Герасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на Советот
1Герасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на Советот
КултураВо јуни второ издание на Паратисима Скопје Младинскиот културен центар од 12 до 14 јуни ќе биде домаќин на второто издание на „Паратисима Скопје“, интернационален саем на современа уметност во Македонија.Саемот покрај уметничката поставка, вклучува целодневна програма, исполнета со концерти на интернационални и локални музички автори, гостувачки и локални работилници и соработки со академии и организации од Македонија и странство. Паратисима Скопје и оваа година ќе награди до 10 најкреативни учесници, и ќе им овозможи своето дело да го изложат на саемот за уметност Паратисима во Торино од 4-8 ноември 2015 година. Оваа година Паратисима Скопје во соработка со Галерија Флукс од Скопје, ќе селектира два автори кои ќе добијат можност за своја самостојна изложба во 2015 година. Kуратор на Паратисима Скопје 2015 е Нада Прља, уметница со интернационален успех и поранешен предавач на неколку лондонски универзитети. Досега, учеството го пријавиле автори од Данска, Америка, Италија, Русија, Црна Гора, Хрватска, Холандија, Шкотска, Шпанија, Грција и Турција. Повикот за учество на саемот е отворен за сите заинтересирани и не предвидува селекција за учество, а истекува на 10 мај. Паратисима е италијански интернационален саем за уметност посветен на поддршка и промоција на културата, уметноста и креативните индустрии во вонинституционални рамки, основан 2004 година во Турин (Италија). „Паратисима Скопје“ е негова интернационализација, организирана од здружението на граѓани Континео 2020. На првото издание на Паратисима Скопје, кое се одржа лани, во јуни во Младинскиот културен центар, повеќе од 90 автори од Франција, Грција, Црна Гора и Италија се претставија со над 150 авторски дела. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Дикаприо „се запуштил“ покрај 23 години помладата убавица Холивудскиот заводник Леонардо Дикаприо е уловен во друштво на 23 години помладата девојка, но наместо за убавицата сите зборуваат за изгледот на актерот.Леонардо ди Каприо и неговата девојка, Виторија Черети – која е 23 години помлада од него – се фотографирани на Хаваи, каде што изгледот на славниот актер го привлече вниманието на фотографите. Како и многу други познати личности, Лео и манекенката Виторија во последно време престојуваат на Хаваи. Повод за нивното присуство таму е свадбата на Џенифер Мајер, дизајнерка на накит и поранешна сопруга на актерот Тоби Мегваер. Се чини дека, по свадбената церемонија, славните личности решиле да уживаат во убавините на оваа тропска дестинација и се упатиле кон плажата. Познатиот пар веднаш го привлекол вниманието на фотографите, а фотографии од нив брзо се појавиле во медиумите. Манекенката, како и многупати претходно, покажа беспрекорна фигура во минијатурно бикини, додека нејзиниот сакан откри дека – судејќи според изгледот на неговото тело – ужива во животот... Малку се опуштил, што значи дека е сигурен во својата 23 години помлада убавица. За време на фотографирањето носеше шорцеви за капење и гордо го покажа стомакот, а фотографиите се проширија на интернет со брзината на светлината. Тагови: Леонардо ДиКаприо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на СоветотГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот.Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот сè додека не се најде законски издржано и прифатливо решение за сите отворени прашања, особено за стабилноста на теренот и пристапната сообраќајница. „Мојот став е јасен. Сè додека не најдеме законско и прифатливо решение за сите отворени прашања, јас како градоначалник нема да предложам овој нацрт-ДУП да биде ставен на дневен ред на Советот. За Водно мора да бидеме особено внимателни. Не е доволно само да се исполнат формалните процедури, туку мора да бидеме сигурни дека решенијата се безбедни, законски и во интерес на граѓаните“, истакна Герасимовски. Тој информираше дека Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) дала позитивно мислење за нацрт-ДУП-от „Барутана“, потврдувајќи дека условите од областа на заштитата и спасувањето се соодветно вградени во планската документација. Позитивни мислења и оценки доставиле и Комисијата за урбанизам на Град Скопје, Агенцијата за катастар на недвижности, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Секторот за води и Секторот за природа при Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за електронски комуникации, ЕСМ-Топлификација, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Управата за заштита на културното наследство, АД „Водостопанство“ и Министерството за внатрешни работи. Герасимовски нагласи дека позитивните мислења од институциите не значат автоматско донесување на нацрт-ДУП-от, ниту дека со нив завршува постапката. „Мислењата на институциите се важни, но за мене е подеднакво важно да ги отстраниме сите сомнежи околу стабилноста на теренот. Затоа, покрај анализите што веќе ги имаме, ќе ѝ наложиме на планерската куќа да нарача посебна студија од Градежниот факултет за процена на ризикот од ерозија, свлекување и нестабилност на падините. Сакам да имаме јасна и целосна стручна слика пред да се носат какви било конечни одлуки“, рече Герасимовски. На крај, Герасимовски потенцираше уште еднаш дека Општината има законска обврска да ја води постапката за нацрт-ДУП-от „Барутана“, но тоа не значи дека планот мора да биде усвоен. „Имаме законска обврска да ја водиме постапката, но тоа не значи дека нацрт-ДУП-от мора да биде усвоен по секоја цена. Ќе ги разгледаме сите забелешки, ќе ги направиме потребните дополнителни анализи и ќе бараме решение кое нема да ја доведе во прашање безбедноста на граѓаните. Додека не ги расчистиме овие прашања, нема да предложам нацрт-ДУП-от „Барутана“ да се најде на дневен ред на Советот“, порача Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОдбраната на Артан Груби се оградува и им се извинува на граѓаните за синоќешниот спонтан собирОдбраната на Артан Груби ја информира јавноста дека се оградува од самоиницијативното одржување на собир на граѓани, соседи и пријатели, по повод укинувањето на мерката домашен притвор за Артан Груби по 8 месеци притвор. Собирот беше спонтан, пред домот на Артан Груби, без говори, без пораки, и без политички одбележија. Укинувањето на мерката претставува одлука на надлежните органи во рамките на законски предвидените постапки. Во името на нашиот штитеник, им се извинуваме на сите граѓани кои може да биле вознемирени синоќа од неколкуминутниот спонтан настан, што би можел да создаде погрешна слика во јавноста. Одбраната нагласува дека почитувањето на институциите, судските постапки и владеењето на правото е од суштинско значење. Секое одлучување на надлежните органи треба да се почитува без политички притисоци, лични интерпретации и јавен притисок. Воедно, потенцираме дека Артан Груби не учествувал во организацијата, ниту таа претставува некаков негов политички став или иницијатива. Секое изразување поддршка од страна на граѓани или групи е нивен личен избор и не треба да се поврзува со одбраната. Нашиот фокус останува исклучиво на правните аспекти на предметот, заштитата на правата на Артан Груби и обезбедувањето законита и правична постапка, стои во соопштението до јавноста од одбраната на Артан Груби.Тагови: Артан Груби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter