Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Невладината организација „Иран Хјуман рајтс“ денеска соопшти дека од почетокот на годинава во Иран биле егзекутирани 223 лица и го осуди отсуството на фер судење.

Седум лица, меѓу кои две жени, беа обесени денеска во Иран, бидејќи Исламската Република ја зголемува употребата на смртната казна за политички цели, соопшти организацијата со седиште во Норвешка, објави „Фигаро“.

Парвин Мусави (53), мајка на две деца, беше обесена во затворот Урмија во северозападен Иран со пет мажи, од кои сите беа осудени за трговија со дрога, се вели во соопштението на организацијата.

Фатемех Абдулахи (27) е обесена во Нишапур на истокот на земјата поради убиство на нејзиниот сопруг, кој воедно и бил братучед.

Огранизацијата соопшти дека забележала 223 егзекуции годинава, вклучително и најмалку 50 само во мај, по крајот на персиската Нова година и Рамазан во април.

Иран е една од земјите каде што се извршуваат најмногу егзекуции заедно со Кина и Саудиска Арабија. Егзекуциите се вршат со бесење./МИА

МНР со остра осуда за заканите кон новинарот Видиновски од бугаринот Стојанов

Министерството за нaдворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува заканите упатени на социјалните мрежи кон македонскиот новинар  Александар Видиновски од страна на лицето Виктор Стојанов за репортажа објавена на телевизијата Канал 5.

Секоја форма на притисок, закани или вербални напади врз новинарите и медиумските работници претставува и закана за слободното изразување и слободата на медиумите, и лесно може да ја загрози работата на новинарите која е од јавен интерес.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за овој случај веќе сигнализираше кај бугарските колеги преку механизмот за борба против говор на омраза воспоставен согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со цел негово евидентирања и соодветно постапување од страна на надлежните органи, соопшти МНР.

Италијанската полиција запленила 6 тони хемикалии за производство на екстази

Италијанската финансиска полиција заплени околу 6,3 тони хемиски супстанци за производство на екстази, соопштија денеска официјални лица.

Акцијата за конфискација била спроведена по истрагата покрената пред две години, пренесе агенцијата Анса.

На овој начин е спречено потенцијалното производство на 63 милиони таблети екстази со пазарна вредност од околу 630 милиони евра.

Првата операција се однесуваше на пратка што пристигна на аеродромот Малпенса во близина на Милано во 2022 година.

Откако ја пресретнала пратката, полицијата извршила „контролирана испорака“ до наменетата дестинација во компанија во провинцијата Варезе.

Врз основа на сознанијата добиени во таа акција, овозможено е дополнително покренување на истрага во Холандија и идентификување на магацин за опојни дроги, а притоа е запленета поголема количина на материјал што се користи за прочистување на дрогата.

Ова им овозможи на холандските власти да уапсат двајца кинески државјани, додека правниот застапник на компанијата што ја увезла пратката е под истрага.

Ќерката на Клинт Иствуд се омажи во стари чевли и со фризура што самата си ја направила (ФОТО)

Најмладата ќерка на Клинт Иствуд (94), Морган Иствуд (27), се омажи овој викенд, а гордиот татко ја прошета ќерка си до олтарот.

Морган откри дека членовите на нејзиното семејство презеле неколку улоги, при што нејзиниот татко ја придружувал до олтарот, а нејзиниот внук ги носел прстените. Свадбата се одржа на Mission Ranch, историски имот во Кармел, Калифорнија што Иствуд го купи во 1986 година.

Невестата сподели фотографии од големиот ден на Инстаграм, покажувајќи некои од нејзините омилени моменти. Фотографиите покажуваат дека бремената Морган изгледа неверојатно во традиционален бел фустан. Таа и нејзиниот младоженец Танер Копманс направија различни фотографии со нивните семејства и поглед на ранчот со овци. На една од фотографиите Иствуд го гали стомакот на својата ќерка и изгледа посреќно од било кога.

„Нашиот совршен ден“, напиша Морган во објавата.

„Совршен ден“, напиша Скот Иствуд, нејзиниот брат во делот за коментари.

Иствуд има седум деца, меѓу кои Морган и Скот. Тоа се Лори Мареј (70), Кимбер Лин Иствуд (60), Кајл Иствуд (56), Алисон Иствуд (52), Кетрин Иствуд (36) и Франческа Иствуд (30). Во текот на животот се женел двапати, а двата брака траеле долго. Прво се оженил со Меги Џонсон во 1953 година. Тие се разведоа во 1984 година. Подоцна се ожени со Дина Иствуд во 1996 година. Тие се разведоа во 2014 година.

Во различни интервјуа, Иствуд разговараше за родителството и како тој станал подобар во тоа со текот на годините.

– Мојата ќерка има приоритет пред сѐ – изјави за Морган во интервју за „Телеграф“.

- Одам на сите натпревари на софтбол и изгледам смешно бидејќи скоро сите деца имаат многу помлад татко од мене. Но, тоа е забавно. Мислам дека го цениш многу повеќе кога ќе дојдеш до мои години.

Морган, која го чека своето прво дете, изјави за People дека прославата е „многу инспирирана од Европа и толку совршена“.

- Сакавме секој елемент да биде што е можно поопуштен. Сама си направив шминка и фризура, избрав неколку евтини обетки и обув пар кадифени штикли што ги носев претходно.

Откако парот се вери минатиот јуни, Морган вели дека првично сакала да побегне некаде далеку за да се омажи, но нејзиниот сопруг сакал поголема прослава.

- Чувствувам дека нашата венчавка беше совршена затоа што беше интимна колку што може да биде (со огромно семејство како моето), но тоа беше само потесното семејство и нивните партнери, блиските семејни пријатели и најдобрите пријатели кои ги познаваме цел живот додека растевме. - заклучила невестата.

За церемонијата, Морган избра фустан од дизајнерката Сара Севен.

- Ми се допадна што беше едноставно и исправено, без шлеп или нешто што се влече. Го купив неколку месеци пред да забременам и многу лесно можеа да го приспособат за да ми одговара на стомакот.

притисни ентер