Во Хрватска прв случај на флурон - Канал 5

Во Хрватска прв случај на флурон

Вчера ги откривме двата вируса кај пациентот. Вирусот на грип и корона вирусот. 

Во Хрватска прв случај на флурон

Јасмина Вранеш, раководител на службата за Клиничка микробиологија на наставниот Институт за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“ во Загреб, изјави дека првиот случај на флурон е потврден во Хрватска.

Ова се случува кога едно лице во исто време е заразено и со коронавирус и со грип.

„Вчера ги откривме двата вируса кај пациентот. Вирусот на грип и корона вирусот. Не е непознато дека е можно да се заразиме со неколку патогени одеднаш.треба да видиме каква ќе биде клиничката слика за луѓето кои ги имаат двата вируса одеднаш“, рече Вранеш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аеродром обезбедува бесплатна обука по англиски јазик за млади

Општина Аеродром им овозможува на младите на возраст од 15 до 30 години бесплатно да ги унапредат своите знаења по англиски јазик, да ги развијат комуникациските вештини и да стекнат сертификат за постигнато ниво Б2 согласно со CEFR.

Аеродром обезбедува бесплатна обука по англиски јазик за млади

Обуката ќе ја спроведе Здружението за едукација, превод и сертификација „Јазична академија“ – Скопје, кое ќе реализира интензивен курс за најмногу 50 учесници. Програмата ќе биде организирана во соодветни групи, согласно со почетното ниво на јазично знаење на учесниците.

Обуката е практично ориентирана, со современи наставни методи и интерактивна настава, со посебен фокус на комуникацијата и практичната употреба на англискиот јазик во секојдневниот, образовниот и професионалниот живот.

При селекцијата на учесниците, приоритет ќе имаат лицата од социјално и економски ранливи категории, како и младите, кои поради материјални, социјални или други околности, имаат ограничен пристап до дополнително образование од ваков тип.

Учесниците ќе имаат можност:

• да го унапредат своето знаење и комуникациските вештини;

• да го збогатат вокабуларот и да ја подобрат граматичката точност;

• да ја подобрат говорната и писмената комуникација;

• да стекнат поголема самодоверба при користење на англискиот јазик;

• да добијат сертификат за постигнатото ниво Б2 согласно со CEFR по успешното завршување на програмата.

Бројот на места е ограничен на 50 учесници, а почетокот на програмата е предвиден за 1 ноември 2026 година.

Рокот за пријавување трае до 15 октомври 2026 година.

Пријавувањето се врши на [email protected], со наслов на пораката:

„Пријава – Бесплатна обука по англиски јазик“

Во е-пораката е потребно да наведете: Име и презиме, возраст, телефон за контакт и место на живеење.

Локацијата на одржување на обуката и другите детали ќе бидат дополнително објавени.

Јавниот повик може да се најде на општинската интернет страница https://aerodrom.gov.mk/или на следниов линк:https://l1nq.com/na2wli9

Знаењето е инвестиција во иднината. Искористете ја можноста.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Концерт на Симон Трпчески во Скопје: „Камерен музички десерт“ на 2 ноември во Македонската филхармонија

На 2 ноември 2026 година, со почеток од 20 часот, Симон Трпчески ќе настапи пред македонската публика, овојпат во Македонската филхармонија со концертната програма „Камерен музички десерт“.

Концерт на Симон Трпчески во Скопје: „Камерен музички десерт“ на 2 ноември во Македонската филхармонија

Тоа ќе биде вечер во која во преден план нема да бидат ефектите, големите сценски конструкции или спектаклот во неговата вообичаена смисла. Во центарот ќе биде она што кај Симон Трпчески отсекогаш било доволно, а тоа се музиката, интерпретацијата и онаа ретка способност една концертна сала да ја претвори во простор во кој секоја нота се слуша поинаку.

Трпчески со години е име кое Македонија го изговара со посебна гордост. Неговата уметност стигна до најзначајните светски концертни сцени, до публика од различни култури и генерации, а неговиот музички потпис одамна е препознатлив далеку над границите на земјата од која потекнува.

Но токму затоа, секое негово враќање пред домашната публика носи поинаква емоција. Затоа што има нешто посебно кога уметник со светска кариера свири дома.

Тогаш концертот престанува да биде само уште една точка во календарот. Станува средба. Меѓу уметникот и публиката што го следи со години. Меѓу светските сцени и местото од каде што започнала приказната. Меѓу музиката што патувала низ светот и тишината на една сала во Скопје, непосредно пред да прозвучи првиот тон.

Токму таква вечер најавува „Камерен музички десерт“.

На програмата се дела од Шопен, Григ, Конесон, Шахов и Шостакович – автори со различни музички јазици, епохи и темпераменти, споени во внимателно избрана концертна целина која ќе ја покаже сета широчина, динамика и емоционална моќ на камерната музика.

Од романтичната чувствителност и препознатливата поетика на Шопен и Григ, до различните бои и музички контрасти што ги носат Конесон, Шахов и Шостакович, публиката ја очекува програма која не се потпира на едноставна формула, туку на вистинско музичко патување.

А кога зад едно такво патување стои Симон Трпчески, очекувањата природно се големи. Не затоа што неговото име тоа го бара. Туку затоа што неговата кариера тоа го оправдува.

Во време кога зборот „спектакл“ се употребува речиси за сè, постојат уметници кои потсетуваат дека најголемиот спектакл понекогаш е токму во наједноставната форма: сцена, инструмент, врвен музичар и сала која слуша.

Без вишок. Без потреба нешто дополнително да се докажува. Само уметност на највисоко ниво.

И токму затоа 2 ноември е датум кој љубителите на вистинската музика треба да го запишат во својот календар.

Скопје ќе добие уште една можност да го слушне Симон Трпчески во живо – некаде меѓу светската виртуозност и онаа посебна блискост што постои само кога се свири пред своја публика.

Билетите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, Јк травел Бисер и Јк травел Дајмонд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ново специјално издание ENVY:

Уште поголема привлечност кај PEUGEOT 208 и 2008.

Ново специјално издание ENVY:

PEUGEOT ја збогатува гамата на моделите 208 и 2008 со новото специјално издание ENVY, достапно со целосната понуда на електрични, хибридни и бензински погонски единици.

Специјалното издание ENVY дополнително ја зголемува привлечноста на овие два најпродавани модели преку додадени ексклузивни стилски елементи и дополнителна опрема.

Со новото ENVY издание, PEUGEOT внесува дополнителна доза префинетост кај моделите PEUGEOT 208 и 2008 и се надоврзува на богатата опременост од Allure нивото. ENVY вклучува ексклузивни дизајнерски елементи и дополнителна опрема, со што интензивно го нагласува францускиот карактер кај овие два култни и најпродавани модели на PEUGEOT.

PEUGEOT 208 ENVY и 2008 ENVY се истакнуваат со нови ексклузивни бои на каросеријата, кои се достапни без доплата.

PEUGEOT 208 ENVY воведува сосема новата зелена Alvao боја, која ќе ја надополни веќе постоечката палета на: жолтата Agueda, белата Okenite, сивите нијанси Artense Grey и Selenium и црната Perla Nera.

Новите каросериски ENVY бои кај PEUGEOT 208 и PEUGEOT 2008, се комбинирани со покрив во сјајно црна боја, а кај PEUGEOT 2008 ENVY кровот е надополнет и со надолжни кровни носачи во сјајно црна боја.

Однадвор, специјалното издание ENVY, уште на прв поглед се издвојува благодарение на неколку препознатливи детали меѓу кои се истакнуваат и двобојните алуминиумски фелни со дијамантска завршна обработка и Black Mist лакирен премаз, кој дополнително го нагласува нивниот геометриски дизајн. (PEUGEOT 208 располага со 16-инчни NOMA алуминиумски фелни, а PEUGEOT 2008 со KARAKOY 17-инчни фелни)

Посветеност кон деталите

За пософистицирана атмосфера, PEUGEOT 208 и 2008 ENVY ја продолжуваат приказната на брендот и фокусот кон елеганција ѝ во патничката кабина.

Седиштата се обложени со ексклузивна таенина Tremezzo. Но, на прв поглед највпечатливо е моќното PEUGEOT лого поставено на потпирачите за глава, а веднаш потоа се забележува и порабувањето со сино-зелена боја Opalite, која кај ова ексклузивно издание продолжува и на панелите на вратите како и на потпирачите за раце.

Кај двата модели, алуминиумските прагови на предните врати имаат ознака PEUGEOT и со тоа се заокружува оваа софистицирана атмосфера.

Значајно е да се напомене дека PEUGEOT 208 ENVY дополнително располага и со таванска облога Black Mistral, на која има интегрирано LED-осветлување за во кабината.

Уште поголема удобност при секојдневно возење

Врз основа на веќе богатата опрема кај PEUGEOT 208 и 2008 Allure, специјалното ENVY издание дополнително вклучува неколку функции кои го прават секојдневното користење уште попријатно. Двата модели стандардно располагаат со систем за влегување во возилото и негово стартување без клуч, како и со камера за возење наназад која има висока резолуција. Кај PEUGEOT 2008 ENVY багажниот простор располага со две висински позиции, што им овозможува на корисниците да го оптимизираат просторот за багаж во согласност со нивните потреби во одреден момент.

Со специјалното издание ENVY, PEUGEOT дополнително ја зголемува привлечноста на своите два најпродавани модели, комбинирајќи уште повеќе стил, префинетост и богата опрема, истовремено задржувајќи ги нивната разновидност и ефикасност.

Оваа специјално издание ENVY е сега достапно и во Македонија. За повеќе информации обратете се во продажните салони на Еуроимпекс

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер