3Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум
Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
1Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
ЖивотВо хот-догот пронајдено човечко месо (видео)Во САД хот-догот е многу популарно јадење, само за Денот на независноста консумираат 150 милиони.Хот догот е неизоставен продукт и на трибините за време на бејзбол или кошаркарските натпревари, совршен оброк за да се “убие“ гладот кога немате време да седнете во ресторан или пак да си зготвите нешто дома. Меѓутоа, најновото истражување покажува дека недовербата кон виршлите во хот-догот имаат добра основа. Организацијата „Clear Food“, која се занимава со анализа на храна врз основа на молекулите, состојка по состојка, објави извештај во кој открива дека во мал број тестирани хот-догови се наоѓаат траги од човечка ДНК. Поточно биле тестирани 345 парчиња хот-дог, односно виршли од 75 производители и 10 трговци од малопродажба, а од нив 14,4 отсто на некој начин се покажале проблематични. Во 2 проценти од тестираните производи била пронајдена човечка ДНК, која била и во две третини во вегетаријанските колбаси. Вкупно 10 отсто од вегетаријанските производи содржеле траги од месо. Исто така извештајот, покажал дека некои производи содржат состојки кои не се наведени на декларацијата, односно дека некои од наведените производи всушност воопшто ги нема во составот. Наспроти тоа, „Clear Food“ наведува дека некои од тестираните производи имаат завиден квалитет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
БалканПоранешна амбасадорка на Белгија во Србија откри што направила ЕУа во ноќта на поразот на ВучиќПоранешниот српски претседател Александар Вучиќ ги повлече војската и полицијата од Пионирскиот парк во Белград во изборната ноќ, по притисокот од Европската унија, која се обиде да спречи судири што би можеле да прераснат во граѓанска војна. Ова го изјави Дениз де Хаувере, поранешната белгиска амбасадорка во Србија, во интервју за телевизијата „Инсајдер“. Според неа, Европската унија активно ги следела настаните во Србија пред парламентарните избори на 25 октомври, на кои „Студентската листа“ ја победи СНС на Вучиќ и стави крај на неговото долгогодишно владеење. „Сигурно сте слушнале дека токму благодарение на Европската унија, Вучиќ ги повлече војниците и полицијата од Пионирски парк. Унијата изврши притисок врз него да не започнува нешто што би можело да заврши со граѓанска војна. Тоа значи дека ЕУ многу внимателно следи што се случува“, изјави Де Хаувере. Во изборната ноќ, владата на Вучиќ распоредила голем број припадници на безбедносните сили околу зградата на Претседателството и Републичката изборна комисија во Белград. Ваквото распоредување на војската и полицијата го зголемило стравот од можни судири по објавувањето на изборните резултати. Де Хаувере смета дека Европската унија не само што ги набљудувала настаните, туку презела и чекори за да спречи насилство. Поранешната амбасадорка изјави дека Европската унија е подготвена да им помогне на новите власти во Србија во спроведувањето на реформите и во зачувувањето на политичката стабилност. „Сега не е време за одмазда или за расчистување сметки со политичките противници, туку за работа на реформирање на институциите. Европската унија е тука и е подготвена да помогне“, рече Де Хаувере. Таа ја истакнала важноста од одржување на функционирањето на економијата и обезбедување стабилна политичка ситуација за време на транзицијата на власта. Де Хаувере, која служеше како белгиски амбасадор во Белград од 2006 до 2011 година, го обвини Вучиќ дека во Брисел зборувал поинаку за Европската унија отколку што со години им зборувал на граѓаните на Србија. Според неа, на средбите со европските претставници тој се претставувал како политичар посветен на европските интеграции, додека во Србија тврдел дека Брисел поставува неправедни барања. „Се разбира, тоа беше лага. Но, тоа функционираше некое време – сè додека критиките не станаа навистина пресилни“, изјави поранешната амбасадорка. Таа оцени дека ваквата политика придонела за назадување на демократијата во Србија и дека, со текот на времето, ЕУ престанала да прави отстапки пред Вучиќ.Тагови: Александар Вучиќ ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАВидео: Дончиќ ја зема таблата од рацете на тренерот и ја нацрта акцијата за кошНов фанастичен меч на еден од најдобрите светски кошакари Лука Дончиќ во НБА. Утрово Лука Дончиќ и Лос Анџелес Лејкерс го победија Феникс со 131–123. Словенечкиот кошаркар постигна 43 поени, предводејќи ги уште еднаш Лејкерс до нивната 12-та победа во сезоната, во вкупно 14 одиграни натпревари. За време на натпреварот, Дончиќ повлече необичен потег. На еден тајмаут Лука ја зема таблата од рацете на еден од помошните тренери, Линдзи Хардинг и сам ја нацрта акцијата што сакаше Лејкерс да ја одиграат во следниот напад. Luka took coaching into his own hands 😳 https://t.co/33NnrKRiXl — NBA on ESPN (@ESPNNBA) November 15, 2026 Тагови: Лука Дончиќ НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите!„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање….По последниот случај на насилство врз жена, во кој девојка претепана и без свест беше оставена на улица пред маркет во Охрид, а според пишувањата на медиумите, членови на семејството на насилникот се обиделе да ја „заташкаат“ работата, со објава на социјалните мрежи се огласи и претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. „Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање…. Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се! Девојката можеше да заврши како следна жртва на фемицид! “, пишува Зајкова во својата објава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55