Во Индонезија живее човек стар 145 години! - Канал 5

Во Индонезија живее човек стар 145 години!

Ова е Мба Гото, човекот кој е роден на 31 декември, далечната 1870 година. Документите за неговото раѓање се признати од индонезиските власти. Мба ја доби титулата - најстар човек на светот, но не би сакал долго да ја носи...

Во Индонезија живее човек стар 145 години!
Тој ги надживеал сите свои десетмина браќа и сестри, како и четири сопруги, од кои последната починала во 1988 година. Ги надживеал и сите свои деца. По век и половина, вели дека е подготвен да умре. Но, според неговиот потомок Сурјанто, Мба се подготвува за смртта уште од кога имал „само“ 122 години.

- Има свој споменик, направен во 1992 година. Тоа беше пред 24 години - вели Сурјанто.

Гробницата е подготвена во близина на местото каде почиваат неговите деца.

- Се што сакам е да умрам. Моите внуци сега се независни - изјавил Мба за „Liputan 6“ - пренесе „metro.co.uk“.

На прашањето, која е тајната на толку долгиот живот, тој одговара: Рецептот е само - трпение!

Image result for man 145 years old indonesia


Неговите внуци велат дека Мба слуша само радио, бидејќи видот му е преслаб да гледа телевизија. Индонезиските власти ги потврдуваат неговите документи во кои стои дека е роден на 31 декември 1870 година. Но, независна потврда сеуште нема.


Credit CEN Pic shows: The old man - Mbah Gotho, 145. An Indonesian man who has emerged from obscurity to be named the world's oldest at an incredible 145 years has told the media that he is ready to die now. According to documentation recognised by Indonesian officials, Mbah Gotho is 145 and was born on 31st December 1870. He has not surprisingly outlived all 10 of his siblings as well as his four wives, the last of whom died in 1988. All of his children have also died, and now he is survived by his grandchildren, great grandchildren, and great-great grandchildren. If correct, that makes him significantly older than the verified oldest person in the world ever, a title that belongs to French woman Jeanne Calment, who lived to be 122. The super senior citizen from Sragen, Central Java, was recently interviewed by Liputan 6, and he said he has been through it all and would not mind passing on. "What I want is to die. My grandchildren are all independent," he told Liputan 6 on Tuesday. Suryanto, Mbah Gothoís grandson, said his grandfather has been preparing for his death ever since he was 122, but it never seemed to come. He said: "The gravestone there was made in 1992. That was 24 years ago." In addition, Suryanto said Mbah Gothoís family has already prepared a gravesite for him - near his childrenís graves. Staff at the Indonesian records office have confirmed Mbah Gothoís birthdate, which is specified on his Indonesian ID card as 31st December 1870. Whether or not he will ever be listed as the world's oldest man however is open to question, as the paperwork has so far not been independently verified. If so he will join to others without verifiable records who are purportedly older than Mbah Gotho - 171-year-old James Olofintuyi from Nigeria and 163-year-old Dhaqabo Ebba from Ethiopia. These days, his grandchildren say Mbah Gotho mostly sits listening to the radio because his eyesight is too poor to watch television. For the past three months, he has had to be spoon-fed and bathed as he has become increasingly frail. When asked what his secret to longevity is, Mbah Gotho replied: "the recipe is just patience." (ends)



Дали ќе биде запишан во Гинисовата книга како најстар човек на светот, зависи токму од таквата потврда. Инаку, има уште двајца луѓе кои пријавиле длабока старост, но немаат потврда за своите тврдења - тоа се Џејмс Олофинтуи од Нигерија кој тврди дека има 171 година, и Дакабо Еба од Етиопија, кој вели дека е стар 163 години!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна со дистрибуција до ветеринарните друштва на обезбедените 400.000 дози од вакцините против болеста сипсници кај овци и кози.

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва

Вакцините се од турско производство и обезбедени се како донација од Европската унија. Според очекувањата, согласно одбрениот План за вакцинација од ЕУ, од среда се очекува да почне и аплицирањето на вакцината на терен. АХВ ги доби резултатите од лабараториските тестирања на вакцината кои беа спроведени во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина. Проверен и потврден е нивниот квалитет како една од најдобрите вакцини за заштита на добитокот од оваа болест, како и нивната микробиолошка исправност и јачина.

Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони. Првата фаза ги опфаќа Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни. Втората фаза ги опфаќа Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот со 1.558 стада и 244.515 животни.

Со третата фаза ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Оваа фаза ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во постпарталниот период за кои вакцинацијата е одложена по документирана проценка на ризик - бенефит. Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација. Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози од целната популација, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација во согласност со упатството за употреба на специфичниот ветеринарно медицински препарат, во согласност со карактеристиките на производот или упатството за употреба на специфичната вакцина. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината.

Од почетокот на годинава досега АХВ има евидентирано 115 жаришта на болеста сипаници коај овци и кози. Во овој временски период угинати од болеста се 875 животни, а нештетно отстранети се 9359 животни.

Агенција за храна и ветеринарство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите потврдуваат дека Алта банка имала сопственички удел во ЕУ банка

Фактите и документите јасно покажуваат дека Алта банка немала забрана за работење во Европската Унија, спротивно на лагите и манипулации што во јавноста ги пласираа СДС и Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите потврдуваат дека Алта банка имала сопственички удел во ЕУ банка

Вистината за случајот со Алта банка е сосема поинаква од политичките конструкции и хистеријата што ја создаваа Филипче и СДС.

Имено, Алта банка поседувала 9,63% од акциите во Адико банка, додека компанијата Дипломат пеј купила удел од 9,99%. Во август 2024 година, на двете компании им биле суспендирани гласачките права, откако надлежниот австриски регулатор утврдил дека тие дејствувале заеднички како поврзани лица и заедно стекнале квалификуван удел од 19,62%, без претходно да го известат надлежниот регулатор, согласно законските обврски.

Станува збор за прекршочна санкција, односно регулаторна постапка поврзана со ненавремено пријавување на стекнат удел, а не за забрана за работење на Алта банка во Европската Унија од страна на Европската централна банка.

Дополнително, во декември 2024 година, Дипломат пеј го продала својот удел на австриски инвеститор, по што во февруари 2025 година, била укината суспензијата на гласачките права на Алта пеј во Адико банка, констатирајќи дека повеќе не постоеле услови за заедничко дејствување меѓу двете компании.

Овие околности јасно покажуваат дека случајот се однесува на конкретна регулаторна обврска при стекнување акционерски удел, а не на забрана за работа во ЕУ, со што сите гали и манипулации на СДС и Филипче паѓаат во вода.

Банката немала никаква забрана за работа од Европската Унија и со самото тоа немало никаков основ и можност на Алта банка да и се забрани влез во Македонија, а од друга страна, пак, и Рајфајзен имала договор со групацијата на Мацура.

Банка која има забрана за работа од ЕУ како што сака да претстави СДС, а не прекршочна казна што е во случајов за ненавремено пријавување на удел од над 10%, нема можност да влезе во македонскиот банкарски систем.

СДС и Филипче уште еднаш се фатени во сопствените лаги и конструкции, оваа регулаторна постапка да ја претстават како забрана за работење во Европската Унија, кога станува збор за две различни работи.

Лажат и манипулираат за Алта банка со цел да предизвикаат страв и паника кај граѓаните исто како што беше и случајот со мигрантите, водата за пиење во Скопје, за пензиите, ИПАРД програмата, извештајот на Томас Вајц.

Таквите сценарија на СДС и Филипче за креирање хаос и несигурност нема да им успеат како што не им успеаја ни до сега, граѓаните не им веруваат и има за што не им веруваат.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски шампион и европски медалисти на 55. „Златен гонг“ во Скопје

Од 13 до 15 ноември, во салата „Расадник“ во Кисела Вода, се одржува јубилејното 55. издание на „Златен гонг“, еден од најстарите меѓународни боксерски турнири во Европа. 

Светски шампион и европски медалисти на 55. „Златен гонг“ во Скопје

На него настапуваат 89 боксери и боксерки од 20 земји, а организатор е Македонската боксерска федерација.

Меѓу најзвучните имиња е Украинецот Јуриј Захарјејев, сениорски светски шампион од Белград 2021. На 19 години тој стана првиот боксер што во иста година освои светско злато и кај младинците и кај сениорите. Во Скопје настапува и Данило Жасан, бронзен медалист од сениорското Светско првенство во Ливерпул во 2025 година. Украинскиот состав го засилуваат и Џамал Кулијев, европски шампион У23 од 2024 и светски бронзен медалист У19 од 2022, како и Матвиј Ражба, европски шампион У17 од 2019 година.

Во женска конкуренција, Ирина Луцак доаѓа со европско злато У23 од 2024 и сениорска европска бронза од Софија 2026. Нејзина противничка во четвртфиналето до 80 кг е македонската боксерка Марија Костовска. Во украинската селекција се и Наталија Меринова, европска шампионка У23 од 2024, и Анастасија Сарањук, бронзена на Европското првенство У17 во 2021 година.

Од Литванија настапува Александар Трофимчук, европски вицешампион У23 од 2024, кој во финалето во Софија боксуваше токму против Захарјејев. Во литванскиот состав се и Едгарас Скурделис, европски младински вицешампион од 2011, и Алгирдас Баниулис, бронзен медалист од Светските воени игри во 2019 година.

Молдавија ја предводи Даниил Гуранда, европски шампион У17 од 2023, европски вицешампион У19 од 2024 и бронзен на Европското У19 во 2025. Неговите сонародници Михај Поромбак и Владислав Васковски освоија европска бронза У23 во 2025 година. Поромбак има и бронза од Европското У22 во 2023.

Во Скопје боксуваат и Румен Руменов од Бугарија, европски бронзен медалист У23 од 2024, Хамза Рашљанин од Србија, европски бронзен медалист У19 од 2024, и Башким Бајоку, кој за Косово освои бронза на Европското У22 во 2023 година.

Програма во салата „Расадник“:

петок, 13 ноември, во 14:00 – четвртфинални борби

сабота, 14 ноември, во 14:00 – полуфинални борби

недела, 15 ноември, во 17:00 – финални борби

Влезот е слободен. Македонската боксерска федерација ги поканува љубителите на боксот да ги проследат борбите во „Расадник“ и да им дадат поддршка на домашните натпреварувачи.

Македонска боксерска федерација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер