Муцунски во Доха: Потврдена заедничката определба за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу Македонија и Катар
1Муцунски во Доха: Потврдена заедничката определба за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу Македонија и Катар
Најбизарни скандал на Светското првенство: Фудбалер кај медиумите го „цинкарел“ селекторот за влијание во почетниот состав
1Најбизарни скандал на Светското првенство: Фудбалер кај медиумите го „цинкарел“ селекторот за влијание во почетниот состав
ЗдравјеВо Грција потврдени вкупно 140 случаи и 17 починати од вирусот Западен НилВо изминатата седмица биле регистрирани 16 нови случаи додека пак починале две лица. Во текот на летото, односно од почетокот на сезоната заклучно со вчера во Грција биле потврдени вкупно 140 случаи на вирусот Западен Нил, додека починаа 17 лица, на возраст меѓу 61 и 92 години, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Согласно неделниот извештај, во изминатата седмица биле регистрирани 16 нови случаи додека пак починале две лица. Дополнително, во изминатиот период постојат и четири увезени случаи, три од Албанија и еден од Австрија, односно инфекција кај пациенти изложени во друга земја, кои не се опфатени во анализите на ЕОДИ. Вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, присутен е речиси во цела Грција, со потврдени случаи во северниот, североисточниот, западниот и централниот дел на земјата, во Епир и Јонските острови, на Пелопонез, како и во областа Атика, поширокиот регион на Атина. Вирусот во земјата беше присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес. Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51. Лани, во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица. Првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил во Грција беше регистриран на почетокот на јули./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски во Доха: Потврдена заедничката определба за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу Македонија и КатарВо рамки на посетата, министерот Муцунски оствари и средба со државниот министер за надворешни работи, Султан бин Саад Ал-Мураичи.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на дводневната посета на Државата Катар, денеска оствари средба со претседателот на Владата и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани. Во разговорите со претседателот на Владата беше потврдено одличното ниво на билатералните односи и беше реафирмирана заедничката определба за нивно понатамошно унапредување. Посебен акцент беше ставен на продлабочувањето на политичкиот дијалог, како и на економската и инвестициската соработка, како значајни сегменти од идните односи меѓу двете држави. Соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални и меѓународни прашања, со фокус на состојбите на Блискиот Исток, пошироката меѓународна безбедносна средина и можностите за поинтензивна соработка во рамки на мултилатералните организации. За време на средбата беше нагласено дека посетата ќе даде нов импулс на севкупната билатерална соработка и ќе отвори дополнителни можности за реализација на заеднички иницијативи. Во рамки на посетата, министерот Муцунски оствари и средба со државниот министер за надворешни работи, Султан бин Саад Ал-Мураичи. По средбата беа потпишани Договорот меѓу владите на двете земји за ослободување од визи за носителите на дипломатски, службени и специјални пасоши, Меморандумот за воспоставување политички консултации и Меморандумот за соработка во областа на дипломатската едукација. Со потпишувањето на овие документи беше поставена дополнителна институционална основа за натамошно унапредување на политичките односи и за зајакнување на соработката во областите од заемен интерес.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСостојбата со пожарите стабилизирана, активни пожари во општините Свети Николе и Старо НагоричаниСостојбата со активните пожари денеска е стабилизирана, меѓутоа во моментов има два активни пожари во општините Свети Николе и Старо Нагоричани, информира Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување – Стојанче Ангелов. Тој извести дека вчерашниот пожар во Штип е целосно изгаснат а оној во шумскиот предел во близина на Македонски Брод е ставен под контрола. Пожарот што вчера беснееше на периферијата на Солун во местноста Ореокастро е локализиран и засега нема активни пожари во оваа област со исклучок на запалената фабрика за рециклирање и околните помали површини, пренесуваат грчките медиуми. Борбата да се контролира пожарот траеше цела ноќ а дел од локалното население беше евакуирано. Осомничен за пожарот е 76-годишен маж кој според првичните информации преку опасно однесување со своето возило веројатно предизвикал искри што довеле до пожарот. Огнени јазици во ниска вегетација вчера попладне пламнаа и во близина на туристичкото место Неа Каликратија на Халкидики, каде пожарот веќе е локализиран, информираат грчките медиуми. Тагови: пожари стојанче ангелов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од поразОбидите за доближување на ставовите за Изборните законик продолжуваат и утре.Обидите за доближување на ставовите за Изборните законик продолжуваат и утре, но премиерот Мицкоски вели дека по вчерашнате разговорите помеѓу пратеничките групи на кои опозициските партии настапиле со радикализирани позиции, не е оптимист за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение. На вчерашната средба ВМРО-ДПМНЕ понуди наместо по електронски пат гласањето од дијапората да се одвива преку пошта, но дел од опозциските партии побарале одлуката за тоа да се носи со консензус во ДИК. За Мицкоски тоа е неприфатливо бидејќи во Македонија нема еднопартиски систем, туку демократија. Се останато вели дека е прифатливо за нив. „Еве јавно кажуваме и една изборна единица и поголем буџет за тие партии коишто не се во оние четири, нека има нека се рекламираат ако им дошло до парите, еве нека биде и тоа. Само да го помнеме изборниот законик, но очигледно е дека кај тие политички партии свесни за поразот на следните избори постои страв и се обидуваат да го бојкотираат, за да не испорачаме 10 од 10 индикатори од реформската агенда. Во ред 9 од 10 ќе испорачаме, еден помалку тоа е Изборниот законик. Ние не сакаме тоа да го туркаме преку европско знаменце и сето тоа да биде некако изнасилено. Мислевме дека имаме работа со зрели и одговорни луѓе коишто се грижат за иднината на земјата, но очигледно партиските и финаниските интреси им се пред се и над се“– Христијан Мицкоски, преседател на влада. Од СДСМ пак велат дека предлогот македонските иселеници да гласаат по пошта е неприфатлив за нив и сметаат дека отвора сомнеж за изборни злоупотреби во дијаспората. Бараат решение за начинот на кој ќе гласа дијапората да се изјаде во рамки на ДИК. - Замената на електронското гласање, без никаква контрола, со писма по пошта, без притоа ДИК да има можност да го регулира со консензус, не е гарант за безбесност и контрола на слободно изразување волја на граѓаните туку нова можност за изборни манипулации и нерегуларности. СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, ние имаме обврска да го заштитиме гласањето и овие игри на ВМРО не ги прифаќаме. Власта треба да се откаже од овие намери, да се повлече и да се достави предлог ДИК со консенсуз да може да го регулира гласањето на дијаспората, велат од СДСМ за Канал 5. Од опзициската ДУИ доправа ќе носат одлука, од Левица најавуваат дека утре ќе го соопштат конечниот став по однос на гласањето на дијаспората со писма преку пошта. Од Алијасата на Зијадин Села пак веќе посочија дека предлогот е прифатлив за нив, но бараат освен на претседателски дијапората по пошта да може да гласа и на локалани избори. За измените на Изборниот законик кој се дел од реформската агенда СДСМ и Левица поднесоа над 13 илјади амандамни во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Собранието има уште десетина дена рок да го донесе новиот Изборен законик, односно до 15 Јули кога и официјално ќе се испрати извештајот за реформскиот напредок на државава до ЕК. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20