Во Италија се запленети над половина тон кокаин, вреден 100 милиони евра- уапсени се пет лица

Италијанската полиција заплени пакувања со кокаин тешки 540 килограми, чија вредност се проценува на повеќе од 100 милиони евра, а пет лица се уапсени, јавува АНСА.

Осомничените биле на рибарски чамец и ја поседувале дрогата, која била спакувана во пакувања наменети за да се спречи навлегување вода и да плови на површина на морето.

Акцијата била координирана од обвинителството во Катанија, а е спроведена со помош на војници од Покраинската команда во Катанија, во соработка со финансиски тимови од воздухопловните единици од Палермо и Пратика ди Маре (воен аеродром југозападно од Рим), со поддршката на Специјалната единица за финансиски криминал (Scico).

Квалификации за ЕП 2025: Македонија до 21 ја победи Молдавија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година оствари победа со 2:1 против своите врсници од Молдавија во рамките на претпоследниот натпревар од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП кое ќе се одржи во Словачка 2025 година.

Ова беше четвртата победа во овие квалификации за нашите момци.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски денеска ја оправдаа фаворитската улога и сосема заслужено славеа триумф над Молдавија.

Бехар Фета отвори во 11. минута, додека Беким Камбери во 90. минута ја зголеми предноста на Македонија.

Противникот во следниот напад успеа само да постигне почесен погодок за намалување на нашата предност.

Во последното коло од квалификациите, нашата млада репрезентација на 15. октомври ќе игра против Грузија на гостински терен./МИА

Мицотакис и фон дер Лајен разговарале за миграцијата и конкурентноста на ЕУ

 Миграцијата и конкурентноста, биле во фокусот на средбата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, непосредно пред почетокот на Самитот МЕД9 на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

Миграцијата и конкурентноста, биле во фокусот на средбата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, непосредно пред почетокот на Самитот МЕД9 на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

Кипарскиот град Пафос денеска е домаќин на лидерите на деветте медитерански земји членки на ЕУ, кои се дел од групата МЕД9, а на состанокот ќе учествуваат и претседателката на ЕК и кралот на Јордан.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис и фон дер Лајен на нивната средба разговарале „за приоритетите на новиот европски институционален циклус, со акцентот на прашањата за миграцијата и конкурентноста на ЕУ, кои се на агендата на претстојниот Самит на Европскиот совет“.

Покрај Кипар, кој претседава оваа година, во групата МЕД9 се и Франција, Грција, Шпанија, Италија, Хрватска, Малта, Португалија и Словенија. /МИА

Израелската армија повторно нападна позиции на УНИФИЛ

Министерството за надворешни работи на Либан денеска соопшти дека израелската армија повторно нападнала позиции на мировната мисија УНИФИЛ во јужниот дел на Либан, при што е повредени повеќе лица.

Најостро го осудуваме намерниот и систематски оган на израелската армија врз членовите на Мисијата на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ)“, се наведува во соопштението на либанското МНР.

Официјалната агенција АНИ објави дека „израелски тенк гаѓал ја нападнал кулата УНИФИЛ, при што се повредени војниците на контингентот на Шри Ланка“.

Во сличен инцидент вчера повредени се двајца мировници од Индонезија./МИА

притисни ентер