Во Хрватска 50 новозаразени со корона, починало едно лице

Во Хрватска во последните 24 часа од 763 тестови се регистрирани 50 новозаразени со коронавирус.

Уште едно лица почина од последиците од Ковид -19, објави Националниот штаб за цивилна заштитна .

Во Хрватска во моментов има 1117 активни случаи на корона, од нив 132 пациенти се на болничко лекување, а тројца пациенти се на респиратор.

Од 25 февруари кога во Хрватска бил забележан првиот случај на корона па се до денес вирусот е потврден кај 3722 лица, а досега се тестирани 93571 лице. Од почеток пандемијата во Хрватска има 119 починати од ковид-19 , а оздравени се 2486 лица. Во самоизолација во моментов се 4861 граѓанин.

Откриена е причината за страшната експлозија во Бејурт- вештачко ѓубре од руски брод

Руските медиуми објавија дека моќната и огромна експлозија во Бејрут во која загинале најмалку 100 луѓе е предизвикана од ѓубриво запленето од руски товарен брод пред шест години.

Бродот „Росус“ се вкотвил во пристаништето во Бејрут пред десет години, поради дефект, а бил на пат за Африка со 2750 тони ѓубриво базирано на амониум нитрат, јавува либанската медиумска куќа ЛБЦИ, без да открие кој е сопственик на бродот.

Руската медиумска група РБЦ известува дека бродот, кој пловел од грузиското пристаниште Батуми до Мозамбик, е во сопственост на рускиот државјанин Игор Гречушкин, роден во далечниот источен регион Хабаровск, со престој на Кипар.

Откако Росус запрел поради дефект, Гречушкин го напуштил бродот без да го плати својот екипаж, тврди РБЦ, повикувајќи се на членовите на екипажот.

Според LBCI, опасната стока потоа се растоварила во магацин, каде останал со години. Пожарот што избувнал во магацинот поради прегревање на хемикалиите предизвикале експлозија во која беа уништени делови од градот.

Цариниците со години предупредувале дека ѓубривото е складирано непрописно и дека треба да се дислоцира од населената четврт, но безуспешно , изјави денеска шефот на царинската управа на пристаништето во Бејрут.

Досега загинале над 100 луѓе , а над 5000 се повредени во страотната експлозија.

Турист седнал врз статуата „Паулина Боргезе“ во Италија и по грешка ѝ ги скршил прстите

Италијанските власти соопштија дека туристот сакал да се фотографира седејќи врз скулптурата на венецијанскиот вајар Антонио Канова, а при обидот да стане, тој го оштетил уметничкото дело и си заминал како ништо да не се случило.

Турист од Австрија бил уапсен во Италија, бидејќи бил фатен на безбедносната камера како седнува врз статуата „Паулина Боргезе“ во музејот Гипсотека Кановијана во Посањо и како ненемарно ѝ ги крши прстите на скулптурата стара повеќе од 200 години.

Италијанските власти соопштија дека туристот сакал да се фотографира седејќи врз скулптурата на венецијанскиот вајар Антонио Канова, а при обидот да стане, тој го оштетил уметничкото дело и си заминал како ништо да не се случило.

Сè уште не е завршена проценката на штетата на скулптурата која е извајана во периодот помеѓу 1804 и 1808 година.

Владата донесе Одлука за 30-дневна кризна состојба на јужната и северната граница

Владата ја донесе Одлуката за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.

Владата денеска на седница, согласно заклучокот од седмата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, Владата ја донесе Одлуката за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија и заради постоењето на пандемијата и опасноста од ширењето на КОВИД-19, која ќе трае 30 дена од нејзиното влегување во сила.

-Со оваа одлука се утврдува постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија и тоа на подрачјата на јужната и северната граница на Република Македонија, и се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање и кој има задолжение да изготви акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување, соопшти владината прес-служба.

Постоењето на кризната состојба утврдена со оваа одлука, додаваат од Владата, ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила, а сите органи на државната управа се задолжени да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи./МИА

притисни ентер