Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
СветВо израелски напад врз пункт за испорака на хуманитарна помош во Рафа загинаа 30 лица Најмалку 30 лица се убиени во израелски напад врз пункт за испорака на хуманитарна помош управуван од новоформираната Хуманитарната фондација за Газа (GHF), објавија медиумите поврзани со Хамас, пренесе Ал Џезира Арабик.Израелските војници пукале за време на неделната операција за помош на Хуманитарната Фондација Газа (GHF) во дистрибутивен центар во Рафа, посочува Хамас. Информацијата не можеше да добие независна потврда, а немаше ниту непосредна изјава од израелската војска во врска со нападот. Претходно Хамас соопшти, пренесе ДПА, дека најмалку 22 лица се убиени, а повеќе од 115 повредени во израелски напад за време на, како што ја опиша, контроверзна операција за помош во јужниот дел на Појасот Газа. ГХФ, која е поддржвана од Израел, неодамна ги започна операциите во Газа со поддршка на САД. Хамас пред три дена го обвини Израел за убиство на најмалку тројца Палестинци и ранување на 46 лица во близина на еден од дистрибутивните пунктови на GHF, обвинение што хуманитарната група го негираше. Израелската армија, исто така, соопшти дека нејзините војници испукале предупредувачки истрели во областа надвор од комплексот за да воспостават контрола, додека илјадници Палестинци брзале кон местото за дистрибуција на помош. По блокадата на испораките на помош што траеше неколку месеци, Израел веќе неколку дена дозволува мали количества стока во затворената крајбрежна енклава. Според израелската влада, GHF треба да биде одговорна за дистрибуција на хуманитарни резерви на населението во Газа со цел да ги заобиколи организациите за помош од Обединетите нации и други иницијативи. ОН ја критикуваше иницијативата, стравувајќи дека ќе го привлече населението кон неколкуте дистрибутивни центри и ќе го забрза нивното протерување од другите станбени области. Во последните денови имаше извештаи за грабежи и напад врз новите дистрибутивни центри. Тагови: Израел Рафа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаИма ли начин да се стави крај на проблемот со питачењето на крстосниците?Детска рака подадена кон прозорецот од автомобилот....Ова е честа слика, особено на оваа крстосница зад мене. Надлежните велат дека овој пат имаат подолготрајно решение на проблемот со децата питачи. Во минатото, акции за отстранување на децата од крстосниците се правеле, а тоа се прави и сега, но што е различно и дали децата повторно ќе го најдат патот назад кон улицата... Дваесетина деца затекнати како питачат низ скопските улици деновиве се тргнати од таму, а најпрво им е овозможен детален медицински третман во детската болница „Козле“ и треба да бидат вклучени во воспитно-образовниот процес, вели Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски. Тој тврди дека овој пат ќе биде поинаку бидејќи им се нуди реална помош на децата, има интервентен центар каде што можат да бидат и привремено згрижени, а клучно е и тоа што ако по втор пат службите ги затекнат на улица, и во пракса ќе се одзема родителското право. -Можам да уверам дека денеска системот ќе биде поинаков. Овие интервентни сместувања не постоеја. Односно, за жал ги имаше на хартија, во Законот за социјална заштита, постоеле, но резурсот на интервентни сместувања за овие дечиња во кој за нив ќе има комплетна грижа, не постоел. Денеска го имаме, со доволен број на вработени и целосна програма за работа за 30 дена додека децата се во интервентниот центар. Потоа, на располагање ги имаме „25 Мај“ доколку имаме воспитно социјални проблеми, а потоа и „11 Октомври“ ако е дете без родители или без родителска грижа. - Ѓоко Велковски – министер за социјална политика, демографија и млади. Идејата е на крајот да нема ниту едно дете оставено на улица, а и реално да се работи со нив за да сфатат дека питачењето не е единствениот начин на живот за нив, вели Министерот Велковски. Според него, акцијата што започна пред неколку дена е само дел од еден системски пристап, а следниот чекор е кампања за граѓаните со цел да се демотивира питачење на улица. -Другиот дел на системска поставеност е кампањата. Веќе денеска е дефинирана од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Капмања преку која ќе ги насочиме и учесниците во сообраќајот, бидејќи таму е детектирано најголемото присуство, на булеварите и крстосниците низ Скопје. Преку кампањата буквално би ги демотивирале учесниците во сообраќајот да ги помагаат на некаков начин овие дечиња, а ако сакаат да им помогнат тоа да имаат пожност да го сторат на понаков начин. - Ѓоко Велковски – министер за социјална политика, демографија и млади. Ќе се смени и законот за да има поостри санкции, а акциите за детектиреање и помош на дечињата питачи кои се затекнувани со цивилни возила во кои има вработени од центарот за социјална грижа и полициски службеници, ќе станат редовна пракса, тврдат надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПредвремени избори ќе има ако здружената опозиција во Собранието ги побара, порачува МицкоскиВладата ќе прифати предвремени избори ако има барање од „здружената опозиција“, изјави премиерот Мицкоски, но лидерот на СДСМ Филипче вели дека нема координација со ДУИ и Левица а доколку власта сака може и без нив да ги распише. Темата за изборно соочување пред редовниот термин во 2028 останува со непроменети позиции, иако сите партии тврдат дека се подготвени да се одржат во секое време. Според премиерот фокусот на Владата сега е на испорачување на ветените проекти од претходните избори, за кои Филипче вели дека останале само на хартија. „Тоа е наш приоритет, како да испорачаме повеќе за да имаме подобри услови за живот.Тоа е суштината на функционирањето на оваа Влада, остануваме посветени на тоа. Здружената опозиција Левица, ДУИ и СДСМ во парламентот можат да се соберат да поднесат инцијатива за предвремени парламентарни избори. Доколку здружената опозиција СДСМ, Левица и ДУИ поднесат, тогаш ние како Влада ќе дадеме соодветен одговор.“- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. „Ние не сме здружена опозиција со ДУИ и со Левица, така како што сака тоа Христијан да го прикаже, единствената вистинска опозиција во државата е само СДСМ. / Избори доаѓаат после одреден временски период откако таа политичка структура која е на власт требало нешто да испорача. Што да испорачаа, ништо, а што ветија, сешто, се што ветија се излажаа. / Зошто му треба алиби од СДСМ кога има две третини во парламентот? Може кога сака да ги распише изборите. Избори ќе има кога ќе снема пари.“ -Венко Филипче – претседател на СДСМ. Филипче повтори дека ставот на СДСМ во однос на измена на изборниот законик останува ист. И покрај очекувањата на министерот за правда Шасивари дека се вратат и ќе учествуваат во работната група, лидерот на партијата кажа дека аргументите на СДСМ се јасни и најави дека може само да ги испрати писмено до правда. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕвропската комисија утре попладне ќе го презентира предлог за реформи на процесот на проширувањеЕврокомесарката за проширување – Марта Кос утре од Стразбур ќе го претстави прегледот на новите предпристапни политики на Унијата. Клучните предлози се однесуваат на ефективноста на процесот на проширување, но и промена во праксата на носење одлуки, што ја адресира и опасноста од т.н тројански коњи меѓу новите земји членки, посочува директорката на Институтот за европска политика – Симонида Кацарска. Доколку земјите членки се согласат на принципот гласање со квалификувано мнозинство, тоа нема да донесе големи промени во оваа фаза на македонскиот евроинтегративен пат, но ќе има доколку се нарпраравт уставните измени и почне отворањето на кластерите – оценува Кацарска. Дали земјите членки ќе го прифатат предлогот на Кос и дали тој ќе претрпи измени ќе се знае после стратешкиот состанок на Советот на ЕУ кон средината на месецов. Дополнително, утре од Кос се очекуваат и повеќе детали за патоказите за најуспешните земји кандидатки - Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија. Тагови: ЕК ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook