3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
БалканВо хрватска општина прикриле дека првороденото бебе е Ромче Пратеникот од ромското национално малцинство во хрватскииот Сабор , Вељко Кајтази, објави дека болницата во Чаковец, заедно со претставници на округот Меѓумурје, ги прикриле фактите и ја измамиле јавноста за првороденото дете.Тој тврди дека го игнорирале првороденото бебе и не кажале дека е Ромче . Сепак, во медиумите и на официјалната страница на канцеларијата на градоначалникот на Фејсбук, се објавени фотографии со родителите и детето родено подоцна. Пратеникот чека јавно извинување од одговорните што е можно поскоро. - Се прашуваме зошто се сокриени информациите за првото родено Ромско дете и зошто ова семејство е прескокнато во традиционалните извештаи во медиумите за првородените деца? Дали се плашите од ксенофобични реакции на луѓе на кои не би им било пријатно да слушнат информации за првородено Ромско дете? Дали има елементи на дискриминација и кршење на човековите права во вакви и слични ситуации ?, вели парламентарецот Вељко Кајтази. Кајтази во интервју за телевизијата Н1 рече дека од округот Меѓумурје му се извинил епо телефон, но тој очекувал јавно извинување. Во меѓувреме, пристигна извинување од болницата во Чаковец, чиј директор потврди дека првото дете во установата родено оваа година е навистина Ром. Во интервју за Н1, директорот Томислав Новиншак изјави дека се случила грешка во комуникацијата по што општината добила погрешни информации за тоа кое бебе се родило прво во 2020 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСудири со полицијата, повредени и барања за оставка на Рама на протестите во ТиранаНасилството продолжи на улиците во Тирана. За време на вчерашните протести повредени биле двајца демонстранти и двајца полицајци.Судирите избувнаа пред министерството за образование, откако демонстрантите почнаа да фрлаат камења кон полицијата, која возврати со солзавец. Протестите предводени од студентите траат веќе 13 дена. Првично беа поттикнати од незадоволството од состојбите во образованието, високите трошоци за живот и ограничените можности за вработување на младите. Движењето прерасна во антивладини демонстрации, при што се бара оставка од премиерот Рама, кој во неколку наврати повика на дијалог, но демонстрантите тие понуди ги одбија. Тагови: Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХристијан Мицкоски во „Само Интервју“Во четврток во „Само интервју“ гостува премиерот Христијан МицкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДвоен успех за македонскиот шах – Алкалоид и Гамбит АСЕЕ меѓу шесте најдобри клубови во Европа!Позитивната слика за македонскиот настап ја надополнија и ШК Мулти Есенс и ШК Гостивар.Македонскиот клупски шах забележа значаен меѓународен успех на Европскиот клупски куп 2026 во Будва, со пласман на две екипи меѓу шесте најдобри во Европа. ШК Алкалоид во отворената конкуренција и ШК Гамбит АСЕЕ во женската конкуренција ги освоија шестите места, потврдувајќи го квалитетот и конкурентноста на македонскиот шах на највисоко европско клупско ниво. Позитивната слика за македонскиот настап ја надополнија и ШК Мулти Есенс и ШК Гостивар. Европскиот клупски куп се одржа од 17 до 23 октомври во Будва, Црна Гора, со учество на силни клубови и врвни шахисти од цела Европа. Македонија беше претставена со четири клуба – Алкалоид и Мулти Есенс во отворената конкуренција, како и Гамбит АСЕЕ и Гостивар во женската конкуренција. ШК Алкалоид го освои високото шесто место, со освоени 11 меч-бодови од седум кола, забележувајќи пет победи, едно реми и еден пораз. Како втор носител на турнирот, Алкалоид до самиот крај беше во конкуренција за највисок пласман, а конечниот распоред го одредија дополнителните критериуми. Европската титула ја освои турскиот Бајеган Пендик, пред чешкиот Нови Бор и израелскиот Ришон Лецион. ШК Мулти Есенс го освои 37. место, со осум меч-бодови, остварени преку четири победи и три порази. Екипата, која го започна натпреварувањето како 43. носител, го подобри својот почетен пласман за шест позиции и го заврши турнирот во горната половина од конечната табела. Во женската конкуренција, Гамбит АСЕЕ го освои одличното шесто место, со осум меч-бодови од три победи, две ремија и два пораза. Како шести носител, македонскиот клуб го потврди својот квалитет во силна меѓународна конкуренција, задржувајќи го местото меѓу водечките европски екипи. Вториот македонски претставник кај жените, ШК Гостивар, го освои 16. место со шест меч-бодови, односно три победи и четири порази. Европската титула ја освои Монте Карло, пред Гамбит Боневоа од Луксембург и српскиот Сирмиум од Сремска Митровица. Двата пласмана меѓу најдобрите шест европски клуба претставуваат вреден резултат за македонскиот шах, а настапите на сите четири македонски екипи се дополнителна потврда за континуитетот, квалитетот и потенцијалот на домашниот клупски шах на меѓународната сцена.Тагови: ШК Алкалоид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter