Во Италија за 24 часа 49 луѓе починаа од коронавирусот, во Кина се намалува бројот на заразени - Канал 5

Во Италија за 24 часа 49 луѓе починаа од коронавирусот, во Кина се намалува бројот на заразени

Се зголемува билансот на жртви од коронавирусот во Италија, нови 49 пациенти починале изминатите 24 часа, со што бројката се искачи на близу 200 лица. 

Во Италија за 24 часа 49 луѓе починаа од коронавирусот, во Кина се намалува бројот на заразени

Италија е една најпогодените земји по бројот на заразени од вирусот, а тамошните власти воведуваат вонредни мерки за справување со кризата. Дел од фудбалските натпревари во земјата се откажани, а некои пак ќе се одиграат без публика, во исто време, земјата ги затвора универзитетите и училиштата, а ја прекинува и работата на судовите до крајот на мај. Стравот од ширење на вирусот го откажа и уставниот референдум во Италија.

„Одлучивме исто така да го одложиме уставниот референдум кој беше закажан да се одржи на крајот од месецов, тој се наближува и потребно е да појасниме по оваа точка дека ја проценивме можноста да одложиме. Се уште нема нова дата кога би се одржал“,изјави Џузепе Конте – Премиер на Италија.

Единствената држава, која тврди дека бележи намалување на заболени е токму Кина од каде и потекна вирусот. Тамошните власти велат дека имаат 99 нови случаи на заразени со вирусот во последното деноноќие, што за нив е намалување во односи на претходните денови. Кинеските медиуми објавија и фотографија од 101 годишен пациент, за кој тврдат дека го пребродил вирусот. Во меѓувреме, токму информациите од Кина наидоа на критики од Американските власти. Државниот секретар на САД Мајк Помпео ги обвини кинеските власти дека не споделуваат доволно информации за вирусот со останатиот дел од светот.

-Информациите кои ги добивме на почетокот не беа совршени и не доведоа до место каде доцниме да се справиме со предизвиците со кои се соочуваме, тоа не е начинот на кој би требало да се работи, тоа не е начинот на кој Америка работи со транспарентноста, отвореноста и споделувањето на информации кои се потребни. Се покажа навистина фрустрирачки да се соработува со Кинеската комунистичка партија за да ги добиеме податоците кои ни се потребни за изработка на вакцината и справување со ризикот,истакна Мајк Помпео – Државен секретар на САД .

Од коронавирусот, до сега во САД починаа 14 лица, додека близу 400 се заразени. Вирусот остави илјадници лица заробени и на крузерот „Гранд Принсес“ крај брегот на Сан Франциско, каде има дваесетина инфицирани лица. Светската интерактивна мапа која што ја води реномираниот американски универзитет Џонс Хопкинс, покажува дека вирусот веќе допре до секој континент, а бројката се искачи на над 100 илјади заболени и 3.500 мртви.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер