Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
СветВо Индонезија исчезна авион со осумчлен екипаж и тројца патници Индонезискиот авион АТР 42-500 со 11 патници денеска исчезна од радарите во близина на Макашар. Авионот на индонезиското Министерство за поморски работи и рибарство и превезувал 11 лица, осум членови на екипажот и тројца патници. Авионот исчезнал од радарите додека се приближувал кон аеродромот во Макашар, откако добил насоки за слетување од контролната кула. Локалните медиуми објавија дека на планината Булу Сараунг, каде леталото изгуби контакт, забележани се остатоци. Индонезиските власти сè уште официјално не потврдија уривање на авионот, само истакнаа дека се испратени спасувачки екипи. Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЕвропаПолската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск Полската полиција добила информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана Владислав Кошнјак-Камиш, соопшти портпаролката на Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа „Икс“ (X).Оваа информација е објавена откако полските власти го подигнаа нивото на тревога поради бранот на насилство во училиштата, кој заврши во четвртокот со смртта на еден училиштен домар. „Откако полската полиција доби информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск, како и врз вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, министерот за внатрешни работи Марчин Кервињски и министерот-координатор за специјални служби Томаш Семоњак наложија преземање соодветни мерки во овој случај“, напиша портпаролката Каролина Галецка. Како што таа најави, во недела во 11 часот ќе се одржи состанок на претставници на Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW), како и на службите што работат во рамките на Министерството за внатрешни работи и администрација – полицијата и Службата за државна заштита (SOP). Јацек Добжињски, портпарол на министерот и координатор на специјалните служби, исто така извести за заканите на социјалната мрежа „Икс“ (X).Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБосанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – СкопјеПолициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Вчера (10.10.2026) во 15:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Лицето, на патниот правец Катланово – Скопје, управувал патничко возило со брзина од 164 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаМАЕИ: Честит 11 октомври – денот на народното востание на македонскиот народМакедонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на сите Македонци им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, симболот на непокорот, слободољубието и непоколебливата храброст на македонскиот народ.На 11 октомври 1941 година започна организираниот вооружен отпор против фашизмот, означувајќи ново поглавје во борбата на македонскиот народ за слобода и национално самоопределување. Овој историски ден нè потсетува на храброста, пожртвуваноста и решителноста на сите оние кои се кренаа против наци-фашистичкото ропство. Посебно се сеќаваме и на Македонците од Албанија, кои активно учествуваа во антифашистичката борба и дадоа значаен придонес во ослободувањето на Македонија. Многумина од нив ги положија своите животи за слободата, оставајќи трајно наследство на храброст, солидарност и љубов кон татковината. Денес, со длабока почит им оддаваме признание на сите борци и херои кои се жртвуваа за слободна Македонија. Нивната борба претставува трајна обврска за зачувување и унапредување на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и историско наследство, како и за доследно почитување на човековите и малцинските права. Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00