МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!
1МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!
Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
2Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
2Контроверзниот Менди го продаде трофејот од Светското првенство: „Можам да правам со него што сакам“
ЖивотВо Холандија, луѓето се искрени, директни, отворени и буквалниХоландија важи за земја каде што луѓето „премногу отворено“ го кажуваат своето мислење. Тука нема заобиколувања - сѐ е кажано јасно, гласно, буквално и без задршки. Имено, искреноста е така длабоко вкоренета во холандското општество што зборот „beskrivelsebaarheid“, што се преведува и објаснува како „способност да се зборува за сè, да се каже сè и отворено да се разговара“, пишува „Пункуфер“ (Punkufer .hr). Соговорничката на Би-би-си, Олга Мекинг го открива своето искуство и првата средба со искрен Холанѓанец во познатиот градски „Вонделпарк“. - Мислев дека можеби тоа беше ефектот од тоа што тој зборуваше англиски, или оти има лош ден, но сепак бев шокирана кога мојот учител по холандски подоцна ми објасни дека Холанѓаните се многу директни - и никаде луѓето не се толку директни како во Амстердам, вели Мекинг. Нејзиниот сопруг Бен Коутс е автор на книгата „Зошто Холанѓаните се различни?“, и еден од оние кои се преселиле од Обединетото Кралство во Холандија. Тој со примери докажува дека Холанѓаните не глумат. - Во Британија, луѓето обично комуницираат и се однесуваат на начин што не им пречи на другите. Тие не зборуваат премногу гласно во воз, ниту пуштаат гласна музика во нивниот стан, но во Холандија, постои непишано правило дека луѓето имаат право да кажат што сакаат и да бидат директни. А, ако некој се навреди од тоа - тоа не е нивен проблем, вели Коутс. Многу странци сметаат дека ова однесување е грубо, дури и арогантно. - Ме фатија еднаш во продавница кога намирниците ми испаднаа од раце и на подот. За неколку секунди, најмалку 10 Холанѓани ме опколија - и сите ми даваа совети што да правам, но никој не ми помогна. За мене случајот беше јасен - ми требаше помош. Но, бидејќи јас не го побарав тоа експлицитно, Холанѓаните разбраа дека не ми треба, додава Олга. Директноста и крајната отвореност се прифатени во Холандија, а тоа се гледа и по тоа што на прозорците нема завеси, па секој може да ѕирне во нивните куќи и станови. Концептот на личните работи е сосем поинаков отколку во многу други земји, па на Холанѓаните не им е проблем и јавно да разговараат за интимни теми. Луѓето без комплекси ќе зборуваат и за своите здравствени проблеми, развод или љубовниот живот - во преполн ресторан или кафуле. Тие не гледаат причина да го кријат тоа. Отворено се разговара и за дрога, проституција и евтаназија... Но, сепак, има работи коишто не се на дневен ред. Ретко ќе слушнете, на пр., како Холанѓаните зборуваат за плати, пензии, големината на нивниот автомобил или стан. Честопати, туѓинците се жалат дека Холанѓаните немаат емпатија. Не се знае дали тоа е вистина или не - но јасно е дека во Холандија вистината и буквалноста преовладуваат над чувствата. Тагови: Холандија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваХрватската мисица на изборот во Виетнам ќе носи спектакуларен фустан инспириран од Плитвице и Крка Мисицата, Ема Хелена Вичар, на 8 август заминува за Виетнам за да ја претставува Хрватска на 73-тиот избор за „Мис на светот“ (Miss World), еден од најпрестижните светски избори за убавина. Натпреварот се одржува од 9 август до 5 септември и ќе собере околу 130 натпреварувачки од целиот свет. Покрај самиот избор за убавина, во последните децении „Мис на светот“ се фокусира на хуманитарна работа, образование и општествена одговорност преку слоганот „Убавина со цел“ (Beauty With a Purpose). Токму во оваа категорија, убавата Ема ќе го претстави својот проект „Сина планета: Цел за живот“ (Blue Planet: A Purpose for Life), кој е посветен на заштитата на Јадранското Море и отстранувањето на отфрлените рибарски мрежи – сериозна закана за морските екосистеми. Ема ќе се натпреварува во седум категории. Како студентка на постдипломски студии по менаџмент на луксузни брендови во Монако и сопственичка на бренд за одржлива мода, Ема ќе се натпреварува во седум официјални категории, меѓу кои се талент, топ-модел, спорт и интервју. За категоријата „Топ-модел“, таа ќе носи спектакуларна креација на хрватската дизајнерка Марина Матиќ (LARIE), инспирирана од Плитвичките Езера и Националниот парк „Крка“. Фустанот е украсен со повеќе од 500.000 кристали „Сваровски“, монистра и камења.Тагови: Мис Универзум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ФудбалПСЖ преговара за трансфер на Феран Торес Европскиот и француски фудбалски шампион ПСЖ продолжува со директни разговори со претставниците на фудбалерот на Барселона, Феран Торес во врска со можен трансфер ова лето. Барселона не сака да го продаде шпанскиот напаѓач, а до договор би можело да дојде само доколку самиот Торес побара да го напушти клубот. ПСЖ размислува да ги ангажира и Торес и младиот белгиски крилен напаѓач Мика Годс. Парижаните бараат засилувања во нападот по заминувањата на Ли Канг-ин, Гонсало Рамос и Ибрахим Мбаје. Во исто време, Ливерпул силно инсистира на ангажман на Бредли Баркола од ПСЖ – потег што би можел да ги принуди француските шампиони да направат дополнителни промени во својата напаѓачка линија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаЌерка на славен тенисер е бездомничка и моли за помош: Таткото-милионер се откажа од неаШарлот Настасе посвоената ќерка на легендарниот романски тенисер Илие Настасе откако нејзиниот славен татко јавно се откажа од неа, сега живее како бездомничка.80 годишниот Илие Настасе е најдобриот романски тенисер на сите времиња. Тој има освоено две Грен слем титули (УС Опен во 1972 и Ролан Гарос во 1973 година), а двапати играл и во финалето на Вимблдон. Во игра на двојки освоил три Грен слем титули (Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен), а во мешани двојки двапати победил на Вимблдон, со што вкупно има седум Грен слем титули. Сепак, она по што е попознат се контроверзите надвор од теренот и неговиот начин на живот. Неговата посвоена ќерка Шарлот денес живее на улица. Таа е бездомничка и моли за помош. И нејзиниот татко знае за тоа, но не се грижи. Тој јавно се откажа од својата посвоена ќерка. https://www.instagram.com/reel/DTyNr6IlBqX/?utm_source=ig_embed&ig_rid=A0kdDgMpLR8j4REqTZcO3DW „Ѝ посакувам добро здравје, но ја молам да престане со скандалите. Таа си го тера својот пат. Ѝ помогнав кога ѝ беше потребно. Платив речиси половина милион евра за нејзиното образование. Таа живее во Америка, јас сум во Романија и веќе не ми е грижа. Секој си има свој живот“, рече Настасе, ставајќи крај на приказните за неа. Илие Настасе некогаш беше тенисер број еден во светот и освои вкупно 64 титули во поединечна конкуренција и 45 во двојки, но повеќе се зборува за неговиот приватен живот. Зошто јавно се откажа од својата посвоена ќерка Шарлот? Затоа што во 2021 година таа одлучи да отвори профил на платформата за возрасни „OnlyFans“. Тогаш тој ја прекина секоја комуникација со неа. Пред тоа, таа се испроба во разни професии. Во 2020 година работеше како фитнес-тренер, потоа за американската авиокомпанија „American Airlines“, а кратко време беше активна и во модната индустрија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter