Во Гвинеја е забележана зараза со нов вирус, починал првиот заболен - Канал 5

Во Гвинеја е забележана зараза со нов вирус, починал првиот заболен

Здравствените власти на Гвинеја го потврдиле првиот случај на инфекција со вирусот Марбург во Западна Африка.

Во Гвинеја е забележана зараза со нов вирус, починал првиот заболен

Вирусот потекнува од исто семејство како вирусот што предизвикува ебола.

Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека е неопходно да се запре вирусот што е можно поскоро.

Марбург се пренесува од лилјаци на луѓе, а меѓу луѓето се пренесува преку телесни течности.

Случаите се исклучително ретки, а последната голема епидемија била во Ангола во 2005 година.

Тоа е тешка, често смртоносна болест што предизвикува треска и крварење.Во меѓувреме, еден пациент од Гвинеја починал.

Системите што постојат во Гвинеја и соседните земји за борба против неодамнешните епидемии на ебола, повторно се преземаат како одговор на Марбург вирусот.

Во Африка, епидемии и повремени зарази се пријавени во Ангола, Демократска Република Конго, Кенија, Јужна Африка и Уганда, соопшти СЗО.

Повеќе од 200 луѓе починале од појавата на вирусот Марбург во Ангола во 2005 година, пишува Би -Би -Си.

Вицепремиерот Фетаи со „идеални пријатели од АА“ на гости кај Курти во Приштина

Дали и вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, ќе го следи примерот на Азири, се уште е без официјална потврда.

Вицепремиерот Фетаи со „идеални пријатели од АА“ на гости кај Курти во Приштина

Тој на фејсбук индиректно најави такво нешто, објавувајќи фотографии од средбата со косовскиот премиер, Албин Курти во Приштина, на која присуствува и Азири.

Во зората на овој ден, заедно со некои идеални пријатели од Алијансата за Албанците, тргнавме по патот кон Приштина, поминувајќи го автопатот „Арбен Џафери“, пат кој за нас не е само инфраструктура, туку симбол на нашата духовна и национална врска, напиша на фејсбук Фетаи, за кого се погласно се шпекулира дека ќе го напушти Таравараи и ќе остане во владата.

Ердоган: Состанокот Украина-Русија во Истанбул исклучително важен за ставање крај на војната

Првите директни мировни разговори меѓу Русија и Украина од пролетта 2022 година, одржани во Истанбул, беа „исклучително важни“ за напредок кон ставање крај на војната, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган: Состанокот Украина-Русија во Истанбул исклучително важен за ставање крај на војната

Тој на новинарите во авионот со кој се враќаше од самитот на Европската политичка заедница во Тирана, им рече дека „состанокот на делегациите на двете држави (Русија и Украина) во Истанбул е исклучително важен за завршување на војната … и воспоставување мир“.

Првите мировни преговори меѓу делегациите на Украина и Русија од пролетта 2022 година се одржаа вчера во Истанбул со посредство на Турција.

Русија преку својот преговарач Владимир Медински соопшти дека е „задоволна“ од исходот на преговорите одржани во Истанбул и оти е „подготвена да ги продолжи контактите“.

Во преговорите кои траеја малку помалку од два часа, Русија и Украина се договорија да разменат по 1.000 воени заробеници, што е најголема размена досега, а исто така се договорија да разменат детални предлози за прекин на огнот.

Украина побара средба на шефовите на држави Владимир Путин и Володимир Зеленски, а Медински рече дека Русија ќе го разгледа тоа, и додаде дека Русија е подготвена да ги продолжи разговорите.

Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра

Тетовец пријавил дека без негова согласност изгубил станови во Тетово и Охрид, откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра

Педесет и деветгодишникот синоќа во 19 часот пријавил дека од В.К., на возраст од 46 години, во присуство на С.С., 47-годишно лице, двајцата од Тетово, во текот на 2014 година зел парични средства со камата во износ од 25.000 евра.

- Според пријавеното, после тоа, во текот на изминатите години, сѐ до пријавувањето, за подмирување на камати и долгот, вкупно им исплатил повеќе од 150.000 евра, односно без негова согласност му биле продадени два стана - еден во Тетово и еден во Охрид, а кои ги ставил како гаранција со нотарски акт за долгот, појаснуваат од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

притисни ентер