Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д - Канал 5

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

Конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) во јуни продолжил да извршува претежно работи за геотехнички истражни работи.

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

Конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) во јуни продолжил да извршува претежно работи за геотехнички истражни работи, дизајн и спецификации на автопат, дизајн на експропријација, активности за истрага на неексплодирани убојни средства, работи за привремено управување со сообраќајот и работи за мобилизација, како и градежни активности главно за земјени работи и конструкции.

Во јуни годинава, според Извештајот од надзорот за прогрес на работите, имало исплата од државата кон „Бехтел и Енка“ преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во износ 830.336.364 денари.

Извештајот покажува дека се завршени 87 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар, 76 проценти за Гостивар-Букојчани, а 78 проценти за делницата Прилеп-Битола.

Според Извештајот, објавен на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), за првата делница Тетово -Гостивар завршени се 100 проценти од геотехничките истражувања, за делницата Букојчани-Гостивар се реализирани 74 проценти од геотехничките истражувања, а за Прилеп-Битола 63 проценти.

Евидентиран е и напредок од 72 проценти на работите за спецификација и проектирање на автопатот Тетово-Гостивар, од 36 проценти за Букојчани-Гостивар, а од 52 проценти за Прилеп-Битола.

Во активностите, изведувачот заклучно со јуни ангажирал 2029 лица и 10141 градежна машина.

Од почетокот на годинава, покрај исплатата на 830.336.364 денари во јуни, кон „Бехтел и Енка“ имаше две исплати во април, од 599.794.350 денари и од 524.972.228 денари, како и една во мај од 681.026.665 денари. Заклучно со минатата година, пак, беа исплатени 261 милион евра.

Од четирите планирани делници со Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра што беше склучен во март 2023 година, нема никакви активности за Требеништа - Ќафасан, каде, според најавите, ќе се ревидира трасата за да се зачува заштитениот статус на Охридско Езеро и регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, предложи нов заем од 45 милијарди евра за Украина за 2027 година, обезбеден преку заедничко задолжување на ЕУ со гаранција од европскиот буџет.

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Од пакетот, 25 милијарди евра би биле наменети за воени потреби, а 20 милијарди за буџетска поддршка. Средствата треба да покријат приближно две третини од очекуваниот финансиски недостиг на Киев од 70 милијарди евра следната година.

Според предлогот, Украина би го враќала заемот откако Русија ќе плати воени репарации. За одобрување е потребна едногласна поддршка од сите 27 членки, а противењето на Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија може да го забави договорот пред европскиот самит следната недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца

Полицијата поднесе кривични пријави за два случаи во кои биле силувани деца..  Едниот случај се случил во февруари 2026 година, а другиот во јули 2025 година.

Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Во февруари 2026 година, пријавениот извршил полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата. Втората пријава е поднесена протов двајца сторители.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(47) и А.Т.(62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Во јули 2025 година, пријавените извршиле полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ заловила 96 грла добиток во Крива Паланка, акцијата ја попречуваат сопствениците

Има ли решение за кравите кои слободно шетаа низ Крива Паланка, а по кои станавме светски познати. 

АХВ заловила 96 грла добиток во Крива Паланка, акцијата ја попречуваат сопствениците

Агенцијата за храна и ветеринарство досега заловила 96 грла крупен добиток во Крива Паланка, но акцијата се соочува со сериозни пречки. Од АХВ велат дека екипите имаат проблеми со непристапниот терен и опструкциите од поранешните сопственици.

Институцијата, во координација со надлежните органи и локалната самоуправа, работи на одржливо решение за проблемот. Во меѓувреме, случајот предизвика политички препукувања меѓу градоначалникот Сашко Митовски и локалната ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата бараат вонредна седница на советот и акциски план за решавање на проблемот. Обвини градоначалникот го обвинуваат дека избегнува одговорност, додека Митовски возврати дека ахв веќе донела решенија за одземање на добитокот, кои не се спроведуваат. Градоначалникот претходно побара од владата да му додели законски овластувања за самостојно координирање на акцијата, како и прогласување 30-дневна кризна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер