СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати
2СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?
1Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
3Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
СветВо Јелоустоун наеднаш експлодира гејзер- посетителите бегаат во паника (ВИДЕО)Вчера во 10:19 часот врел гејзер ненадејно силно експлодирал во националниот парк Јелоустоун и исфрлал кал, камења и топла вода високо во воздухот.Инцидентот се случил во геотермалната област Бисквит Басен, северно од познатиот гејзер Old Faithful. Видеата кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат како вознемирените посетители бегаат од гејзерот и бараат засолниште. За среќа нема повредени. Ова не била вулканска, туку хидротермална ерупција, поврзана со загревањето на водата во подземните резервоари. "Хидротермалните експлозии се случуваат кога водата одеднаш испарува под земја. Тие се релативно чести во Јелоустоун. На пример, гејзерот Porkchop експлодираше во 1989 година. Експлозија слична на денешната беше забележана на 17 мај 2009 година во Бисквит Басен", според Геолошкиот институт на САД и Националниот парк Јелоустоун, како што е соопштено од Science Alert. #Yellowstone Park staff are on scene assessing conditions after a small hydrothermal explosion occurred today (July 23) in #BiscuitBasin. There are no reports of injuries. The boardwalk, on the other hand, will need a few repairs. The area remains temporarily closed. NPS photos. pic.twitter.com/XrHuUhw7fk — USGS Volcanoes🌋 (@USGSVolcanoes) July 23, 2024 Под висок притисок, подземната вода може да се загрее значително над 100 степени Целзиусови. На температури до 250 степени, брзо се претвора во пареа, проширувајќи го својот волумен. Како што се зголемува волуменот, водата и пареата во подземната комора остануваат без простор и се случува експлозија, при што млазот се пробива низ земјата. Aerial image shows location of this morning's hydrothermal explosion in #Yellowstone's #BiscuitBasin. Light gray area shows how far mud & rocks were hurled. While explosion was near the boardwalk & visitors were present, no injuries were reported. NPS photo taken Jul 23, 2024. pic.twitter.com/O5T4YLUEiA — USGS Volcanoes🌋 (@USGSVolcanoes) July 23, 2024 Ниту еден од хидротермалните отвори во Јелоустоун не е директно поврзан со магмата, но тие можат да бидат активирани од сеизмичка активност. За време на хидротермална експлозија, гејзерот може да исфрли пареа, вода, кал и камења до 2 километри во воздухот, а остатоците можат да остават зад себе помали кратери. Помалите ерупции од овој тип се релативно чести, додека помоќните се случуваат ретко, околу еднаш на секои 700 години. Овој пат, за среќа на посетителите, станува збор за мала експлозија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЗапочна вториот ден од конститутивната седница на српското собраниеЗапочна вториот ден од конститутивната седница на Парламентот на Србија, пратениците се во пратеничките клупи, присутни се 128 пратеници.Пратениците на Собранието на Србија денес продолжуваат со својата работа и конститутивната седница на новото свикување. Седницата започна во 10 часот о. Вчера беше конституирано новото, 15-то свикување на Народното собрание на Србија. Формирани беа и пратеничките групи на Студентската листа, предводена од Јово Бакиќ, и Единствена Србија, предводена од Александар Вучиќ. Кандидати за претседател на Парламентот се Александар Чупиќ и Стојан Раденовиќ.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само каматиМицкоски и Кочоска планираат во 2027 година да ги задолжат граѓаните на Македонија со нови две милијарди евра. За да го оправдаат огромното задолжување, Кочоска и Мицкоски лажат, како и за се друго. Велат дека толку долг доспева за враќање. А во предлог- Буџетот за 2027 којшто Кочовска го предлага, стои дека за отплата на долг се предвидени 64,6 милијарди денари, односно 1 милијарда евра. Уште една лага за некакви „наследени долгови“ е разбиена. Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, за 50 проценти повеќе од вкупниот долг на државата од независноста до денеска. Со Предлог-буџетот за 2027 година, планира да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра. Додека граѓаните живеат лошо, трошоците за живот растат, платите стагнираат. Во 2027 се најавува поскапување на парното и струјата, што ќе значи уште еден удар врз стандардот на народот. Нови долгови за граѓаните, огромни камати коишто треба да ги плаќаат а нема пари за минималната плата од 600 евра, нема пари за поголем студентски оброк, нема пари за земјоделците. Пари за граѓаните нема. Знаеме каде има, само кај Мицкоски и неговата банда. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот.СДС и Филипче беа гласни за Алта банка, се до моментот кога се дозна во јавноста дека тие биле првите кои му продале акции на Мацура и на самата Алта банка. СДС и Венко Филипче се заплеткаа во сопствените лаги и потези за Алта Банка. Филипче и СДС молчат и не кажуваат зошто во 2023 година не излегоа на прес-конференција да ги известат граѓаните дека ќе ги продадат државните акции, на како што тие тврдат, криминалецот Мацура и неговиот сомнително стекнат капитал во Алта банка. Дали СДС и Венко Филипче се плашат дека во јавноста може да излезат дополнителни информации и токму поради тои и не го закажуваат продолжението на надзорната расправа. После сите информации СДС и Филипче бегаат кога треба да се соочат со фактите. Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа. Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања на СДС и Филипче против Алта банка. Додека во јавноста се обидуваа да наметнат приказна за таканаречен српски свет, во позадина стои политичка хајка во која се кријат бизнис мотиви на лица блиски до СДС Филипче и кланот Заеви. Архитекти и главни произведувачи на српскиот свет во Македонија се Венко Филипче и СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook