3Отстраниле 6.000 стаорци и 60 кози од остров на кој имало само едно дрво: Вегетацијата се зголемила за 2.000 проценти
СветВо Италија уапсен осомничен Украинец за саботажа на гасоводот„Северен тек“Осомничен Украинец е уапсен во Италија за наводно учество во саботажа насочена кон гасоводот „Северен тек“ во септември 2022 година, соопштија денеска германските обвинители.Мажот е обвинет за учество во предизвикување експлозивна детонација, како и за противуставна саботажа, меѓу другото, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител во Карлсруе. Се вели дека осомничениот е дел од група луѓе кои поставиле експлозивни направи на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 во близина на данскиот остров Борнхолм во Балтичкото Море пред околу три години. -Обвинетиот веројатно бил еден од координаторите на операцијата, соопшти канцеларијата на федералниот обвинител. Италијанската полиција го уапси мажот во покраината Римини преку ноќ. Тој треба да биде екстрадиран во Германија, соопштија од канцеларијата. Гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, кои водат од Русија до Германија преку Балтичкото Море, беа оштетени од неколку експлозии кон крајот на септември 2022 година. Кратко потоа, беа откриени четири протекувања во три од четирите делници од гасоводот. -Северен тек 1“ претходно се користеше за снабдување на Германија со руски гас, додека „Северен тек 2“ никогаш не беше ставен во употреба по целосната инвазија на Москва врз Украина. Тагови: Северен тек Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопНеделен хороскоп за 12. до 19. октомври 2026 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 12. до 19. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Многу луѓе постојано ќе ве опкружуваат. Ќе бидете расположени , весели , подготвени се да споделите со нив , но без премногу обврски. Некои својата врска ќе ја стават во позиција на добро пријателство и ќе се откажат од поголеми интимности. Партнерот би можел да биде збунет. Кариера Вашето влијание во работата ќе биде базирано на вашата зрелост и професионалноста. Овие денови уште ќе чекате на некои одговори од соработниците , што може да влијаат на натамошниот развој на работата , но општо земено , се е под контрола и добро се одвива. Здравје и совет Задоволни сте со самите себе. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Иако вашата врска одлично ќе напредува,вие самите ќе бидете склони кон чепкање по ситници , а особено во вашиот внатрешен свет. Со таков пристап ќе ја загрозите спонтаноста , па затоа не претерувајте. Опуштете се. Кариера Колку долго сонувавте за некои деловни потфати , толку сега имате шанса да го покажете своето знаење и умеење. Веројатно ќе се зголеми вашето влијание врз другите на работното место . Подготвени сте за такво нешто. Здравје и совет Ќе бидете отворени за секакви предлози. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Следните денови вие еднакво ќе уживате било како самец со пријателите или во врска со саканата личност. Нема да чувствувате притисок , па по секоја цена мора да се зближите со некого. Ќе бидете навидум незаинтересирани кон другите , но со смисол за хумор. Кариера Следните денови работата најверојатно ќе ви падне во втор план. Ќе размислувате за духовниот свет, или пак во својот дом ќе воведете некои измени. На работното место ќе функционирате рутински. Ќе го одработите она што морате и ќе бидете далеку со духот. Здравје и совет Одете во природа . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе се чувствувате празно и незаинтересирано за некои љубовни активности. Тоа е последица на вашата заинтересираност за се друго освен за личниот живот. Внимавајте, саканата личност може да се почуствува запоставено. Мал подарок може да ја поправи работата. Кариера Доколку нешто треба да се менува , менувајте.наравете го тоа на мирен и постепен начин. Доколку ве критикуваат немојте да одговарате , туку продолжете и натаму да работите. важное да имате јасен план и доследно да го следите. Успехот е на чекор до вас. Здравје и совет Соработувајте повеќе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Влијанието на љубовните планети врз вашиот љубовен живот деновиве ќе биде различно. Некогаш ќе ви изгледа како се да е можно, а некогаш ништо. Ќе ви биде потребна добра способност за прилагодување , за да ги издржите сите предизвици. Кариера Пред вас се работни денови полни со предизвици , со зголемена одговорност , како и контрола при работењето. Затоа бидете подготвени , потсетете се на она што до сега сте го постигнале и со полно право презентирајте ги своите способности. Здравје и совет Потребено ви е повеќе спиење. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашите лични односи добро ќес е развиваат. Мали сомневања ќе имаат краткотраен карактер , па не им придавајте значење. Објективно , вратите на нечие срце ви се отворени. Не си го затворајте самите патот , туку одете таму каде што мислите дека припаѓате. Кариера Би биле најсреќни доколку се повлечете во своето работно катче и да работите нешто по свое. Некои овие влијанија ќе ги искористат за нови долгорочни планови , па ќе осмислат како да го подобрат она што го работат. Ќе има многу интересни идеи , па дури и повеќе. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе помислувате дека сте можеле повеќе да направите , но нема причина за незадоволство. Сега своите сили ќе ги насочите на зацврстување на она што сте го постигнале на личен план. Помалку филозофирање, повеќе интимност и се ќе ви оди како што треба. Кариера Ќе има се повеќе работа , а особено оние во дејноста услуги. Понекогаш нема да можете ниту да земете пауза , а најмногу ќе ве нервира што некои колеги илисоработници ќе функционираат и повеќе од немарно. Ќе се обидете да ги предупредите да работат посовесно. Здравје и совет Не заборавајте да се одморите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Состојбата во приватниот живот ќе се одвива добро. Саканата личност ќе ве поддржува, иако повремено ќе доаѓа до мали вербални недоразбирања. Истовремено ќе се појават бројни и многу убави љубовни шанси за оние кои се сами. Кариера Два чекора напред , па еден назад. Така деновиве би можела да се опише вашата работна недела. Сепак , кога ќе соберете пак сте во добивка. размислете за своите амбиции и планови. Дали се реални? Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе бидете се повеќе наклонети кон скривање на своите вистински чувства. Тоа понекогаш ќе предизвика недоразбирања во односите , зашто другата страна нема да биде подготвена. Внимавајте со ваквиот свој став да пропуштите добра љубовна шанса или некој друг да се откаже од додворување кон вас. Кариера Продолжувате да развивате се подобра деловна иднина. Остана уште малку време за да ги привршите подготовките. Неделава нема да биде се готово. Немојте тоа да ве изнервира , зашто на крај ќе видите дека се излегло подобро од очекуваното. Здравје и совет Игнорирајте ги малите грижи. Рак 22.6-22.7. Љубов Како што ќе минува неделата , ќе забележите дека важите љубовни односи се повеќе се подобруваат. Тоа ќе ве охрабри за да бидете уште поотворени и посигурно да им пристапувате на личностите кои ви се допаѓаат. Оние кои се во врска , ќе бидат уште поблиски со саканата личност. Кариера Не сте ни помислувале дека може да ви тргне толку на добро. Ќе се поврзувате со луѓе , меѓу кои и со нови соработници уште подобро отколку што сте претпоставувале. Идеите ќе ги разменувате поинтензивно , а нивната примена ќе биде возможна. Пред вас се динамични денови. Здравје и совет Штедете си ја силата. Лав 23.7-22.8. Љубов Во своите лични односи ќе станете поотворени и поопуштени. Подготвеноста да им верувате на другите ќе ви се врати на најдобар можен начин. Не само што вие ќе имате доверба во партнерот , туку и обратно. Бидете свесни за тоа и чувајте го. Кариера Веројатно нема да излезете во прв план , но сепак ќе ви биде добро. На вас е да работите и да покажете што знаете. Ситуациите , луѓето и настануите ќе ви одат во полза , дури и кога на прв поглед состојбата нема да ви изгледа сјајна. Здравје и совет Не губете време на безначајни работи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Барањата што постојано ќе доаѓаат од други подрачја на животот, повремено ќе ви ги нарушуваат стабилните лични односи. Ако се обидете нешто да објасните , нема добро да поминете. Затоа бидете тивки и едниоставно сакајте. Така ќе биде најдобро. Кариера Ќе се засили кореспонденцијата со колеги кои не се од местото каде што работите. Ќе се поврзете со нив и ќе разменувате деловни искуства. Некои ќе заминат на службен пат. Тоа ќе ги освежи и ќе разбуди кај нив авантуристички идеи. Здравје и совет Вашите таленти чекаат да се истакнат. Развивајте ги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе удавил 57 годишен охриѓанец откако му се првртело канутоВчера на 57 годишен Охриѓанец му се превртело кануто и починал – телото предадено на обдукција.На 10.10.2026 во 18:30 часот во ПС ГН Охридско Езеро било пријавено дека во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, се превртело кану управувано од (57) годишен Охриѓанец. На местото биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт кај лицето. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, стои во билтенот на МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВидео: Трамп размислува да го преименува Атлантскиот или Тихиот Океан во „Океан на Трамп“?!Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува да го преименува Атлантскиот или Тихиот Океан во „Трампов Океан “ или „Американски океан“ пред да му заврши претседателскиот мандат. Обраќајќи им се на гласачите во сојузната држава Тенеси, Трамп потсети на својата иницијатива да го преименува езерото Онтарио во езеро „Америка“. „Размислував за Атлантскиот или за Тихиот Океан. Би ги нарекле ’Трампов Океан ‘ или ’Американски океан‘. Треба да го направиме тоа пред да си заминам“, рече Трамп. Претходно денес, Трамп исто така изјави дека неговата администрација размислува да го преименува Ормускиот теснец по претседателот на САД. President Trump suggested renaming the Pacific or Atlantic Ocean as “Trump Ocean” or “Ocean of the Americas” on Saturday during a campaign rally in Clarksville, Tennessee. “So we’ve got the Gulf, we’ve got a beautiful lake,” Trump said. “So we need a river, we need an ocean, so I was thinking of either the Atlantic or the Pacific, we'd call it Trump Ocean or Ocean of the Americas, something like that.” — CBS News (@CBSNews) October 11, 2026 Во септември, Трамп потпиша указ за преименување на езерото Онтарио во езеро Америка. Езерото е дел од системот на Големите езера и се наоѓа на границата меѓу САД и Канада, помеѓу американската сојузна држава Њујорк и канадската провинција Онтарио. Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада ќе продолжи да го користи постоечкото име на езерото.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00