Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари - Канал 5

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

 Во Иран се уапсени неколку истакнати политичари околу еден месец откако масовните протести ја зафатија земјата, објавија денеска иранските медиуми.

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се обвинети за поттикнување и ширење лажни наративи.

Медиумите пренесуваат дека Ебрахим Асгарсадех, познат политичар и отворен критичар на тврдокорното иранско раководство, некогашен претставник и член на градскиот совет на Техеран, е меѓу приведените. Уапсен е и Мохсен Аминзадех, поранешен заменик-министер за надворешни работи.

На крајот на декември, протестите избувнаа поради продлабочувањето на економската криза во Иран и брзо ескалираа во национални демонстрации против авторитарната влада на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Мадона речиси падна на забава во Њујорк

Светската музичка ѕвезда Мадона одржа неочекуван концерт на Тајмс Сквер во Њујорк по повод промоцијата на нејзиниот нов албум „Confessions II“ .

Видео: Мадона речиси падна на забава во Њујорк

Настапот на 67 годишната пејачка на Тајмс Сквер во Њујорк беше организиран по повод промоцијата на нејзиниот нов албум „Confessions II“, како и почетокот на Месецот на гордоста.

Поп-кралицата помина околу 15 минути на сцената, а публиката можеше да ги чуе хитовите „Hung Up“ и „I Love New York“. Иако настапот беше краток, тој вклучуваше танчери, диџеј и ротирачка сцена, што привлече големо внимание од минувачите и обожавателите.

Сепак, освен самиот концерт, големо внимание на социјалните мрежи привлекоа и снимките што почнаа да кружат на интернет. На нив се гледа како Мадона стои покрај оградата на сцената за време на настапот, се држи за неа и неконтролирано ја тресе, по што ја фрла ногата преку неа.

Многу корисници на социјалните мрежи коментираа дека во еден момент се загрижеле дека Мадона може да ја изгуби рамнотежата и да падне пред публиката. Некои изјавија дека ситуацијата изгледала непријатна, додека други верувале дека тоа е дел од настапот и сценската кореографија.

„Боже, не ѝ доликува повеќе да ги шири нозете вака“, „Мислев дека ќе падне“, „Сè уште се ниша, можеби не танцува како порано, но сепак е Мадона!“, гласеа некои од коментарите на видеото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Северина на баскет во елегентен фустан и екстравагатни потпетици?

Балканската музичка ѕвезда Северина играше баскет во гламурозна облека, нејзините необични сандали го привлекоа вниманието.

Видео: Северина на баскет во елегентен фустан и екстравагатни потпетици?

Во пресрет на концертот во Макарска, популарната Севе го привлече внимание со необично модно издание и уште понеобична локација за фотосесија.

Пејачката позираше на кошаркарскиот терен во Сплит во гламурозен фустан и високи потпетици, додека игра баскет.

Во видеото погледнете како изгледаше оваа необична комбинација од спорт и мода во видеото подолу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Награди и признанија за првенците на генерација

Награди и признанија за првенците на генерација, по 20.000 денари за најуспешните ученици од Општина Центар.

Герасимовски: Награди и признанија за првенците на генерација

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели пофалници и парични награди во износ од 20.000 денари на првенците на генерацијата од сите осум општински училишта. Вкупно се издвоени 160.000 денари за најуспешните ученици.

Наградените ученици во текот на своето деветгодишно образование покажале континуиран одличен успех, освоиле бројни признанија на државни и меѓународни натпревари и активно учествувале во вонучилишни активности, достојно претставувајќи ги своите училишта и Општина Центар.

„Ова е личен успех за вас, но и за вашите наставници, родители и за сите нас како локална самоуправа. Ви посакувам многу успеси во натамошното школување и да се изградите во професионални личности. На општината и државата ѝ се потребни квалитетни млади луѓе кои ќе останат тука, ќе вложуваат и ќе придонесуваат за подобра иднина“, истакна Герасимовски.

Тој посочи дека Општина Центар континуирано ги наградува и мотивира талентираните ученици за вложениот труд, знаење и посветеност, со цел да им даде силна поддршка за нивното образовно и лично усовршување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер