Во Италија уапсени припадници на криминална група поврзана со мафијата - Канал 5

Во Италија уапсени припадници на криминална група поврзана со мафијата

Полицијата во Италија уапси група од 14 криминалци, која наводно е поврзана со мафијашкото семејство Сантапаола-Ерколано, а која дејствувала во сицилијанските градови Ачи Катени и Ачиреале.

Во Италија уапсени припадници на криминална група поврзана со мафијата

Полицијата ги уапси осомничените во провинциите Катанија и Реџо Калабрија, пренесе Анса.

За десетмина од осомничените, вклучувајќи и една жена, одредена е казна затвор, додека за двајца е одреден куќен притвор, а за уште двајца задолжително пријавување на живеалиште.

Осомничените се товарат за вооружено групирање со цел трговија со наркотици, незаконско држење оружје и муниција, тешки повреди и кражба.

Во истрагата било откриено работењето на оперативна група помеѓу градовите Ачи Катени и Ачиреале, поврзана со мафијашкото семејство Сантапаола-Ерколано од Коза ностра во Катанија, која управувала со трговија со кокаин, крек, марихуана и сканк.

Полициската операција сè уште е во тек.

Русија: Северна Кореја испраќа 6.000 војници за обнова на Курск

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја во понеделникот соопшти дека распоредувањето на севернокорејски трупи во Русија е јасно кршење на санкциите на ОН и повика на итен прекин на таквата соработка меѓу двете земји.

Русија: Северна Кореја испраќа 6.000 војници за обнова на Курск

Северна Кореја ќе испрати 5.000 воени градежни работници и 1.000 деминери во регионот Курск за да помогнат во обновата по украинската инвазија, изјави шефот за безбедност на рускиот претседател Сергеј Шојгу по состанокот со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун што се одржа вчера.

На состанокот беа разгледани и планови за одбележување на „херојските подвизи“ на севернокорејските војници во операциите во регионот Курск, дел од Русија кој беше нападнат од украинските сили минатата година, соопшти претходно севернокорејската телевизија КЦНА.

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја во понеделникот соопшти дека распоредувањето на севернокорејски трупи во Русија е јасно кршење на санкциите на ОН и повика на итен прекин на таквата соработка меѓу двете земји.

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-Мјунг, и јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, се согласија за понатамошна соработка во врска со Северна Кореја на самитот на Г7 во Канада, соопштија Ишиба и претседателската канцеларија на Јужна Кореја.

Истрагата на Ројтерс откри дека Северна Кореја ѝ снабдила на Русија милиони артилериски гранати и илјадници војници за борбите во Украина.

Ким ја изрази својата „безусловна поддршка“ на Русија, и покрај загриженоста на јужнокорејските и западните претставници дека Северна Кореја можеби добива напредна воена технологија, како и економска помош од Москва.

Андоновски – Гавковски: Поддршка од Полска за евроинтеграцијата, сајбербезбедноста....

-Поддршка од Полска за евроинтеграцијата, сајбербезбедноста и дигитализацијата.

Андоновски – Гавковски: Поддршка од Полска за евроинтеграцијата, сајбербезбедноста....

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во рамки на Дигиталниот самит во Гдањск, имаше работна средба со вицепремиерот на Полска и министер за дигитални прашања, Кристоф Гавковски.

На средбата, како што соопшти кабинетот на Андоновски, беше разговарано за тековните процеси и заложби за дигиталната трансформација во двете земји, со посебен акцент на полските искуства во дигитализацијата на јавните услуги и сајбвер безбедноста. Двајцата соговорници ја потенцираа важноста од зајакната регионална и европска соработка во оваа сфера.

- Полска и Министерството за дигитализација ќе бидат најголем поддржувач на европската интеграција на Македонија. На крајот на претседавањето со Советот на ЕУ, фокусот на полската Влада останува на поддршка на партнерите и пријателите, изјави министерот Андоновски.

Тој истакна и дека со поддршка од Европската Унија, оваа есен граѓаните на Македонија ќе добијат можност за дигитална лична карта преку мобилна апликација, ова е важен чекор во дигиталната трансформација на општеството.

Средбата претставува потврда на заедничката заложба за интензивирање на билатералната соработка и размена на добри практики.

- Сакаме да бидеме најсилен поддржувач на македонската интеграција во ЕУ, и како ваш традиционален партнер, Полска е подготвена да и помогне на Македонија со експертиза, техничка помош особено во делот на сајбербезбедноста, но и лобирање и поддршка во европските институции, изјави вицепремиерот Гавковски.

Важноста на дигиталната трансформација се гледа во тоа што овој сегмент е еден од клучните во Реформската агенда во рамки на Планот за раст на ЕУ, стои во соопштението од кабинето на министерот Андоновски.

Крива Паланка претстојната сезона ќе настапи во меѓународната АБА 2 Лига

Кошаркарките на Крива Паланка, следната сезона ќе играат во регионалната АБА 2 лига.

Крива Паланка претстојната сезона ќе настапи во меѓународната АБА 2 Лига

Во осмата сезона од настапите во домашното женско кошаркарско првенство на клубот од Крива Паланка, раководството на паланчанки ја прифати поканата да биде дел од ова натпреварување на Балканот каде што минатата сезона се натпреваруваа тимови од Словенија, Босна и Херцеговина, Република Српска, Црна Гора и Србија.

- Предизвикот да се излезе на меѓународната сцена е голем, но од друга страна токму сега е моментот да се истапи чекор напред, со оглед на тоа што голем број од младите првотимки од сопствената школа на КК Крива Паланка се во развојна фаза како играчи, а дел од нив, поискусните, се во одличен моментум да заиграат на меѓународната сцена и да го прикажат искуството, но и со желба за докажување, да соберат ново искуство, изјави претседателот на Крива Паланка, Ведран Белешковски.

Тој посочи дека заедно со првиот тренер, предводникот на сениорките, Виктор Петровски, веќе работат на комплетирање на екипата што ќе ги брани клупските бои во сезоната што претстои, по урнек на оваа сезона кога беа лидери во речиси најголемиот дел од првенството во домашната Прва лига.

Во сезоната 2025/26 амбициите на КК Крива Паланка се и освојување на трофеите во домашните натпреварувања (куп и првенство).

притисни ентер