Петрушевски: Филипче не може ни да заличи на сериозна опозиција, очигледно специјалност му се само ексклузивните одмори
1Петрушевски: Филипче не може ни да заличи на сериозна опозиција, очигледно специјалност му се само ексклузивните одмори
3Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула
Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!
1Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!
БалканВо Грција разбиена меѓународна криминална група за убиствата на тројца Црногорци и еден Србин Во Грција разбиена меѓународна криминална група за убиствата на тројца Црногорци и еден Србин во 2020 година.Зад двете двојни убиства во Грција во 2020 година, едно во близина на Атина, со жртви двајца Црногорци, а другото на островот Крф, кога беа убиени уште еден Црногорец и еден Србин, стои меѓународната криминална организација, што ја разби грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина. На прес конференција, директорот на Управата за безбедност на Атика, Фотиос Дуицис и портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду, соопштија детали за двата случаи, за кои се идентификувани вкупно 39 лица како физички и морални сторители и соучесници, од нив седуммина се уапсени во Србија, двајца во Шпанија, еден во Грција, а 17 се веќе во затвори во Европа, Србија, Црна Гора и Турција. Убиствата во Грција пред четири години биле пресметки и расчистување сметки меѓу криминални групи, а четворицата убиени, државјани на Црна Гора и Србија, биле дел од криминална организација, со седиште во Црна Гора, што се занимавала со трговија со дрога низ целиот свет, а се барале со меѓународни потерници. -Во 2014 година конкретната криминална организација се подели на две одвоени и сега веќе ривалски организации кога изгубија 200 килограми кокаин во Шпанија. Ова доведе четворицата жртви да избегаат во нашата земја за да се заштитат од ривалската организација, а користејќи фалсификувани лични податоци престојуваа во областа Атика, најмалку од 2019 година. Организацијата, непријателска кон жртвите се спои со уште две моќни организации од Западен Балкан постепено испраќајќи луѓе во нашата земја за да ги лоцираат жртвите и да ги извршат убиствата, објасни директорот на Управата за безбедност на Атика. Додаде дека „војната меѓу двете организации доведе до извршување на најмалку 60 убиства низ Европа“, а за истрагата, на иницијатива на Грција бил формиран Заеднички истражен тим со српските власти и тим на Европол, со кодно име „Итака“. Портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду објасни дека членовите на криминалната организација имале различни улоги, едните требало да ги пронајдат и да ги следат жртвите, да изнајмат куќи, возила, да набават оружје, а други имале улогата на ликвидатори и ги извршувале убиствата. -Показател за професионалната структура и начинот на дејствување беше леснотијата во пронаоѓањето и пренесување на оружје, муниција и опрема и големиот износ на пари. Карактеристично е што за случајот „Вари“ бил побаран износ од два милиони евра. Покрај тоа, пример за решителноста на организацијата е дека, занемарувајќи ги колатералните загуби, влегле во голем трговски центар во Атина, каде што ги лоцирале нивните цели за да пукаат врз нив, но не го сториле тоа поради тоа што задоцнило оружјето, истакна Димоглиду. Дополнително потсети на двете двојни убиства од 2020 година, едното во јануари кога четворица маскирани напаѓачи влегле во ресторан во населбата Вари, во областа Атика и пукале и смртно ги раниле двајцата државјани на Црна Гора, додека ручале со семејствата и едно лице беше повредено Второто убиство беше на 23 јули 2020 година двајца државјани на Црна Гора и Србија, беа пронајдени мртви во возило во дворот на куќа на островот Крф.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЖивотТаа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!Во свет кој се менува со неверојатна брзина, приказната за Џон (101) и Џери (100) Керол од Тенеси е прекрасен потсетник за значењето на љубовта, верноста и семејството.Тие неодамна одбележале неверојатен јубилеј – 80 години заеднички живот! И покрај нивната возраст, и понатаму живеат активно и со ведар дух. Секој петок наутро, без исклучок, Џон и Џери одат на доручек со пријателите во локален ресторан. Оваа традиција ја одржуваат веќе половина век. Џон, кој е ветеран од Втората светска војна, за својата виталност се грижи и со редовни утрински вежби. А кога станува збор за тајната на нивниот долг и успешен брак, неговиот совет е едноставен: „Почитувајте ја сопругата, помагајте ѝ и трудете се!“ Големо семејство Во текот на осум децении заеднички живот, Џон и Џери добиле три деца, седум внуци, 21 правнук и едно чукунвнукче. Нивната приказна покажува дека понекогаш токму малите секојдневни навики, меѓусебната почит, поддршката и времето поминато заедно се најголемата тајна на долготрајната љубов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Ријана ги покажа децата, ги одведе на своето посебно местоСветската музичка ѕвезда Ријана живее во нејзиниот роден крај, Барбадос, и ужива во одморот со своите три деца, што го покажа и на фотографиите што ги објави. Таа позира со своите синови и ќерката, која се роди пред единаесет месеци, а се фотографираа на улицата „Вестбери Њу Роуд“, која во нејзина чест од 2017 година го носи името „Ријана Драјв“. Мегапопуларната Рири на своите деца им покажала каде израснала, а познато е и дека уште од почетокот на кариерата ја нарекуваат „убавицата од Барбадос“, па затоа е јасно дека ова за неа било многу емотивен момент. „Во еден момент се чувствувам како она дете од Вестбери, а во следниот – ги носам сопствените деца на улицата на Ријана. Неверојатно е како функционира животот!“, напиша Ријана покрај фотографиите на Инстаграм. Претходно овој месец, таа го прослави третиот роденден на својот син Раџот со раскошна забава на тема „Спајдермен“, а списанието „Пипл“ (People) објави дека прославата се одржала во нејзиниот дом на Барбадос. Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одморЕден од најдобрите светски тенисери во историјата, сланвиот швајцарски тенисер Роџер Федерер ужива во заслужената пензија.Годинава, швајцарската ѕвезда го избра хрватската крајбрежје за летен одмор со семејството – дестинација што му ја препорачаа неговиот поранешен тренер и близок пријател, Иван Љубичиќ. Судејќи според фотографиите што ги сподели со своите повеќе од 15 милиони следбеници на Инстаграм, поранешниот светски рекет број еден престојува во Истра, поточно во областа на Пула и Ровињ. Швајцарскиот ас објави фотографии од крајбрежјето во Ровињ, од прошетките и пливањето во Јадранското Море, а се пофали и со интересните сувенири и магнети што ги пронашол таму. – Сакам времето за одмор да го поминувам со семејството – напиша Федерер покрај објавените фотографии. Покрај крстарењето со луксузен брод, Швајцарецот покажа дека во слободното време ужива и во едноставни активности, како што е возењето велосипед. Неговото пристигнување на хрватското крајбрежје привлече големо внимание во регионот, а на социјалните мрежи уследија бројни позитивни реакции и пораки за добредојде од локалното население и од фановите.Тагови: Роџер Федерер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter