Во Израел одобрија четврта доза вакцина против Ковид-19 за постари од 60 години - Канал 5

Во Израел одобрија четврта доза вакцина против Ковид-19 за постари од 60 години

Израел одобри четврта доза од вакцина против Ковид-19 за сите луѓе постари од 60 години и медицинскиот персонал, соопшти синоќа премиерот Нафтали Бенет.

Во Израел одобрија четврта доза вакцина против Ковид-19 за постари од 60 години

На прес-конференција Бенет рече дека Министерството за здравство ја одобрило одлуката два дена по одобрувањето на четвртата доза за групи со висок ризик.

– Бранот со Омикрон е тука и треба да се заштитиме, изјави Бенет.

Набргу по почетокот на вакцинацијата на ризичните групи, директорот на Министерството за здравство Нахман Еш ја одобри четвртата доза за лицата во домовите за стари и изнемоштени.

Покрај тоа, Израел во четвртокот ја прими првата пратка таблети против коронавирус од фармацевтската компанија „Фајзер" во време кога бројот на заразени продолжува да расте поради сојот Омикрон.

Во изминатите денови Израел бележи голем пораст на инфекции, но засега не е потврдено ново зголемување на хоспитализираните.

Израелските власти вчера потврдија 4.206 нови случаи на коронавирус за 24 часа и зголемување за 195 отсто за една недела, што може да го зголеми притисокот врз здравствениот систем.

– Наскоро можеме да предвидиме 50.000 нови случаи на ден, предупреди Бенет, повторувајќи го повикот за масовна вакцинација.

Во земја од 9,2 милиони жители во која повеќе од половина веќе добиле засилена, т.н. бустер доза, потешки случаи на болеста се присутни кај невакцинираните, велат надлежните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер