Во храмовите низ Европската епархија заупокоени литургии, молебени и донаторски акции - Канал 5

Во храмовите низ Европската епархија заупокоени литургии, молебени и донаторски акции

Во храмовите низ Европската епархија заупокоени литургии, молебени и донаторски акции за настрадните во Кочани.

Во храмовите низ Европската епархија заупокоени литургии, молебени и донаторски акции

Драги наши браќа и сестри,

Додека заеднички ја споделуваме болката од загубата на младите животи и траеме во надежта за исцеление на повредените, во сите храмови низ Европската епархија во недела на 23.03.2025 г. ќе бидат отслужени литургии за покој на душите на прерано претставените пред Бога чеда Божји и молебен за исцеление на оние кои се на лекување.

Воедно ве известуваме дека после литургиите ќе можеме да го покажеме нашето милосрдие и да донираме според можностите, во специјално за оваа намена, фондови за помош на настраданите.

Фондовите ќе бидат транспарентни.

Во оваа прилика ги објавуваме лицата за контакт од нашите црковни општини, како би можеле родителите или роднините кои доаѓаат во придружба на своите чеда да ги контактираат за логистичка и материјална поддршка.

Со вера во воскресение и живот вечен во Христа, и со надеж за исцеление остануваме отворени за секаква соработка и помош.

Со благослов на, Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Европски г. Пимен

Лица за контакт:

🇸🇮МПЦО „Св. Климент Охридски“ – Љубљана

🇸🇮МПЦО „Света Троица“ - Крањ

Координатор:

Отец Митко Газинковски

моб: + 386 40 835 663

______________________________________

🇫🇷МПЦО „Св. Кирил и Методиј“ - Париз

Координатор:

Отец Даниел Стојчевски

моб: + 33652774907

______________________________________

🇦🇹МПЦО „Свети Наум Охридски“ - Виена

Координатор:

Отец Јован Тодевски

моб: +43 676 44 388 47

______________________________________

🇮🇹МПЦО „Св. Прохор Пчински и Св. Ап. Вартоломеј“ - Пјаченца,

Координатор:

Отец Климент Мишањ

моб: +39 32 86866342

______________________________________

🇭🇷МПЦО „Св. Злата Мегленска“ - Загреб

Координатор:

Давид Темелков

моб: +385 97 6414 288

______________________________________

🇳🇱МПЦО „Свети Стефан“ - Утрехт

Координатор:

Георги Трајков

моб: +31 615 334 644

______________________________________

🇸🇪МПЦО „Свети Наум Охридски“ - Малме

Координатор:

Отец Блажо Кожарски

Тел/Црква: +46 40 192802

моб: +46 70 4604364

______________________________________

🇩🇪МПЦО „Свети Кирил и Методиј“ - Штутгарт

Координатор:

Оливер Трајковски

моб: +49 172 578 55 56

______________________________________

🇩🇪МПЦО „Свети Спас“ - Лаацен / Хановер

Координатор:

Весна Михаилова

тел: +49 157 76479000

______________________________________

🇨🇭МПЦО „Пресвета Богородица“ - Локарно

Координатор:

Отец Драги Гоцевски

тел: +41 76 262 47 00

Милена Ѓорѓиева Димитрова

тел: +41 76 382 10 78

Стојанчо Илиев

тел: +41 79 686 66 80

______________________________________

🇩🇪МПЦО "Света Троица" - Келн, Германија

Координатор:

Нико

моб: +49 173 2975918

______________________________________

🇩🇪МПЦО „Свети Кирил и Методиј“ - Дортмунд

Координатор:

Зоран Ташов

моб: +49 176 48337299

______________________________________

🇩🇪МПЦО „Свети Апостол Павле“ - Триер

Координатор:

Отец Димче Ставревски

моб: +49 155 605 52 081

______________________________________

🇩🇪МПЦО „Свети Климент Охридски“ - Берлин

Координатор:

Отец Оливер Новески

моб: +49 176 61358101

Марјан Трпчев

моб: +49 176 34340438

______________________________________

🇩🇪МПЦО „Свети Димитрија“ - Аален

Координатор:

Филип Стојовски

моб: +49 176 72117517

______________________________________

🇩🇪МПЦО „Свети Никола“- Мајнц

Координатор:

Александар Радевски

Моб: + 49 176 614 88210

______________________________________

🇩🇪МПЦО „Пресвета Богородица“- Синделфинген

Координатор:

Вецка Андонова

моб: + 49 176 23829261

______________________________________

🇦🇹МПЦО „Свети Димитриј“ - Линц

Координатор:

Отец Валентин

моб: +43 680 2260404

МПЦ-ОА - Европска епархија

Ајкула зграпчи човек- неговиот врисок се слуша и под вода (Вознемирувачко видео)

Спасувачката служба вчера попладне го пронашла телото на 40-годишниот турист кој бил убиен од ајкула во близина на градот Хадера во Израел.

Ајкула зграпчи човек- неговиот врисок се слуша и под вода (Вознемирувачко видео)

За потсетување, социјалните мрежи се преплавени со вознемирувачки снимки од бруталниот напад во кој беше убиен оженет татко на четири деца.

Секавичен напад

Овој трагичен настан потсетуваше на претходните напади од морски предатори, вклучувајќи го и инцидентот што се случи во близина на брегот на Египет пред неколку години.

Во таа прилика група нуркачи на обука се нашле во близина на ајкули и сѐ изгледало безопасно. Подводната средба ја снимил Ден Вајт.

Меѓутоа, работите брзо тргнаа наопаку, откако океанската белперка премногу се доближила до групата.

Трогателна сцена

"Таа го нападна мојот колега три пати. Германски нуркач дојде на помош, но тој не можеше да го следи секое нејзино движење. Кога доби прилика, го зграпчи за нога", изјави Вајт.

Нападот бил толку интензивен што на видеото јасно се слуша болниот крик на жртвата, што ја прави сцената уште пошокантна.

За среќа, ајкулата брзо се повлекла и не го продолжила нападот, пренесува LadBible.

YouTube video

Лекарите ги санирале раните

Повредениот нуркач бил извлечен на брегот каде му била укажана прва помош. Му дадоа лекови против болки и му ја преврзаа раната.

Имаше стравувања дека ќе ја загуби ногата, но лекарите успеаја да ги санираат повредите.

Снимката од драматичниот инцидент вознемири многу корисници на социјалните мрежи. Еден напишал: „Апсолутно застрашувачки“, додека друг додал: „Најлошо од сè, ги слушаме неговите врисоци под вода“.

Хаос во авион: Патничка рекла дека има бомба во торбата, стјуардесата со брза реакција (ВИДЕО)

Неименувана патничка била исфрлена од летот на Батик Ер од Џакарта до Манадо откако на стјуардесата ѝ кажала дека има „експлозивна направа“ во нејзината торба.

Хаос во авион: Патничка рекла дека има бомба во торбата, стјуардесата со брза реакција (ВИДЕО)

Бизарниот инцидент се случил на 15 април, пред авионот да полета од меѓународниот аеродром Соекарно-Хата, предизвикувајќи двочасовно доцнење и вознемиреност кај другите патници, пишува Дејли Стар.

Немаше никаква опасност.

Според очевидци, постарата жена на шега му рекла на кабинскиот екипаж дека „носи бомба“, по што била применета „стандардна оперативна процедура“ - за ситуацијата била известена капетанот и безбедносните служби.

Нејзиниот багаж бил проверен и утврдено е дека е безбеден, по што била изведена од авионот. Целиот настан го снимил патникот Мајкл Ласут.

Жената е предадена на аеродромската полиција за понатамошна истрага.

На црната листа

Портпаролот на Батик Ер рече дека патничката изговорила реченица што содржела „елемент на закана“, со што ги прекршил правилата на однесување во воздушниот сообраќај.

„Бидејќи беше утврдено дека нема бомба, ѝ беше забрането да лета со нашите авиони, односно се најде на црната листа“, изјави портпаролот.

Рубио: Иран ќе нема нуклеарно оружје, претседателот Трамп ќе го спречи тоа (ВИДЕО)

Иран нема да има нуклеарно оружје, а американскиот претседател Доналд Трамп го задржува правото да го спречи тоа да се случи, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.

Рубио: Иран ќе нема нуклеарно оружје, претседателот Трамп ќе го спречи тоа (ВИДЕО)

„Не сакаме војна. Не сакаме да видиме војна. Ова не е претседател кој водеше кампања за започнување војни. И како што многу јасно кажа, Иран нема да има нуклеарно оружје и (Трамп) го задржува секое право да го спречи тоа да се случи, но тој би сакал тоа да не се случи“, изјави Рубио за ФриПрес.

Тој посочи дека Иран покажал дека е подготвен да разговара, додавајќи дека доколку има шанса за мир, САД ќе направат сѐ за мир.

„Ако Иран сака цивилна нуклеарна програма, може да има таква каква што имаат многу други земји во светот, што значи дека можат да увезуваат збогатен материјал. Но, ако инсистираат сами да збогатуваат ураниум, тогаш тие ќе бидат единствената земја во светот што нема програма за оружје, но го збогатува. Мислам дека тоа е проблематично.“, рече Рубио.

На прашањето на новинарите дали САД се способни да ја уништат иранската нуклеарна програма, тој рече дека Вашингтон „има опции“, но дека не сака да оди толку далеку.

„Сега не сме во фаза кога ќе упатуваме закани или нешто слично, бидејќи искрено, ова не е претседател кој ветуваше дека ќе започне војни или вооружени конфликти. Затоа се фокусиравме на Украина, затоа ги водиме овие разговори со Иранците. Ние сме далеку од каков било договор со Иран. Свесни сме дека е тешко“, нагласи секретарот.

Тој изрази сомнеж дека иранското раководство знае „како да постигне договор“, но посочи и дека во Иран постои внатрешна политичка динамика, во чии рамки функционира Техеран.

Тој изјави дека секоја воена акција во овој момент на Блискиот Исток може да предизвика многу поширок конфликт.

„Тоа нема да биде она што луѓето се навикнати да го гледаат на телевизија: неколку дронови соборени или стотици борци. Бидејќи поранешниот американски претседател Барак Обама ги ублажи санкциите кон Техеран, Иран потроши милијарди долари за развој на воени капацитети, кои гледаме дека се користат, на пример, во Украина. Дали САД се способни да се соочат со сето тоа и да победат? Апсолутно. Мислам дека е важно да се разбере дека тоа е многу покомплексно отколку што би било пред 10 или пет години“, рече Рубио.

притисни ентер