Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
2Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
БалканВо Хрватска повик за еднодневен бојкот за купување во пекарите и пекарски производиПлатформата „Ало, инспекторе“, која со недели организира бојкот на продавниците, сега повикува на нов бојкот во Хрватска. Откако во вторникот објавија дека ги контактирале средношколците револтирани од скапите производи во пекарите, плаформата на Фејсбук објави што понатаму бојкотираат. „Да ја поддржиме иницијативата на средношколците! Да го бојкотираме купувањето во пекари и продавници: леб, бурек, пецива, крофни и други пекарски производи. Ајде да го прекинеме купувањето на еден ден“. Тој бојкот е резултат и на вашите постојани двегодишни предупредувања за енормното поскапување на лебот, бурекот, пецивата, крофните... Како и намалената тежина (смалувањето!), квалитетот, неиздавањето фактури итн. Бојкотот е резултат и на незадоволството на потрошувачите поради непостапувањето на државните органи, кои молчат и гледаат како потрошувачите „чепкаат“ во пекарите и продавниците по намалувањето на ДДВ за леб, јајца, масло и други производи. Родители, баби и дедовци, роднини, пријатели – да ја поддржиме нашата младина. „Не купуваме во петок, 14 февруари 2025 година“, напишаа тие. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураОхридско лето – 40 дена фестивалска магија, рекордна посетеност и аплаузи за врвната уметностСо четириесет дена исполнети со музика, театар, балет и џез, фестивалот „Охридско лето“ и ова лето ја потврди својата позиција како еден од најзначајните културни настани во земјава и препознатлива европска фестивалска сцена. Шеесет и шестото издание донесе исклучително богата програма, врвни уметници од повеќе земји, полни концертни простори и публика која со своето присуство и аплаузи покажа дека Охрид повторно живее со уметноста. Годинашното издание понуди 48 фестивалски настани, музички концерти, театарски претстави, џез и балетска вечери, со учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји. Од свеченото отворање со грандиозната оперска гала „Љубов“, до завршните фестивалски денови, сцените на „Охридско лето“ беа места на средби на врвни домашни и странски уметници и бројна публика. Особено силен впечаток остави свеченото отворање на Античкиот театар, каде светската оперска ѕвезда Ермонела Јахо и тенорот Чарлс Кастроново, во придружба на оркестарот на Националната опера и балет и под диригентската палка на Марко Боеми, приредија спектакуларна музичка вечер. Интересот за концертот беше огромен, настанот беше распродаден уште две недели пред почетокот на фестивалот, а на Античкиот театар присуствуваа повеќе од 4.000 посетители. Но, рекордната посетеност не остана само белег на отворањето. И голем број други фестивалски настани беа распродадени уште пред нивното одржување, што е уште една потврда за огромниот интерес на публиката. Во текот на целиот фестивал се бараше билет повеќе, а преполните простори на фестивалските локации ја потврдија довербата што публиката ја има во „Охридско лето“ и неговата уметничка програма. „Зад нас се четириесет дена исполнети со врвна уметност, прекрасни концерти, силни емоции и публика која беше најголемиот успех на ова фестивалско издание. Особено ме радува што интересот беше огромен уште од самиот почеток, а голем број настани беа распродадени и пред да се одржат. Тоа е најубавата потврда дека публиката го препознава квалитетот кој го понудивме на ова 66. „Охридско лето“. Она што навистина ќе го паметиме се полните гледалишта, долгите аплаузи, емоцијата на публиката и незаборавните уметнички вечери“, вели директор на „Охридско лето“,Ѓорѓи Цуцковски. Во изминатите 40 дена Охрид беше домаќин на уметници со исклучителни кариери и препознатливи имиња од светската и европската културна сцена. Концертите донесоа различни музички естетики, од врвната класична музика и опера, преку камерните настапи, до современи музички форми со што на посетителите им се понуди разновидност, квалитет и незаборавни уметнички доживувања. Посебно место во програмата имаше OH, JAZZ 2026, со четири џез-вечери кои го збогатија фестивалскиот репертоар и донесоа современ звук и светски познати имиња. Публиката имаше можност да ги слушне и уметниците како Нубаја Гарсија и Питер Сомуа, во атмосфера која уште еднаш покажа дека „Охридско лето“ успешно ги поврзува традицијата и современите уметнички текови. Фестивалот не беше само музика. Театарската програма понуди внимателно избрани претстави, а балетската вечер со „Кармен сюита“ и „Болеро“ внесе раскош, движење и визуелна динамика на фестивалската сцена. Во „Света Софија“ се одржаа и низа исклучителни камерни и вокално-инструментални концерти, меѓу кои и незаборавните вечери посветени на европската и светската музичка традиција. Значаен дел од фестивалската програма беа и настаните посветени на македонското културно наследство. Со посебно внимание беше одбележана 100-годишнината од раѓањето на Ана Липша-Тофовиќ, преку промоцијата на монографијата посветена на нејзиниот живот и творештво. Таквите содржини ја потврдија определбата на „Охридско лето“ истовремено да го следи современиот уметнички развој и да ги чува и афирмира големите имиња на македонската култура. Посебна музичка приказна и рекордна посетеност на сцените Предворје на Света Софија и Долни Сарај донесоа концертите на Стефан Миленковиќ, Ана и Игор Дурловски и Националниот џез-оркестар. Низ целиот фестивал се чувствуваше една заедничка енергија со задоволна публика, исполнети простори и долги аплаузи. Токму реакциите на посетителите беа најсилниот печат на овогодишното издание. За многумина, концертите, претставите и фестивалските вечери не беа само културни настани, туку вистински доживувања што ќе останат запаметени. „Овој успех е резултат на посветената работа на целиот фестивалски тим, но и на довербата и поддршката од Министерството за култура и туризам, нашите партнери, спонзори и пријатели и секако генералниот спонзор на фестивалот, А1 Македонија, чија поддршка и оваа година беше значаен дел од фестивалската приказна. Им благодарам на уметниците кои ја создадоа магијата, на тимот кој неуморно работеше таа магија да стигне до публиката и, пред сè, на публиката која со своето присуство покажа дека културата има сила да обединува, да инспирира и да создава незаборавни моменти. Охридско лето продолжува со уште поголема одговорност, уште повисоки стандарди и со јасна цел оваа македонска културна визит-карта да биде уште посилна и повидлива во светот“, додава Цуцковски. Шеесет и шестото издание на „Охридско лето“ остава зад себе 40 дена исполнети со врвна уметност, незаборавни средби и силни емоции. Остануваат спомените од прекрасните фестивалски вечери, аплаузите и енергијата на публиката, како и уверувањето дека „Охридско лето“ и понатаму ќе биде место каде што највисоките уметнички вредности се среќаваат со публиката во единствениот охридски амбиент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 21. август 2026 годинаДневен хороскоп за петок, 21. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе бидете во фаза на повлекување и најдобро ќе се чувствувате во некое скришно катче самите со себе. Тоа е само преодно расположение. Кариера Обидете се сите поважни работи да ги привршувате , зашто наскоро за нив ќе ви треба двојно поголема енергија од вообичаеното. Здравје и совет Наполнете си ги батериите. Девица 23.8.-23.9. Љубов На дневен ред ќе испливаат некои работи од минатото од вашето семејстов , што ќе мора денеска да ги решите. Кариера Подготвени сте привремено да се повлечете , зашто насетувате дека така би ви одговарало.На некој начин сте во право. Здравје и совет Сѐ повеќе работи ве заморуваат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни шанси , а со своето однесување вие ќе ги поттикнувате. Кариера Понекогаш ви се чини дека пред вас се задачи што не сте ги очекувале, но тие ќе ве надополнат и збогатат. Здравје и совет Прифатете се што доаѓа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е уште еден успешен љубовен ден.Секој вид контакт добро е поставен , па обидете се да бидете меѓу тие луѓе. Кариера Вашата драматичност на многумина им е здодевна. Сега ви преостанува нов стил , што значи да работите тивко и професионално. Здравје и совет Јадете помалку , движете се повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Отворени сте за луѓе и нови познанства , релативно лесно ги среќавате , но емотивното исполнување е многу тешко. Кариера Калкулациите околу млади луѓе или креативност на работата ќе потраат и денеска. Ќе насотјувате да ви биде интересно. Здравје и совет И натаму сте во добра состојба. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Можен е разговор за една сериозна тема со блиска личност. Ќе знаете да дадете совет или да пружите поддршка. Кариера На работното место се повеќе покажувате наклоност кон забави , а се помалку кон сериозна работа. Се наоѓате во свој свет и како да не ве интересира ништо друго. Здравје и совет Сконцентрирајте се на целта. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мали нервози малку ќе ви ја разнишаат самодовербата, но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде во ред. Кариера Денеска заработените пари ќе ви изгледаат како да се малку , но разберете и дека тие не се цел сама за себе. Поважно е да работите нешто што го сакате. Здравје и совет Се засилува вашиот интерес за козметика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е уште еден ден во кој ќе бидете склони кон зголемена чувствителност и се поголеми барања од партнерот. Кариера Не грижете се за малото затишје на работата. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се реорганизирате. Здравје и совет Повеќе сон и одмор. Овен 21.3-20.4. Љубов Сѐ што не ви се допаѓа во вашиот љубовен живот ќе се обидете да го турнете под тепих или едноставно да го скриете од другите. Тоа не е добро. Кариера Недостаток на интерес за работата е резултат на вашиот недостаток на енергија. Пробајте подобро да се организирате , па ќе ви се врати желбата за работа. Здравје и совет Треба уредно да живеете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако денеска се впуштите во њротска авантура , треба да знаете дека сигурно ќе промашите. Затоа задржете ја потребната дистанца. Кариера не се обидувајте со сила да докажувате дека сте во право. Подобро прифатете ги советите на другите , кои се посериозни од вас. Здравје и совет Поважни се зборовите отколку делата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Трошокот поради вашата организација на заенички ручек или вечера малку ќе ве загрижи. Кариера Се повеќе работи одат во ваша корист и ви го прават работниот ден попријатен. Но , вие и натаму работите со сите сили. Здравје и совет Можете малку да здивнете. Рак 22.6-22.7. Љубов Препознавате нови љубовни шанси , а во тоа ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете. Кариера Можеби ќе ви се чини дека другите не ве поддржуваат , но тоа не е точно. Тие само се внимателни и ви покажуваат каде се грешките. Здравје и совет Немојте да се грижите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаВладо Мисајловски во „Вести плус“Почитувани, вечерва во Вести плус гостува Владо МисајловскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook