Во ,,Језеро” на Марс денеска ќе се спушти роверот на НАСА - Канал 5

Во ,,Језеро” на Марс денеска ќе се спушти роверот на НАСА

По седум месеци патување, роверот Persevarence на НАСА денеска ќе слета на Марс, што претставува почеток на долгогодишното пребарување докази за постоењето на древен живот на црвената планета.

Во ,,Језеро” на Марс денеска ќе се спушти роверот на НАСА

Роверот треба да слета во кратерот Језеро, именуван по село во Босна и Херцеговина. Станува збор за депресија со широчина од 45 километри, лоцирана во северната хемисфера на Марс.

Областите во близина на кратерот се именувани по реките што течат низ БиХ, но и Хрватска. Така, веднаш до местото за слетување се наоѓа долината Неретва, која е всушност исушеното корито на древна река. Југозападно од кратерот Језеро се наоѓа долината Уна, а на север е долината Сава.

Кратерот Језеро е едно од најдобрите места во потрага по древен живот бидејќи пред околу 3,9 милијарди години веројатно бил исполнет со вода и имало форма на езеро. Претходните анализи покажале дека наслагите во кратерот се богати со минерали кои се формираат во присуство на вода, што значи дека некогаш таму можело да постои живот. Фосилите обично се наоѓаат во такви слични седименти на Земјата, па можно е роверот да ги открие и во оваа област.

Пред милијарди години, Марс веројатно бил многу потопло место, со проточна вода на површината, што значи дека животот можело таму да се развива во далечното минато. Но, со текот на времето, црвената планета ја изгубила својата атмосфера и голем дел од својата вода и станала сува, студена и непријателска област како што ја гледаме денес.

Пред 3,9 милијарди години, кога веројатно имало течна вода на Марс, големо тело од вселената паднало на неговата површина и создало кратер кој потоа се наполнил со вода. Денес, тој кратер е празен, но лузните што се гледаат на површината ја раскажуваат приказната за далечното минато полно со реки и езера.

Имено, вселенското летало кое кружи околу Марс на тоа место забележало формација која наликува на голема речна делта во форма на вентилатор. Оваа делта наликува на областа каде што Нил се влева во Средоземното Море.

Планетарниот научник Бриони Хорган, член на научниот тим кој стои зад роверот „Persevarence“, смета дека ова место е идеално за пребарување на фосилизирани организми бидејќи древните реки се влевале во ова езеро и во него се наоѓале органски и други потенцијални знаци на живот Делтата и дното на езерото можат да зачуваат калливи седименти кои сочувале докази за биолошки живот или друг органски материјал.

Иако на Марс има и други формации кои личат на речни корита, езера и делти, откриени се специјални минерали во кратерот Jезеро. „Можно е ова древно езеро некогаш да имало прекрасни плажи со бел песок“, рече Хорган.

Во езерата на Земјата, микробите сакаат да растат во големи колонии веднаш под површината на водата. Затоа, кога езерото на Марс испарило, можеби карбонатите успеале да заробат некои од овие микроби и да ги зачуваат, како што се знае дека се случило и на нашата планета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Бред Пит повторно е најголемата ѕвезда во Холивуд, а воопшто не се оптоварува

Најголемиот заводник во Холивуд, актерот Бред Пит повторно воодушеви со својот изглед на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан.

Фото: Бред Пит повторно е најголемата ѕвезда во Холивуд, а воопшто не се оптоварува

Мегапопуларниот актер на филсмкиот фестивал се појави во тексас комбинација.

Бред Пит веќе подолго време го привлекува вниманието на јавноста. Често можеме да го видиме во необични, лежерни изданија што не ги следат правилата на светот на модата кога станува збор за големи филмски настани и проекции.

Неодамна, на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан, тој се претстави во шарена комбинација што спојува дури шест навидум неспоиви бои, а сега нè воодушеви со младешки изглед.

Тој присуствуваше на прес-конференцијата за филмот „Срцето на ѕверот“ и за таа прилика одлучи да ја продолжи својата низа лежерни комбинации, кои изгледаат како воопшто да не се трудел да го шармира светот на модата.

Се појави во тексас од глава до пети, постигнувајќи го оној лежерен, младешки изглед. Сепак, главниот адут на стајлингот беа парчињата облека што се „криеја“ под неговата тексас-јакна.

Носеше бела кошула со розова вратоврска, со што постигна ефект на модерна елеганција која не делува премногу круто. Ќе се согласите, ретко кој маж би се осмелил на ваква модна комбинација...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џејми Фокс го очекува своето трето дете: „Сè уште имам сила“

Холивудската ѕвезда, актерот 58-годишниот Џејми Фокс  за време на гостувањето во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ потврди дека тој и неговата 31-годишна партнерка, Алис Хакстеп, го очекуваат своето прво заедничко дете, шегувајќи се: „Бебе е на па

Џејми Фокс го очекува своето трето дете: „Сè уште имам сила“

Сè уште ме бидува“. Како Фокс се подготвува за оваа нова улога? Добитникот на Оскар, кој веќе има 32-годишна ќерка, Корин, и 18-годишна ќерка, Анелиз, од претходни врски, изјави дека се подготвува повторно да ги извршува секојдневните родителски обврски – вклучително и возењето на децата до училиште.

Тој призна дека, на 58-годишна возраст, е свесен оти ова искуство ќе биде поинакво од претходните. Што рече тој за здравствената криза низ која помина?

„Дејли мејл“ (Daily Mail) пренесува дека за време на разговорот, Фокс се осврна и на мозочното крварење и мозочниот удар што ги доживеа во 2023 година додека работеше на филмот *Back in Action*.

Тој изјави дека сега се чувствува одлично и дека, по тоа искуство опасно по живот, станал поблагодарен за секој момент. Колку долго се заедно Фокс и Хакстеп?

Фокс и Хакстеп се поврзуваат уште од 2022 година, а нивната врска стана јавна следната година. Откако се појавија информации дека раскинале на почетокот на 2025 година, неколку месеци подоцна повторно беа видени заедно; бебето што го очекуваат ќе биде негово трето, а нејзино прво дете.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меси и Интер Мајами се уште не преговараат за нов договор

И покрај сè почестите шпекулации во медиумите за иднината на еден од најдобрите светски фудбакери во историјата, Лионел Меси и Интер Мајами во моментов не преговараат за продолжување на договорот.

Меси и Интер Мајами се уште не преговараат за нов договор

Според информациите што ги пренесе новинарот Jarm21, во овој момент нема официјални разговори меѓу двете страни за нов договор.

Причината е сосема едноставна: капитенот на тимот има важечки договор што трае до крајот на сезоната 2028 во МЛС, па двете страни сметаат дека е прерано да се разговара за продолжување на соработката.

Кога клубот го објави најновиот договор на Меси, сопственикот Дејвид Бекам гордо истакна дека во својот град го довеле најдобриот играч во историјата на овој спорт.

Волшебникот од Аргентина, останува заштитно лице на франшизата додека таа се подготвува за преселба во својот нов дом, стадионот „Мајами Фридом Парк“.

На 39-годишна возраст, Меси продолжува да прикажува неверојатни игри на теренот; неодамна постави уште еден историски рекорд постигнувајќи го својот 36-ти гол во финале за време на триумфот во Купот Кампеонес – повеќе од кој било друг фудбалер во историјата.

Силата на проектот во Мајами дополнително е потврдена со неодамнешното доаѓање на новиот тренер Кристијан „Кили“ Гонзалес – поранешен соиграч од репрезентацијата на аргентинската ѕвезда – што јасно покажува дека тимот се гради целосно околу капитенот.

Со оглед на тоа што договорот му трае до крајот на 2028 година, и Меси и раководството на клубот имаат предност во поглед на времето.

Меси постојано истакнува колку е среќен во Мајами, додека претставниците на клубот го сметаат за клучна фигура за нивните спортски и маркетиншки амбиции во годините што следат; следствено на тоа, нема апсолутно никаква причина за загриженост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер