој дом и сакам да го дадам најдоброто од себе. Без разлика дали топката ќе влезе во кошот или не, чувствувам голема љубов. Токму затоа можам да излезам на теренот и да бидам она што сум. Ја сакам оваа игра и сакам да победувам“, рече Мекбрајд. Претходниот рекорд изнесуваше девет постигнати тројки на еден натпревар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваСРЦЕ ДОЛГО 4 км- “Трчаме со срце за секое дете“По повод 25 години СОС Детско село Македонија, на 19 септември Градскиот парк во Скопје ќе се претвори во голема патека на солидарност - долга 4 километри и симболично исцртана во форма на срце.Традиционалната IT4Charity трка оваа година расте и се отвора за сите. По повод 25 години СОС Детско село Македонија, на 19 септември Градскиот парк во Скопје ќе се претвори во голема патека на солидарност - долга 4 километри и симболично исцртана во форма на срце. Досега ги обединуваше компаниите и луѓето од ИТ-заедницата, а оваа година, “срцето“ станува поголемо. Под мотото „Трчаме со срце“, СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity ги повикува сите - искусни тркачи, рекреативци, тимови, пријатели и семејства да трчаат за една заедничка цел: Ниту едно дете да не расте само. И не е важно кој прв ќе стигне до целта. Важно е зошто трчаме. Веќе 25 години СОС Детско село Македонија обезбедува грижа, сигурност и поддршка за децата и младите без родителска грижа и им помага на семејствата кои се соочуваат со сериозни животни предизвици. Во изминатите две и пол децении, преку програмите на организацијата беа променети повеќе од 6.090 животи на деца, млади, згрижувачи и семејства. Токму затоа и патеката на 19 септември нема случајно да биде во форма на срце. „За некого тоа ќе бидат само четири истрчани километри. За нас, секој од тие чекори носи многу поголемо значење. Зад нив стои поддршка на многу животни приказни кои чекаат можност за подобра иднина. Патеката е во форма на срце затоа што љубовта,грижата и чувството дека некој е покрај нас навистина можат многу да променат.“, велат од СОС Детско село Македонија. Средствата собрани преку СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity ќе бидат наменети за програмите преку кои организацијата обезбедува поддршка за деца и млади без родителска грижа, ги зајакнува семејствата во ризик и помага децата да растат во сигурна и грижлива семејна средина. Затоа, на 19 септември не се трча само за медал, резултат или лично време. Се трча за ниту едно дете да не расте само. Пријавувањето за СОС Хуманитарната трка е веќе отворено на: https://sos.org.mk/sos-humanitarna-trka-2026/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Македонија25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото ЉубанциУтринава цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци, а во 12 часот, одбележување ќе има и пред спомен-плоча во касарната „Илинден“, најавија од министерството за одбрана. Претседател на одборот на бранители Марин Најдов вели дека 25 години бранителите беа омаловажувани и партиски манипулирани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook