Во Грција регистриран првиот случај на вирусот Западен Нил за оваа година - Канал 5

Во Грција регистриран првиот случај на вирусот Западен Нил за оваа година

Од ЕОДИ потсетуваат дека вирусот се пренесува главно со каснување од заразени комарци, кои се инфицираат од заразени птици. 

Во Грција регистриран првиот случај на вирусот Западен Нил за оваа година

Првиот случај на заразниот западнонилски вирус за 2023 година во Грција е регистриран во северниот дел на земјата, односно во општина Серес, соопштија од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Од ЕОДИ потсетуваат дека вирусот се пренесува главно со каснување од заразени комарци, кои се инфицираат од заразени птици.

Објаснуваат дека поголемиот дел од луѓето заразени со вирусот воопшто не се разболуваат или имаат само благи симптоми, додека пак многу малку дел, помалку од еден отсто од заразените развиваат тешка болест која влијае на нервниот систем.

Западнонилксиот вирус во Грција бил регистриран во периодот од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до 2022 година.

Најголем број случаи биле регистрирани во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, во Грција биле регистрирани 286 случаи, а од вирусот починале 33 лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: Честит 8 Септември

Денот на независноста е еден од најзначајните датуми во историјата на нашата земја. 

Гаши: Честит 8 Септември

35 години живот на една држава не се многу, но се доволни за да разбереме дека државноста не се постигнува само со еден политички акт, со референдум или само со прогласувањето на независноста. Државата е нешто што се гради секој ден – со функционални институции, со еднакво право за сите, со одговорност, со работа, со образование, со економски развој и, пред сè, со луѓе кои веруваат дека нивната лична иднина е поврзана со заедничката иднина на државата.

Оваа годишнина треба да ја гледаме со верба и оптимизам, преку она што сме го изградиле, но и преку она што останува да го направиме.

Нашата Република е дом на граѓани со различна етничка, јазична, верска и културна припадност. Оваа разновидност не треба да биде извор на поделби, туку наша заедничка сила. Во темелите на нашата држава секогаш треба да стојат еднаквоста и чувството дека секој граѓанин има свое рамноправно место во државата.

Наша заедничка должност е да градиме држава во која институциите им служат на граѓаните, во која законите се применуваат еднакво за сите, во која корупцијата не се толерира и во која европската перспектива е заедничка цел.

На овој посебен ден, посакувам нашата држава да биде место во кое никој нема да се чувствува како странец, во кое разликите се можност за успех, во кое институциите се посилни од тесните интереси и во кое секој млад човек може со убедување да каже: „Тука е моето место и тука ја гледам мојата иднина.“

Со верба во граѓаните, со одговорност кон државата и со заедничка работа, да ја градиме државата што сакаме да им ја оставиме на идните генерации.

Честит 8 Септември – 35-годишнината од независноста на Македонија!

Африм Гаши

Претседател на Собранието на Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Честитка од претседателот на Уставниот суд, Костадиновски по повод 8 Септември -Денот на независноста

По повод 8 Септември - Денот на независноста, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот, упатува честитка до сите граѓани. 

Честитка од претседателот на Уставниот суд, Костадиновски по повод 8 Септември -Денот на независноста

Почитувани сограѓани,

Независноста е избор направен во еден историски момент, тоа е нашата колективна гордост. 8 Септември е симбол за истрајноста и потсетник за сите генерации, посветено да придонесуваме за иднината на Републиката.

Љубовта кон татковината не се изразува само со почит кон минатото, туку и со одговорност кон сегашноста, преку почитување на Уставот, силни институции и доследно владеење на правото.

Денес, највисок чин на патриотизам е бескомпромисната посветеност на правната држава и на принципот дека правото мора да важи подеднакво за сите.

Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина првоборецот Илија Дуновски, член на Првата македонска ударна бригада

Денеска во Охрид почина македонскиот првоборец Илија Дуновски, учесник во Народноослободителната и антифашистичка борба од 1941 година. 

Почина првоборецот Илија Дуновски, член на Првата македонска ударна бригада

Дуновски, кој е роден во 1924 година во Охрид, е носител на Партизанска споменица 1941 и еден од основачите и членови на Првата македонска ударна бригада - формирана за ослободување на Македонија. Дел е и од 15-от Македонски корпус како учесник на Сремскиот фронт за конечно ослободување од фашистичкиот окупатор. На тој начин силно се втемелува во изградбата на современата македонска држава.

Токму за својата храброст за време на Втората светска војна е добитник на бројни воени и општествени одликувања и признанија, меѓу кои и Орденот за храброст од поранешна СФРЈ.

По повод државниот празник Илинден, пак, на 2 август 2022 година, Дуновски беше одликуван и со највисокото државно признание - Медал за храброст од страна на тогашниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски. Признанието му беше доделено за неговата пожртвуваност и животна посветеност на високите цели на заедницата, како и за неговиот целокупен влог во слободата на македонскиот народ.

Ќе остане запаметен по неговата секогаш препознатлива девиза: „Војната, како и сите животни битки, не се добиваат со оружје, туку со срце“.

Погребот на Илија Дуновски ќе биде утре (9 септември) од 13 часот на Градските гробишта во неговиот роден Охрид, соопштува семејството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер