Во Грузија конфискувани околу 300 килограми хероин наменет за Европа - Канал 5

Во Грузија конфискувани околу 300 килограми хероин наменет за Европа

Грузиската полиција откри и заплени приближно 300 килограми хероин. Дрогата е откриена во камион што превезувал огноотпорни тули, што пристигнал од Ерменија.

Во Грузија конфискувани околу 300 килограми хероин наменет за Европа

Тоа е најголемо запленето количество наркотици во Грузија во изминатата деценија. Во операцијата уапсен е еден Грузиец.

Камионот преку црноморското пристаниште Батуми требал да продолжи за Европа.

Вредноста на запленетиот хероин се проценува на 85 милиони лари (околу 27 милиони евра).

Во 2014 година запленети се 2,79 тони течен хероин во вредност од околу 400 милиони долари. Според грузиските властите, дрогата припаѓала на талибанците и била наменета за европскиот наркопазар.

Грузија е една од маршрутите за шверц на дрога од Авганистан до Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп објави „енергетски“ прекин на огнот меѓу Русија и Украина, Москва не го потврди постигнувањето на договорот

Американскиот претседател Доналд Трамп објави енергетски прекин на огнот меѓу Русија и Украина, кој, според него, стапува на сила веднаш.

Трамп објави „енергетски“ прекин на огнот меѓу Русија и Украина, Москва не го потврди постигнувањето на договорот

Украинскиот претседател Зеленски побара дополнителни детали, но порача дека Украина го поддржува договорот.Сепак, тој соопшти дека руските сили нападнале повеќе украински електрани, вклучувајќи објекти во Киев и во Харков.

Нападите предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Москва засега не го потврди постигнувањето на договорот. Русија од почетокот на инвазијата систематски ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура.

Киев, пак, возвраќа со напади врз руските рафинерии за нафта. Прекинот на огнот доби поддршка од Велика Британија, Франција, Канада и Европската комисија.

Во меѓувреме, европските сојузници го критикуваа привременото олеснување на американските санкции за рускиот дизел.

Зеленски го оцени потегот како слаба одлука, предупредувајќи дека може да ја охрабри Москва.Тој изјави дека Украина е подготвена да организира избори доколку Русија прифати 60-дневен целосен прекин на огнот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешки навреди кон новинарот Видиновски –Осудени лица, партиски членови и пробугарски профили во вербален напад! (ФОТО)

„Политички гамад“, „Српска геноцидна фашистичка стапица“, „Уништувач на патриотизмот“ – ова се дел од навредите и клеветите кои вчера, најверојатно синхронизирано, ги објавија и споделуваа повеќе фејсбук-профили.

Тешки навреди кон новинарот Видиновски –Осудени лица, партиски членови и пробугарски профили во вербален напад! (ФОТО)

„Политички гамад“, „Српска геноцидна фашистичка стапица“, „Уништувач на патриотизмот“ – ова се дел од навредите и клеветите кои вчера, најверојатно синхронизирано, ги објавија и споделуваа повеќе фејсбук-профили на луѓе кои се членови на помали политички партии, дел се осудени лица, а дел се пробугарски профили кои редовно пласираат антимакедонска содржина.

Сите овие споделуваа текст од извесен Блаже Аризанов, активист во партијата „Македонски концепт“, кој, поради негативните коментари кон него и поддршката за Видиновски, го ограничи пристапот до својата објава.

Во исчекување на реакции од новинарските здруженија, според информациите, ќе се поведе и правна постапка против сите оние кои го навредуваат новинарот и уредник на Канал 5 Телевизија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад

Едно лице загина, а 11 се повредени во нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, Саудиска Арабија., пренесува Би-Би-Си.

Видео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад

Загинатиот е државјанин на Пакистан, соопштија саудиските власти.

Проектил погодил една од патничките сали, по што избувнал пожар.одговорноста за нападите ја презедоа јеменските Хути.Тие соопштија дека користеле ракети и беспилотни летала.

Хутите тврдат дека нападнале и нафтени постројки и аеродромот во Дамам.Во претходниот напад врз аеродромот во Ријад загинаа 13 лица, а 308 беа повредени.

Саудиската коалиција најави одговор на нападите. Трамп најави брза одлука за можни воени дејствија против Хутите. И Велика Британија најави можност за дополнителна поддршка на Саудиска Арабија.

Македонската амбасада упати апел до македонските државјани во Саудиска Арабија да ги следат безбедносните препораки и да постапуваат според упатствата на локалните власти, дежурен телефон. +971 56 441 7532.Поради влошената безбедносна состојба, се препорачува избегнување патувања во ризичните области.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер